Охрид/Белград, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет боксери ќе ги бранат боите на Република Македонија на големиот 62. Меѓународен боксерски турнир „Белградски победник“, кој ќе се одржи до 10-ти февруари во Белград, Република Србија. – За нашата репрезентација ќе настапат следните боксери во следните возрасни и тежински категории. 57 кг Стефан Петрушевски од БК „Аперкат“ од Скопје, 57 кг Ален Рустемовски од БК „Пелистерски јунак“ од Битола, 60 кг ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонија 2025 со задоволство ве информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 13-ти до 17-ти јули 2025 година во Охрид. Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид, во детските градинки „Росица“ во населбата „Лескајца“ и централната детска градинка „Јасна Ристеска“, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец“. – Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 63 и 52 години од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – На катастарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно-техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – После 15 години целосно обновен хируршкиот инструментариум во ЈЗУ Општа болница Охрид. – Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари обезбедени се околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, во рамките на „Прличевите беседи“, со традиционалната „Прличева визита“, во четврток, на 6-ти февруари 2025 година, од 13.00 часот ќе се одбележи 132 годишнината од смртта на патронот Григор Прличев. Оваа година минува во знакот на уште два други датуми 195 годишнината од раѓањето на Прличев и 160 годишнината од изборот на поемата „Сердарот“ за ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба. – Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето ...

Скопје/Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 27-ми јануари до 2-ри февруари 2025 година, регистрирани сe 6 нови позитивни случаи на Covid-19, за 16 случаи помалку во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – Во тековната недела, регистрирани се 5 заболени лица од Скопје и еден во Охрид. Регистрирано е едно оздравенолице. Во текот на минатата недела не се регистрирани ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај пешачката патека и плажата „Куба Либре“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2025 година. Под мотото „Секоја капка е важна“, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција. – Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, потенцираат од ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на утрешниот ден ќе има измени во возниот ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид. – Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, среда, 5-ти февруари општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни содржини се предвидени на годинашната традиционална манифестација Прличеви беседи, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев. Утре од 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Несомнено е дека македонскиот мулти-инструменталист и пејач ги користи своите раскошни таленти до максимум. „Let Us Be“ е ода на радоста во 8 дела, стои во рецензијата на престижната германска музичка страна Sonic Soul за новиот албум на нашиот Владимир Четкар. Најголемата Американска музичка страна за соул музика, Soul Tracks, која е задолжителна станица за сите обожаватели на Соул музиката во светот, во ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид денеска ќе се одржи Работната средба „Учи паметно работи стручно“. – Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работат на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите. Компаниите и нивните потреби од стручен ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Јустинијана (Јанка) Каневчева била тајна вереница на Гоце Делчев, жената која тој неизмерно ја сакал. Според нејзиното писмо, убиството на нејзиниот Гоце „медиумски“ се подготвувало цела година однапред. Загрижена, учителка Јанка на 8-ми февруари 1902 година пишува писмо, кое следниот ден го испраќа до редакцијата на софискиот весник „Дело“, барајќи да се демантираат гласините за наводното ...

Скопје, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, големиот македонски револуционер, визионер и идеолошки лидер. Како син на Никола и Султана Делчеви, роден е на денешен ден, 4-ти февруари 1872 година во Кукуш. Основното образование го завршува во Кукуш по што заминува да учи во Солун каде науката и литературата ги усовршува во воената школа. Има активна улога во многу политички клубови во ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници, според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска го празнуваат денот на Св. апостол Тимотеј. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Утре особено долж Повардарието и во источните делови ќе засилува северен ветер. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и ...

Охрид, 4. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има има на патниот правец село Гајре-Попова Шапка и Маврово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски по трет пат е дел од NAMM (National Association of Music Merchants), најуспешната и највлијателната меѓународна изложба во музичката индустрија, која се одржува во Anaheim, California, САД. – NAMM 2025, вистинска привилегија е да се биде тука по 3. пат. Ви благодарам драги браќа Flo Naegeli и Myhre Niclas за поканата да настапам со вас, беше толку ...

Скопје/Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Проект за популаризација на воената професија денеска почнал во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп. Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата, ги информирале средношколците за можностите кои ги нуди воената професија. Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата пронајде и одзеде марихуана во два случаи кај лица од Охрид. Во првиот случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29-ти декември 2023 година во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просечното за овој период од годината. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е на кота од 693,19 м.н.в што е за 20 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 9 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри февруари 2025 година, во 00:50 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид кое претходно на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид агресивно се однесувало кон полициски службеници кои вршеле службена дејност. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е веќе ставен на мапата дестинации на Turkish Airlines, авиокомпанијата ја промовира директната авиолинија Истанбул – Охрид, што ќе започне на 27-ми март. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900. Во описот за градов стои дека е популарна туристичка дестинација на Балканот, македонски бисер и дел од светското културно наследство на ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид/Кичево, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преку едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, локација над село Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи РЦУК – Охрид. – Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, ...

Охрид, 3. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“. Преку истата, деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.62
52%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
90%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
44%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052