Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај по охридската чаршија, на потегот од поранешен „Први Мај Пирот“, па се’ до езерото. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Скопје/Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие до Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи биле примени вкупно 2.028 повици од кои „реални“ повици биле 58,68%, а 41,32%% биле за други потреби на граѓаните. Од Регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид ја пренесуваат информацијата од ТППЕ Охрид, дека вчера, од 17:55 до 19:30 часот, со три пожарникари и едно ...

Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Црвен крст Охрид во тек се уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“ за деца на возраст од 3-5 години. Денеска, во просториите на организацијата, во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворен ден, каде ќе можат да се добијат детални информации за оваа програма. – Преку истата, деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе ...

Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури. Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи претежно од снег, ...

Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...

Охрид, 8. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј. Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Давид Крстески од Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, е прогласен за спортист на Охрид за 2024 година. Признанието го доби за своите значајни успеси на бројни домашни и меѓународни натпревари во таеквон-до. Присутните ги поздрави и градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков кој истакна дека спортот е многу повеќе од медали и трофеи. Спортот е борба со себеси и со своите потенцијали, вистинско ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Марија Шиникоска, мајка на четири малолетни деца кои ги издржува со една плата, апелира до хуманите сограѓани за помош да може да обезбеди услови за лечење на нејзиниот 6 годишен син Виктор. – Потребни се 12.000 денари. Немам ни за патни трошоци. Ги молам сите хумани луѓе да ни подадат рака и да им помогнат на мојот син и ќерка, вели Марија, која додава дека со нарушено здравје е и нејзината ...

Скопје/Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По три години од масовните дојави на бомби во училиштата во земјава, стравот повторно се врати кај граѓаните, а најмногу кај родителите, кој изутрината ги оставиле своите деца во нивните училници. Само што ги однеле, се вратиле да си ги земат дома. Кај повеќето од училишните служби, електорнската пошта, со вознемирувачка содржина, пристигнала во ноќните часови, кај некои на приватните, кај дел пак на ...

Скопје/Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се бара решение за делницата Требеништа-Ќафасан, бидејќи дел од таа истата е во периметар заштитен со УНЕСКО и во моментов се разговара со компанијата изведувач, изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во однос на тоа како тече изградбата на ветените патишта низ државата. – Истовремено со несмалена динамика се работи на делницата од Кичево до Охрид. ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанките Анастасија Смилевска и Мартина Петреска од карате клубовите „Кун-су-то“ и „Чоле“ се во Биелско-Бијала, Полска каде ќе учествуваат на Европското карате првенство што започна денес и ќе трае до недела. Смилевска и Петреска се дел од македонската карате репрезентација што брои 35 каратисти. Анастасија ќе настапува во борби категорија кадетки до 61 килограми, а Мартина во борби категорија јуниорки ...

Охрид/Скопје, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 5-та недела од 2025 година (од 27-ми јануари до 2-ри февруари) во Република Македонија се пријавени 3 036 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 61,7 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив 1 650 лица се на возраст од 15-64 години, 720 кај деца на возраст од 5-14 ...

Вевчани, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По големиот број пристигнати пријави за подметнати експлозивни направи во основни и средни училишта низ државата, меѓу кои и во Охрид, од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека преземаат сеопфатни мерки за утврдување на вистинитоста на дојавите и одржување на јавниот ред и мир. Надлежните служби дејствуваат според внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Црвен крст Охрид во тек се уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“ за деца на возраст од 3-5 години. Утре во просториите на организацијата во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворен ден, каде ќе можат да се добијат детални информации за оваа програма. – Преку истата, деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По големиот број пристигнати пријави за подметнати експлозивни направи во основни и средни училишта низ државата, Министерството за внатрешни работи презема сеопфатни мерки за утврдување на вистинитоста на дојавите и одржување на јавниот ред и мир. – Надлежните служби дејствуваат според внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Се вршат детални проверки, а паралелно се ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започна да се гради во далечната 2015 година, но за жал, и понатаму останува само ветување за охриѓани. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година. Станува збор за проект кој е ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад. Според најавите затворениот пливачки базен ќе биде ...

Скопје, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој беше осуден на 12-години затвор. Веста за „Фокус“ ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка. – За жал информацијата е точна. Му се слошало на роденденот на неговата ќерка по што починал. Тој беше на ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 124 години од раѓањето на А. ден Долард, големиот холандски писател и вљубеник во Охрид и Република Македонија. А. ден Долард (A. den Doolaard) е псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.) роден во градот Зволе на 7-ми февруари 1901 година. Автор е на бројни книги од различен жанр: романи, патописи, ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), денеска е 25-ти јануари, денот кој православните христијани го слават во чест на Св. Григориј Богослов. Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес. Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена приредба во Центарот за култура во Охрид, ООУ „Григор Прличев“ вечерва го одбележа Патрониот празник. Со оваа активност завршија годинешните свечености во чест на одбележување на јубилејот, 132 години од смртта на Григор Прличев. Утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“, по што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата „Св. Богородица ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Пишувајте за Охрид, членот Ljuben Cvetkoski денеска објави фотографии од руинираниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан и состојбата во која се наоѓа. – Руиниран хотел „Магнус“ во Охрид, со еколошка некултура, долги години, напиша тој во објавата. Хотелот „Магнус“ не работи долги години и е во исклучително лоша состојба. Според објавените фотографии, веќе е ограбено се’ што можело да се ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Клубот на млади при Црвен крст Охрид одржа работилница за знаковен јазик со Лора Лазаревска, која повеќе од 15 години работи како толкувач на знаковен јазик. – Работилницата се одржа од страна на Ангел Крстески – член на координативно тело и толкувачот Лора Лазаревска️. Преку оваа интерактивна сесија, ги совладувавме основните знаци, разговаравме за значењето на инклузијата и направивме уште еден чекор кон ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности Охрид наскоро ќе одбележи значаен јубилеј – 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи како дел од активностите на Третиот Македонски конгрес за сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат. – Прославата ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, на 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот. Предвидено е доделување на ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. – Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна ...

Охрид, 6. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.62
52%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
90%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
44%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052