
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу. -Најновиот Извештај на ЕБОР ни дава јасна слика за тоа каде се наоѓаме на патот кон ...
Дигиталното евро – валута која нема да постои физички – полека, но сигурно, се приближува до своето остварување. Европската централна банка (ЕЦБ) веќе ги привршува подготовките, а Македонија внимателно следи. Според проценките, првите дигитални евра може да станат реалност до крајот на деценијава. Contents Според членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, очекувањата се дека до почетокот на следната година ќе бидат донесени сите потребни ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикатите. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува ...
По повод 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвениот крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност. Формиран на 17 март 1945 ...
Обединетото Кралство објави нов бран санкции против Русија, насочени кон воените, енергетските и финансиските сектори. Овие мерки се одговор на засилените руски напади со дронови врз украински градови, кои се сметаат за најголеми од почетокот на војната, објави Ројтерс. Санкциите опфаќаат 100 нови цели, вклучувајќи компании поврзани со производството на оружје, како и финансиски институции кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне постоечките ...
Кремљ ја оцени неодамнешната претседателска изборна постапка во Романија како „чудна“, особено по дисквалификацијата на прорускот кандидат Калин Георгеску, кој победи на поништениот изборен процес во 2024 година, објави Ројтерс. Георгеску беше отстранет од трката поради наводна недекларирана руска поддршка, што Кремљ го смета за политички мотивиран потег. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека кандидатот со најголеми шанси за победа ...
Русија подготвува летна офанзива во регионите Суми и Харков, сугеираат воени експерти. Додека украинските власти соопштија дека почнале со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми, според Институтот за проучување на војната (ИСВ) Русија нема вистинска намера да го замрзне конфликтот. ИСВ вели дека Русија користи лажни мировни иницијативи за да напредува на терен. Според напишаното, доколку Украина се согласи на прекин на огнот, Москва ...
Америка треба да истражи зошто порано не се знаеше за ракот на простата на поранешниот претседател Џо Бајден, изјави актулениот претседател Доналд Трамп на прес-конференција. Трамп рече дека е „изненаден“ што ова не било објавено порано и дека „не се стигнува до деветта фаза на рак преку ноќ“. – Мислам дека луѓето треба да се обидат да откријат што се случило. Ќе ви кажам нешто и не знам дали ова има врска со болницата. Волтер Рид е одлична. Има ...
Обединетите нации добија дозвола од Израел за влез на околу 100 итни хуманитарни камиони во Газа, поради растечката закана од глад меѓу 2,3 милиони жители, објави Ројтерс. Претходно, само 9 камиони беа одобрени, од кои 5 сè уште се под израелска контрола за последни проверки. Тие носат бебешка храна и нутритивни додатоци, неопходни за спасување на животите на децата со малнутриција. Службеници на ОН истакнуваат дека овие залихи се од критично ...
Во пожар што се случи ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола. Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил. Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Од полицијата потврдуваат дека се опожарени возилата, а ...
Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, требаше да соберат потписи од 1 отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната ...
На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со ...
По укинувањето на прагот од 1 отсто собрани потписи од вкупниот број на избирачи во изборната единица или во општината, сега не се знае колку потписи ќе треба да соберат независните кандидати и листи за парламентарните или за локалните избори. Уставниот суд денеска со мнозинска одлука ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна ...
Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 178.900 евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски. За сторителите, како што истакна Николовски, ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство, а за еден сторител ќе биде поднесена прекршочна пријава. – Станува збор за случаи во кои увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки – ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата внимателно ќе ги следи движењата на цените на прехранбените производи и ќе интервенира доколку се забележи „неконвенционално однесување“ од страна на трговците, снабдувачите или дистрибутерите. – Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Влада рековме дека трикови нема да толерираме – изјави ...
