Охрид, 26. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со бурни аплаузи публиката ги поздрави младите актери од ОСУ „Св. Климент Охридски“, кои синоќа, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ја изведоа премиерата на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи. Улогата на Mollie Ralston ја играше Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren беше Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум ...

Охрид, 26. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Викендов ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ...

Охрид, 26. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Отежнат сообраќај: Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Автомобил марка „Голф 6“ се запали денеска во центарот на Охрид, на кружниот тек кај Sparkasse банка. Според првичните, неофицијални информации, пожарот избувнал во пределот на моторот на возилото и истиот бил изгаснат спо итна реакција на екипа на охридската територијална противпожарна единица. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата, а од СВР Охрид најавија повеќе детали ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Изминатите два дена, Охрид беше домаќин на регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“, која обедини над 130 учесници од Западен Балкан и Европската Унија, меѓу кои носители на одлуки од национални и локални институции, парламентарци, универзитетски професори, граѓански организации и регионални експерти. Во фокусот на конференцијата беа клучните предизвици поврзани со еколошкото влијание на ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24-тиа април 2025 година, во 22:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во 59-годишен пешак од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале ...

Скопје, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека тоа е резултат на барање на нашата влада, при последната посета во ОАЕ. – Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Потребни сме му на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. – При крај сме со собирањето на последните 10.000 евра, а лекувањето на Петар е закажано за почетокот на мај. Нашата борба трае со години, но ние нема да застанеме и да се откажеме, продолжуваме и понатаму со уште поголема надеж и верба во нашиот Бог. Но, потребни сте ни и вие ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти април 2025 година, во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 79-годишно лице од Охрид. – Тој претходно, на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон соседите и група градежни работници, како и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти април 2025 година, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничка автомобил удрил во 59-годишен пешак од Охрид и го напуштил местото. – Пешакот е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. – При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш, информираат од СВР Охрид. ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Играч од Охрид е најновиот среќен сопственик на Супер Милионер џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој освои 6.787.199 денари. На сигналот за Супер Милионер џекпот се радуваше VLT играч од Охрид. Тој на 23-ти април 2025 година го освои најпосакуваниот џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, вреден фантастични 6.787.199 денари. Супер Милионер џекпот добивката вредна 6.787.199 денари, е освоена кај ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Изведена е уште една успешна операција, овој пат врз млад, 22-годишен пациент, информираат од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. – Пациент на 22-годишна возраст со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки пред една година, развил аваскуларна некроза на колковите, која се манифестира со ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, попладнево започнува еден супер инспиративен настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025, кој ќе трае до недела, 27-ми април 2025 година. – Во текот на интензивни 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поплавен влез во зграда на улица „Карпош Војвода“ по синоќешниот пороен дожд што го зафати Охрид. – Преку Единствениот повикувачки број 112 за итни случаи во 21:27 часот, била добиена пријава дека поради поројниот дожд имаат проблем со фекалната канализација којашто им го поплавила влезот во зградата на улица „Карпош Војвода“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Додаваат дека веднаш било ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведат претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи. Улогата на Mollie Ralston ја игра Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren е Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум Трендафиловски, Miss Casewell – Евгенија Ставрева, Mr. Paravicini – Димитар Велкоски и Sergeant Trotter – Елени ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжува програма за деца од проектот Културата расте со децата „За сите деца“. Во просториите на ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде изведена театарската претстава „Плашливиот лав“. Почетокот е во 12:00 часот. „Плашливиот лав“ е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата. Основното дејствие се случува во големиот магичен град – Вондер Сити. ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 13 литри дожд на м2. Во текот на изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар. Според мерењата од 08:00 часот утрово, во текот на изминатото деноноќие, 14 литри наврнат воде талог е измерен во Скопје – Петровец, 13 во Охрид и Битола, 11 на Попова Шапка, 8 во Крива Паланка, Претор и Тополчани, 7 во ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско на празникот Источен Петок Балаклија. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заедно со мојот брат Наум и сестра ми Калина, со која заедно го водиме детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“, ќе бидеме дел од една од новите епизоди на The Simpsons, открива охриѓанката Невена Нешкоска. – Креаторите на The Simpsons одлучиле да внесат лик, спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок – Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во Светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и’ се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – Денеска и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Отежнат сообраќај: Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за ...

Охрид, 25. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Василиј Исповедник, соработник на свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во времето на мир, и кога настапија гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја Промисла, Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир, и таму во пост и молитва поживеа долго и ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата History Caravan, објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид од пред многу години, поточно од далечната 1964 година. Според објавата, фотографијата е дело на Alan Warwick Palmer (A.W. Palmer), британски автор на популарни историски и биографски книги од кои голем број биле преведени на други јазици. Оваа фотографија е поместена во неговата книга „Југославија“ и ја прикажува црквата ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид во текот на вчерашниот ден, среда, 23-ти април 2025 година реализираше едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот, а под мотото „Стави појас“. Полициските службеници на неколку сообраќајни пунктови, преку непосредна комуникација со возачите на моторни возила ја нагласија потребата, но и законската обврска за користење безбедносен појас при управување со ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот и транспортот во иднина ќе се темелат на зголемена употреба на таканаречената „чиста енергија“, односно, пред сè, на електрична енергија и водород. Решенијата во превозот мора да се бараат и во подобрена инфраструктура, доколку целта е да се постигнат одржливи решенија, како на локално така и на национално ниво. Ова беше нагласено на дводневната Меѓународна конференција „Green Urban Transport ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, во рамките на денешната посета на Охрид, заедно со градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков изврши обиколка на инклузивната игротека „Радост“. Истата отвори цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа и други попречености од ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков. На средбата се прецизираа конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
37%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
4.0
30%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
0.51
51%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.7
29%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.66
46%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
38%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088