Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид досега има аплицирано со 7 проекти на вториот јавен повик на министерството за локална самоуправа за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, информираа за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа. Потенцираат дека генерално се работи за инфраструктурни, но и капитални проекти. Додаваат дека имаат уште проекти со кои ќе ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Откако првиот дел беше поставен пред Велигденските празници, на 17-ти април, денеска започна асфалтирањето на вториот дел од улицата „Македонски просветители“, на потегот од ЕВН, пред Полиција и Пожарна, па се’ до свртувањето кон улицата „Абас Емин“. И овој дел од улицата претходно беше тампонирана и се нивелираа шахтите, по што започна и асфалтирањето. Станува збор за изведба на градежни активности за ...

Цер, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни граѓани и претставници од локалните самоуправи и јавниот живот, денеска, во селото Цер му оддадоа почит и го одбележаа денот кога пред 120 години, во 1905 година, во борба против турскиот аскер загина војводата Христо Узунов. На 24-ти април 1905 година Христо со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи ...

Скопје/Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Изградбата на нов хотелски комплекс во парк-шумата „Горица 3“ во Охрид од страна на компанијата „Дивелоп Груп“, каде што содружник е „Бест Веј Инвестмент“ на Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, предизвика лавина реакции во медиумите, јавноста и невладиниот сектор, од каде обвинија дека хотелот се гради со незаконска градежна дозвола и врз база на проект за кој не е ...

Охрид/Струга, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти април 2025 година, во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода три лица од Охрид на возраст од 33, 40 и 32 години, затоа што при преглед во возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. – По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата и свечена програма, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа патронатот на ОУ „Христо Узунов“. – Само големо срце умее да обликува детски умови, порачаа организаторите, осврнувајќи се на ликот и делото на големиот Узунов. Манифестацијата беше дел од свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Видливи оштетувања има на „Мостот на желбите“ кај „Потпеш“ и потребна е санација во пресрет на сезоната, за да се избегнат несакани повреди на посетителите. На повеќе места е оштетен дрвениот под, а има оштетувања и на заштитната ограда. „Мостот на желбите“ го спојува центарот на Охрид со најатрактивниот дел на градот, месноста „Потпеш“ и „Канео“. Станува збор за донација од бизнисменот Велија Рамкоски и беше ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот и кај плажата „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Мобилниот музеј „Битките кај Чанаккале“ од Туркије, ги отвори вратите за посетителите во Охрид и е лоциран на паркингот до плоштадот „Свети Климент Охридски“. Техничкиот директор на мобилниот музеј, Неџми Џан Акјилдиз, вели дека во него има седум различни витрини каде што може да се добијат информации за текот на битките кај Чанаккале. Тој рече дека музејот ќе биде отворен во Охрид два дена. – Има голем ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни три години од моментот кога во 2022 година, на Ден Велигден, официјално започна со работа Radio Happy. Станува збор за дел од поголема дигитална платформа, наменета за комплетно да одговори на сите барања на современиот корисник на информации. Сегментот Radio Happy Ви нуди на едно место 15 музички канали, односно радио станици со врвен музички избор. – Нудиме совршено решение за ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на претставници на Владата на Република Македонија, Општина Охрид, Германската амбасада, GIZ, академската и стручната заедница, денеска и утре, четврток и петок, 24-ти и 25-ти април 2025 година, во хотелот Unique во Охрид ќе се одржи конференцијата „Green Urban Transport Solutions“. На настанот ќе земат учество Ивен Шад, прв секретар на Германската амбасада во Тирана, Митко Костов, декан на ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1905 година, во кичевското село Цер, загинал Христо Узунов. На 24-ти април 1905 година Христо со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи немале никаква помош, борците биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Отежнат сообраќај: Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за сообраќај ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Антипа, епископ Пергамски во Азија. Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со 28 точки на Дневниот ред, во среда, на 30-ти април 2025 година, со почеток во 09:00 часот, во зградата на Општина Охрид, ќе се одржи педесет и шестата седница на градскиот Совет, во новиот состав. Претседателот на Советот ја свика седницата врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 26 од Статутот на Општина Охрид („Сл. гласник на Општина Охрид“ ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодни свечености, Охрид го одбележува јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“. Во спомен-куќата на Христо Узунов денеска напладне беше промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки на културно-уметничката програма настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а се одржа и драмска изведба на ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи ќе го отвори годинешното, јубилејно 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12-ти јули на Античкиот театар во Охрид, откри денеска директорот на фестивалот Ѓорги Цуцковски. – За свеченото отворање под наслов „Трансформација на сетилата“ со особена чест ги најавувам, Едвин Оутвотер диригент, Клер Хуангчи пијано од Соединетите Американски ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на претставници на Владата на Република Македонија, Општина Охрид, Германската амбасада, GIZ, академската и стручната заедница, во четврток и петок, на 24-ти и 25-ти април 2025 година, во хотелот Unique во Охрид ќе се одржи конференцијата „Green Urban Transport Solutions“. На настанот ќе земат учество Ивен Шад, прв секретар на Германската амбасада во Тирана, Митко Костов, декан на Техничкиот ...

Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако во јуни минатата година, на TerraViva, Меѓународна платформа на која архитектите од целиот свет можат да учествуваат на проекти во глобални рамки, беше објавен е конкурс за дизајн на Наутички и социјален клуб на местото на објектот на Одморалиштето на Феријалниот сојуз, архитектите се сега пред нов предизвик – реинтерпретација на Античкиот театар во Охрид. – Почитувани дизајнери, возбудени сме да го ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поранешни колеги, соработници пријатели оддадоа почит на истакнатиот охридски новинар и публицист Илче Стојаноски на комеморацијата што се одржа во Општина Охрид. Илче припаѓа на генерацијата новинари кои оставија голема трага во охридското и македонското новинарство и се вградија во колективната меморија заедно со неговиот препознатлив начин на работа, рече Горан Момироски, координатор на ЗНМ за Охрид и ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. – Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа една стара фотографија направена пред многу години во охридската чаршија, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) извор: ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 24-ти април, Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ од Охрид организира Отворен ден. – Тоа е одлична можност да се запознаете со нашите студиски програми, да присуствувате на наставни часови, да погледнете апликативни проекти и да поразговарате со нашите студенти и професори. Посебен акцент ќе биде ставен на панелот по повод Меѓународниот ден на девојките во ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај пешачката патека и плажата „Куба Либре“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Улицата „Македонски просветители“, на потегот од ЕВН до Пожарна утрово е затворена за сообраќај и се изведуваат градежни работи. Истата се подготува за асфалтирање на вториот дел од улицата, откако првиот беше саниран пред Велигденските празници. Потегот денеска ќе се тампонира и ќе се нивелираат шахтите, по што, најверојатно во текот на денешниот ден, ќе започне и асфалтирањето. Станува збор за изведба на ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 10-ти aприл, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив. Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени. – Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...

Скопје, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известуваат јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. – Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
37%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
4.0
30%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
0.51
51%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.7
29%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.66
46%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
38%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088