Европска Унија воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руската „флота во сенка“, хибридните закани и кон кршењето на човековите права. „ЕУ го одобри 17-от Пакет санкции против Русија, кој опфаќа речиси 200 бродови од „флотата во сенка“. Новите мерки се однесуваат и на хибридните закани и на кршењето на човековите права“, објави на социјалната платформа Икс високата претставничка на ЕУ за ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија нема да се покори на никакви ултиматуми од Европската унија, коментирајќи ги новите санкции на ЕУ против Москва. – Русија никогаш нема да се покори на никакви ултиматуми. Јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната – рече Захарова. Во своето обраќање, таа се осврна и на вчерашниот телефонски разговор помеѓу рускиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. – Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да ...
Министерот за здравство Арбен Таравари и двајцата заменик-министри од редовите на Алијанса за Албанците – Фљакрон Беџети и Елфете Исмаили – поднесоа оставки, кои денеска беа констатирани на седница на Собранието. Ниту Таравари, ниту неговите партиски колеги беа присутни за да дадат објаснување за повлекувањето од функциите. Истовремено, од партијата Вреди порачуваат дека овие оставки се однесуваат само на неколкумина индивидуалци и дека ...
Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче. На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува на сите херои што го поклониле својот ...
Хирурзи во Соединетите Американски Држави успешно ја извршија првата трансплантација на мочен меур кај луѓе, соопшти болница во Лос Анџелес каде што постапката беше извршена на почетокот на мај. Ова е прва трансплантација од ваков вид во светот, што би можела да биде пресвртница за пациенти со сериозни заболувања на мочниот меур. Процедурата била извршена кај 41-годишниот Оскар Лараинзар, кој бил на дијализа седум години. На таткото на четири ...
Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска вчера беше отворено второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол. „Овие Денови се задача, мисија и повик за преоткривање на светот на поезијата во ...
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка. „Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција ...
Проектното финансирање како модел за реализација на крупни проекти, каков што се применува во многу европски земји, ќе стане реалност и во Македонија, преку нов инвестициски циклус поддржан од Обединетото Кралство. Ова го истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 Степени“. – Во однос на новиот инвестициски циклус, станува збор за проектно финансирање, што значи дека конечно ќе постапуваме како ...
Рударските гиганти „BHP“ и „Lundin Mining“ го објавија своето најголемо откритие во последните 30 години: најголемиот резерват за злато, сребро и бронза во светот, кој се наоѓа во Сан Хуан, Аргентина. Аргентина го гледа рударството како главна појдовна точка за својот извоз, а ова откритие доведе до очекувања за големи трансфери на пари од експлоатација. Во 2024 година, Чиле, земја што ги дели Андите со Аргентина, извезе бакар во вредност од ...
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден се огласи на социјалните мрежи откако јавноста беше информирана дека му е дијагностициран агресивен рак на простата, кој веќе се проширил на неговите коски. „Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша Бајден на својот официјален профил, со што испрати силна лична порака до сите кои ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека доколку Русија не сака да се вклучи во преговори за прекин на војната во Украина, САД ќе мора да кажат дека тоа „не е нивна војна“. – Рускиот претседател Владимир Путин се чини дека не знае како да ја запре војната во Украина. Свесни сме дека постои одреден застој во преговорите за војната – рече тој. Британските медиуми пренесуваат дека Ванс за ова и серија дипломатски прашања денеска ...
Педесет и четиригодишен маж бил пронајден починат вчера попладне во куќа во Велес каде што привремено престојувал, потврдија денеска од СВР Велес. Случајот бил пријавен во 17:00 часот, по што екипа од полицијата извршила увид на местото на настанот. Од Итната медицинска помош констатирале смрт без видливи траги на насилство. „По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Б.Ќ (54) од Велес е предадено на обдукција за да се утврдат точните ...
Утрешниот ден ќе започне со сончево време и мала до умерена облачност, но попладне условите ќе се променат. Според најавите, на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Од УХРМ информираат дека ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 27 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – претпладне сончево со мала до умерена облачност, додека попладне, во ...
Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд. Според пресудата, во конкретниот случај Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно да ги разгледа сите предложени кандидати. Поради ...