Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени. – Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето. Од утре до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, денеска се одржа X Младински турнир во шах „Ласкер 2025“ за кадети, ученици од 6 до 9 одделение, општински натпревар во шах за учениците од основните училишта од Општина Охрид. – Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња, на турнирор во машка конкуренција беа пријавени 32 ученици и турнирот во женска категорија на кој беа пријавени 13 ученички, ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест и спомен на Свети апостол Филип. Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со бројни и разноврсни програми и активности насочени кон поттикнување на хуманоста, солидарноста, но и креативноста, културното изразување и творење на луѓе од сите возрасти. Меѓу нив е и делувањето на женскиот хор АCordis, кој е формиран на 11. ноември 2019 година, на иницијатива на група долгогодишни хористки. – Хорот го сочинуваат 12 хористки кои ги поврзува љубовта кон ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај хотел „Палас“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендов, ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти октомври ќе започне зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Оваа промена, која традиционално ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Повторно отстранети бројни „мрежи духови“ од водите на Охридското Езеро. Тимот на Ghost Diving Adriatic (GDA) се придружи на локалните сили и исчисти дел од напуштената опрема за лов на риби од езерото. За само два дена беа отстранети голем број Во период од 2 дена, тие отстранија голем број „мрежи духови“ од езерските води. Во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид и нуркачкиот центар „Амфора“ беше ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24. октомври 2025 година, во 00:10 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 17-годишник од Република Албанија. – Претходно, тој е затекнат во влез во зграда на улицата „7-ми Ноември“ и по преземени мерки констатирано е дека илегално влегол во државата и сторил прекршок по член 10 од Законот за странци. Тој е задржан во Полициска станица и по насоки на јавен ...
Охрид, 24. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендов започнува зимскиот ред на летање за 2025/26 година. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании. Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што ќе трае до крајот на март следната година. Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите ...
Скопје/Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Сардинија, охридската туристичка агенција DMC Balkans & Europe и официјално е признаена како водечки туристички оператор во Република Македонија за 2025 година на престижните World Travel Awards. – Ова признание не е за мене – туку за нашите луѓе. Наградата ја примија нашите директорки, кои претставуваат неверојатни 80% од жените кои го сочинуваат јадрото на DMC Balkans & Europe. Нивната сила, ...
Поградец, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, на неговиот официјален профил на Facebook објави фотографии од повеќе фламинга во водите на Охридското Езеро, на брегот на албанскиот град Поградец. Станува збор за група од повеќе од 20 птици, кои најверојатно застанале за краток одмор. Фламингата не се гнездат на територијата на Република Македонија, но се забележани повеќе пати на прелет преку нашата ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 26 октомври 2025 година, ќе се одржи настанот „Розев октомври“, со кој ќе се подигнува свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката. – Иницијативата „Збогум Буково“, во соработка со Здружението на лица со дијабет „Охрид”, Уметничката едукативна академија „Сјај“ и Здружението „Ретко е да си редок“, организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени. – Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест и спомен на Свети маченици Евлампиј и Евлампија. Биле брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан, некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот, ја виде царската наредба за прогонство и убивање ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се празнува Денот на Македонската револуционерна борба, кој се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Празникот се одбележува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На 23-ти октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на ...
Охрид, 23. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва се одржа централната свеченост по повод Денот на Македонската револуционерна борба, кој се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг процес, исполнет со храброст, жртва и ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Во очи големиот ...
Битола, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, синоќа беше свечено отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом. Оваа нова болница е резултат на речиси една ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од недела, 26-ти октомври почнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Истиот ќе трае до 28-ми март 2026 година. Со новиот зимски распоред охридскиот аеродром ќе има 5 дестинации со 3 авиокомпании. Ќе се лета до Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген. ТАВ Македонија најави 10 нови дестинации од македонските аеродроми за претстојната зимска сезона. Од Охрид ќе се лета ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година. – Конкурсот трае заклучно до 22-ри ноември. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од еден летен ден на Градското пристаниште, со многу кајчиња и култната некогашна „Летница“ и паркот во позадина, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе свечености Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Денеска напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Ќе следат обраќања на претставник од Општина Охрид, авторите, уредникот на едицијата „Охридско книжевно ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај малото пристаниште, охридското „Островче“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, ...
Охрид, 22. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на Свети апостол Јаков. Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда ...