Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети или инвеститорите ќе треба самите да го решаваат вишокот на производство кое не може да го ...

Израелската армија побара од жителите на Кан Јунис и околните места во јужна Газа веднаш да се евакуираат. Портпаролот на Израелските одбранбени сили ИДФ, Авичај Адраи, преку објава на арапски на социјалната мрежа Икс, ги повика луѓето од Кан Јунис, Бани Сухејла и Абасан да се повлечат кон запад, во областа Маваси. Тој најави „невиден напад“ насочен кон инфраструктурата на Хамас, нарекувајќи го Кан Јунис „опасна борбена зона“, јавува „Гардијан“. ...

Рускиот претседател Владимир Путин верува дека „има добри карти“ пред закажаниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за денеска, анализира Блумберг. Според медиумот, Путин не планира да направи никакви сериозни отстапки за време на разговорот, бидејќи е подготвен на долготрајна војна. Извор од врвот на руската влада за Блумберг вели дека Путин е уверен дека до крајот на 2025 година, руските вооружени сили ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави формирање на постојана проширена национална преговарачка група, која ќе работи на дипломатски напори за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир. „Се одржа специјален состанок посветен на нашите дипломатски напори. Мораме да го искористиме секој механизам за мир и да покажеме јасна посветеност“, напиша Зеленски на Фејсбук. Министерот за одбрана, Рустем Умеров, информирал за ...

Папата Лав XIV се појави на инаугуративната миса со златен крст со реликвии, каков досега не носел ниту еден негов претходник. На официјалната фотографија од Ватикан, која ќе се дели како подарок за верниците, Лав е полунасмеан и носи реликвија која му била подарена кога бил прогласен за кардинал. Крстот содржи реликвии од светци поврзани со августинскиот ред, на кој му припаѓа папата. Во средината е фрагмент од коска на Свети Августин, а над ...

Видеото од ракувањето меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон стана вирално. На видеото се гледа како турскиот претседател ја зграпчува десната рака на Макрон со левата рака, ја влече, а потоа го погали со десната рака. Потоа францускиот претседател со левата рака ја зграпчува десната рака на Ердоган одозгора. Потоа Ердоган со десната рака го зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на ...

Лидерот на едно од двете партиски крила на Алијанса за Албанците и доскорешен министер за здравство Арбен Таравари преку објава на социјалните мрежи ја коментираше видео-пораката на членот на Алијанса и вицепремиер, Арбен Фетаи, но и оставката на пратеникот Салим Сулејмани. Таравари, меѓу другото, пишува дека „патот до достоинството не поминува со напуштање на партијата за министерска позиција“. „Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата ...

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и од Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти, вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент ...

Уставниот суд не ја коментира преудата на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, извршен во Собранието во 2023 година, се вели во соопштението од Уставниот суд. „Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во дводневна работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, каде оствари повеќе важни средби со покраински претставници и бизнис-секторот. Муцунски се сретна со министерот за европски, меѓународни прашања и медиуми на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Разговорите, како што информираат од Министерството, биле ...

Од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна, рече денеска директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски на прес конференција. Во делот кон Албанија рече дека има расположение од двете земји, но се чека насоката од УНЕСКО за делот кај Охридското Езеро. – За Коридорот 10 даваме предност зашто може да има најголем економски ...

Полската Изборна комисија соопшти дека, по пребројувањето на сите гласови, градоначалникот на Варшава и кандидат на проевропската Граѓанска коалиција, Рафал Часковски, води по првиот круг од претседателските избори, објави Би-Би-Си. Contents Часковски освоил 31,36% од гласовите, додека неговиот противкандидат Карол Навроцки, историчар и кандидат поддржан од националистичката партија Право и правда, добил 29,54%. Во вториот круг, закажан за 1 ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време). – Во 17 часот (по московско време) ќе биде телефонскиот разговор со Трамп – посочи Дмитриј Песков. Трамп пред 2 дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина. „Темата на повикот ...

Врз основа на бројите што ги добивам очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМЕ на претстојните локални избори, а можно е СДСМ да не освои ниту една општина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при посета на Центарот за обука во затворот во Идризово. – Можеби онаку кадешто е конкурентен СДСМ се можни 2, 3, максимум до 4 општини, но, да бидам искрен, ако продолжат вака недоговорно да се однесуваат, може и да немаат освоено општина на локалните ...

Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, како што е Обединетото Кралство, толку подолгорочна ќе биде стабилноста и перспективата на Македонија како држава, но и на граѓаните. Јас на овој договор гледам како на чекор напред во таа насока. Убеден сум дека ваквиот вид пријателство и партнерство може да донесе само добри работи за граѓаните. Ова денеска го ...

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија сериозен акцент се става на инвестициите во инфраструктурата, потенцирајќи ги инвестициите во железничката инфраструктура, особено брзата пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија со што земјава ќе се бетонира како најдобриот, најбрзиот и најисплатливиот транзитен пат за товарен железнички сообраќај од грчките пристаништа до европските дестинации. Како што најави директорот на МЖ ...

Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот за здравствено осигурување. Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство. – Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во ...

Неодамнешната (денешна) изјава на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека СДСМ би можел да освои “2, 3, максимум до 4 општини” на претстојните локални избори, а доколку продолжат со “недоговорно однесување” можеби и ниедна, заслужува сериозна аналитичка проценка. Ваквите категорични најави од премиерската позиција отвораат прашања за реалистичноста на таквите предвидувања, политичката реторика и кредибилитетот на истражувањата ...

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти – исто така во добра состојба – во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за ...

Го пренесуваме во целост најновиот текст кој го објави на својот блог хрватската писателка Ведрана Рудан која последниве месеци се соочува со тешка болест. „Проклетство, каков давеж. Хемотерапија, имунотерапија, зрачење, болница, болница, болница… Потоа, се враќаш дома. Мачките грицкаат кекси, цвеќиња цветаат околу куќата, сопругот е во фотелјата, а на екранот некои кретени се борат за првото место. Ми се јавува другарка ми и плаче. Чекам да се ...

Се проценува дека повеќе од 60 милиони луѓе живеат со деменција, што резултира со над 1,5 милиони смртни случаи годишно и годишен трошок за глобалната здравствена економија од околу 1,3 трилиони американски долари. И покрај децениите научни истражувања и милијардите фунти инвестиции, деменцијата сè уште нема лек. Но, што е со старата изрека дека превенцијата е подобра од лекувањето? Дали е можно спречување на деменција? И ако е така, на која ...

Бронхијалната астма е хронична респираторна болест која ги засега милиони луѓе ширум светот. Проценките покажуваат дека 5-10% од светската популација живее со оваа состојба. Болеста се базира на перзистентно воспаление на дишните патишта, зголемена бронхијална чувствителност и повремени епизоди на отежнато дишење поради стеснување на дишните патишта. Астмата може да има алергиска или неалергиска основа, а симптомите варираат во зависност од ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел ќе ја преземе контролата врз целиот Појас Газа. Тие претходно најавија испорака на „основни прехранбени залихи“ во Газа за време на копнената офанзива. Израел ќе ја преземе контролата врз целиот Појас Газа, објави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Борбите се интензивни и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целиот Појас Газа“, рече Нетанјаху во видео објавено на ...

Европската унија и Велика Британија постигнаа прелиминарен договор за одбрана и безбедност, рибарство и мобилност на младите пред европско-британскиот самит во понеделник, отворајќи го патот за учество на британските компании во големи европски договори за одбрана, соопштија претставници на ЕУ. Претставниците на европските влади во Брисел добија текст со заедничките позиции на Велика Британија и ЕУ, а документот сега треба да биде одобрен од ...

Судскиот совет треба да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, вели министерот за правда, Игор Филков. Тој не сакаше да ја коментира пресудата. – Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт. Надлежност за извршување на пресудата од Управниот суд има Собраноето, односно, во ...

Деновиве ќе има предлог кандидат за гувернер, нема несогласувања со претседателката на државата околу ова прашање, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тренинг центарот во Идризово. – Добив информација од претседателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот во рамките на Собранието. Знам дека претседателката имаше одредени консултации во текот на викендот. Претпоставувам дека ...

Приватизацијата на општествениот капитал во Македонија остави зад себе бројни контроверзи и прашања, но малку случаи се толку симптоматични како оној на „Охрид Турист” АД Охрид. Некогашниот туристички гигант, претходно познат како „Утро” Охрид, претставуваше икона на охридскиот туризам и сопственик на околу 70% од туристичките капацитети на брегот на Охридското Езеро. Промена на сопственоста под сомнителни околности Во еден момент, низ ...

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци почна со реализација на проектот „Паметен соларен пчеларник“ чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство на нови иновативни производи врз база на пчелни трутови во услови на климатски промени. Како дел од проектот, а во рамки на пчеларство „Данев“ поставена е пилот пчеларска фарма во околината на Зрновци, на која ќе се прават теренски обуки на ...

Грција, Франција и Шпанија подготвија заеднички документ за расправа на јунскиот Совет на ЕУ, со кој се бара од Европската комисија да утврди минимална старост за пристап до социјалните медиуми на ниво на ЕУ и да воведе систем за проверка на возраста при пристапување до онлајн мрежите. Во документот подготвен од министрите задолжени за дигитални технологии на Грција, Франција и Шпанија се оценува дека „лошо дизајнираните дигитални производи и ...

Минатата сабота, полициските службеници од Брежице се справија со несреќата. Пијан возач се упатил кон канал поради пребрзо возење, а потоа заспал. Го разбудила само полицијата. Полициските службеници од полициската станица Брежице биле известени за сообраќајна несреќа во Глогови Брод минатата сабота кратко по 7 часот наутро. Тие извршиле увид, собрале извештаи и утврдиле дека возачот на автомобилот „Форд“ ја изгубил контролата врз возилото ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.47
69%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
84%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.0
57%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
6.71
60%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
56%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60