
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење. Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Апликацијата TrashPinger, креирана од средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, прва за пријавување диви депонии, достапна на Play Store. – Со ова, нашиот ангажман во програмата UPSHIFT што ја реализираше здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и ...
Скопје/Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. На огласите се очекува да се пријават кандидатите од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, на кои вчера им беа доделени уверенија за успешно помината почетна обука. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Тоа се тортите и колачите за кои зборува цел град… Од „Мама Љубинка“ нудат СУПЕР акција за Денот на вљубените: Направено е со љубов, подарете со љубов! – Совршен подарок за оние кои ви значат за Денот на вљубените. Највкусните „Мама Љубинка“ торти, сега по супер рекламни цени, изработени во форма на срце. Највкусната чоколадна торта можете да ја купите по цена од 1.000 денари, а нашиот познат cheesecake за ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и ДПМНЕ не го исполнија тоа што го ветија како топ проекти во предизборната програма со којашто ја освоија локалната власт во Охрид, стои во реакцијата од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид. – Имено, Пецаков предизборно на oхриѓани им вети дигитализација на Општината, но и покрај ваквите ветувања граѓаните немаат транспарентен пристап за следење на секој ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Жанко ЗШ Голабоски од екипата на Супер радио, како и многу пати досега, самоиницијативно во хумана мисија, повторно даруваше крв. – „Охриде не бери гајле“ и Супер радио на секои три месеци самоиницијативно организираат крводарителска акција. Одзивот и овојпат одличен. Благодарност до медицинскиот персонал од Одделението за трансфузиологија за љубезноста и професионалноста, вели Голабоски. Тој потсетува дека ...
Охрид/Белград, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет боксери ќе ги бранат боите на Република Македонија на големиот 62. Меѓународен боксерски турнир „Белградски победник“, кој ќе се одржи до 10-ти февруари во Белград, Република Србија. За нашата репрезентација ќе настапат следните боксери во следните возрасни и тежински категории. 57 кг Стефан Петрушевски од БК „Аперкат“ од Скопје, 57 кг Ален Рустемовски од БК „Пелистерски јунак“ од Битола, 60 кг ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на повеќе локации во градот на Григор Прличев кои го носат неговото име. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, во рамките на „Прличевите беседи“, со традиционалната „Прличева визита“, денеска, од 13.00 часот ќе се одбележи 132 годишнината од смртта на патронот Григор Прличев. Оваа година минува во знакот на уште два други датуми 195 годишнината од раѓањето на Прличев и 160 годишнината од изборот на поемата „Сердарот“ за најдобра на конкурсот во Атина. По ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобна Ксенија. Родена е во Рим како ќерка-единица на познат сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележуваат 132 години од смртта на Григор Прличев. Еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век, Григор Прличев е роден во Охрид, според едни записи во 1830, а според други во 1831 година. Делата на преродбеникот и литерат, охридскиот и македонски великан, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата ...
Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени. – Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава ...
Истанбул/Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор, од 5-ти до 7-ми февруари 2025 година ги претставува македонските туристички потенцијали на Интернационалниот туристички саем „EMITT“ во Истанбул, Турција. – Македонскиот штанд привлекува огромен број на посетители, а беше остварена средба и со Фируз Багликаја, претседател на ТУРСАБ – Асоцијација на туристички ...
Скопје/Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа „Охридско лето“, за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12-ти јули до 20-ти август, од Министерството за култура и туризам на Република Македонија доби 31 милиони денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. – ...
Скопје/Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 година, општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27-ми до 31-ви јануари 2025 година. Во Охрид, акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување на издувните гасови од ...
Скопје/Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија, во петок, на 21-ви февруари 2025 година ќе се отвори традиционалниот Саем за Венчавки „Wedding Expo25“. Ова ќе биде 13-то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 21-ви февруари во 18:00 часот. а ќе трае до недела, 23-ти февруари, до ...
Скопје, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела ќе биде објавен вториот повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти. На располагање на општините ќе им бидат ставени 15 милијарди денари, а одобрените средства од централниот буџет не мора да бидат потрошени во тековната фискална година. – Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа старата фотографија направена пред многу години на која се гледаат едрилици во водите на Охридското Езеро пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и ...
Софија, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2024 година, скоро 1 700 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, продолжувајќи го трендот на барање подобри услови за живот во Европската унија. Ова го потврдува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, објавен од бугарското радио БНР, кое се повикува на податоци од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова. Според извештајот, во текот на минатата ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден има измени во возниот ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид. – Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, среда, 5-ти февруари општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2025 година. Под мотото „Секоја капка е важна“, денес во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид се одржува крводарителска акција. – Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, потенцираат од ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“ и кај охридското „Островче“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со отворањето на Референтниот Центар на „Жан Митрев“ клиниката во Охрид, пациентите во Охрид и регионот добија канцеларија за здравствена психоедукација со презентации, информации, споделувања искуства поврзани со здравствената сигурност и состојба. Станува збор за место за градење и негување на превенцијата од разни состојби кои може да го загрозат здравјето, но и поддршка за пациентите кои минуват низ ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни содржини се предвидени на годинешната традиционална манифестација Прличеви беседи, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев. Денеска од 11:45 часот, во изложбениот салон ќе биде отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“, додека од 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети свештеномаченик Климент, епископ Анкирски. Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има ...
Охрид, 5. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...