Ватикан, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, за петок, на 25-ти април 2025 година ја најавуваат премиерата на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи. Улогата на Mollie Ralston ја игра Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren е Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум Трендафиловски, Miss Casewell – Евгенија Ставрева, Mr. Paravicini – Димитар ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Уште една во низата сообраќајни незгоди на историскиот автопат Охрид – Кичево, овојпат кај Пресека и за среќа без загинати, но со шестмина повредени. Делницата што се гради веќе 11-та година и понатаму останува сериозна безбедносна црна точка во регионот. Градежните зафати во комбинација со неприлагодената брзина на движење на возилата често доведува до сообраќајни незгоди, во некои случаи и со трагичен крај. ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“. Положено е цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор. Свечената академија по повод јубилејот е утре од 12:00 часот, во спомен – куќата на Христо Узунов. Ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви април 2025 година, во 15:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени шест лица. – Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишно лице од Франција и возило „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишно ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза, на Третиот ден од најголемиот христијански празник Велигден, е снимена во центарот, Градското пристаниште и во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за ...

Скопје/Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Благодарение на познатата, моќна трговска фамилија Робеви од Охрид, фрагмент од Евангелието по Св. Апостол Лука, кој датира од 12. век е најстариот документ кој се чува во Државниот архив на Република Македонија. Вредноста на овој фрагмент, стар повеќе од 800 години, се оценува како колосална, а на нашите простори дошла благодарение на фамилијата Робеви од Охрид. Тоа е е најстариот оригинален документ ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утрово е затворена за сообраќај улицата „Македонски просветители“, на потегот од ЕВН до Пожарна. Истата се подготува за асфалтирање на вториот дел од улицата, откако првиот беше саниран пред Велигденските празници. Потегот денеска ќе се тампонира и ќе се нивелираат шахтите, по што, најверојатно во текот на утрешниот ден, ќе започне и асфалтирањето. Станува збор за изведба на градежни активности за ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид има многу традиции, но по се’ изгледа, една од нив, за жал, е и кршењето на „Охридскот срце“ кое се наоѓа на Градскиот плоштад во Охрид. Истото е место каде гостите и охриѓани често се фотографираат, со стариот дел од градот во позадина. Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, кои совршено ја опишуваат оваа состојба на умот и духот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 9-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченик Евпсихиј. Мачеништвото на Евпсихиј паѓа во времето на владеењето на Јулијан (361-363 година), кој заради отпаѓањето под христијанството и враќањето на идолопоклонството во историјата стана познат по прекарот Отстапник. Евпсихиј потекнувал и живеел во Кесарија Кападокиска и ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-OA (Јулијанскиот календар) денеска е Воскресение Христово Велигден – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20. степени. – Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната ...

Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Храна со изминат рок или чувана во несоодветни услови. АХВ пред велигденските празници уништи 1.740 килограми небезбедна храна. – Ја имало насекаде во ресторани, сендвичари, маркети, бурекџилници. Најмногу во туристичките места, Охрид и Струга. Изречени се 30 парични казни во вредност од 25.400 евра, јави Тв Сител. Од Агенцијата за храна со апел до граѓаните, доколку забележат да се подготвува храна во ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – По јануарската „Топла ракија“, популарните Владо Броз и Марама, овој пат заедно со Емилија, денеска ја објавија новата песна „Евгенија“. – Дал ќе дојдеш ти, дали ме заборави, уште печат спомени, од наши среќни дни, верувај ми. Евгенија, моја најмила, Евгенија, те чекам јас, Евгенија, моја најмила, Евгенија, живот си мој… Ова се само дел од стиховите на новата песна на популарното дуо, кои се дело на Владимир ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид, на 75-годишна возраст почина новинарот Илче Стојаноски. Целиот професионален работен век Стојаноски го помина во Центарот за печат и радио Охрид. Роден е на 18-ти јуни 1949 година во Прилеп, а по три години од неговото раѓање неговите родители се преселуваат во родниот град на неговата мајка – Охрид. Од 1979 година е во редовен работен однос во Радио Охрид и постојано напредувал во својата ...

Охрид/Струга, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се два пожари во поширокиот регион на Охрид и Струга. Во првиот случај, на 20-ти април 2025 година, во 17:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Во вториот ...

Рим, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, вториот ден од Велигден, на 88-годишна возраст, почина папата Франциск. – Утрово во 07:35 часот, бискупот римски Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална милосрдие, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните, како пример за ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид бележи солидна исполнетост со гости на празничниот викенд, а бројни гости уште во раните утрински часови уживаа во прошетка и денеска, на Вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден. Туристи од земјата, Балканот, но и целиот свет уживаа во пријатното топло време и прошетката по кејот, стариот дел и центарот на градот. Дел со кафе или вкусен ручек го надополнија впечатокот и ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза, на Вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, е снимена во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите низ Охрид, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20. степени. – Денеска и утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Отежнат сообраќај: Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за сообраќај ...

Охрид, 21. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), православните верници денешниот ден го слават во чест на Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј. Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08,83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид организира ...

Охрид, 20. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со температура која денес се очекува да се искачи до 20. степени, Охрид, најголемиот туристички центар кај нас денес го празнува најголемиот христијански празник Велигден. Градот е солидно исполнет со гости, а раздвиженоста низ градот се чувствува уште од крајот на минатата недела. Покрај домашните гости, кои престојуваат во хотелското, но и приватното сместување или во сопствените станови и викенд куќи, се ...

Струга, 20. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, лишиле од слобода 59-годишно лице од струшкото село Ливада, кој со неговото возило марка „Фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот. – По документирање на случајот ќе му биде ...

Охрид, 20. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Детскиот парк во центарот на градот во се’ полоша состојба (Фото) Некогаш ги имаше насекаде, денеска се само ...

Охрид, 20. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза, на најголемиот христијански празник Велигден, ни носи мотиви од храмовите во Балканскиот Ерусалим. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 20. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со празнични богослужби во сите храмови на МПЦ-ОА во Охрид и околината, синоќа православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден, воскресението Христово. Точно на полноќ тоа беше најавено со биење на камбаните и поздравот Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Велигден за верниците е симбол за победа на животот над смртта. Ден кога на симболичен и традиционален начин луѓето го слават ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
37%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
4.0
30%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
0.51
51%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.7
29%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.66
46%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
38%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088