
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на селото Елшани апелираат до надлежните да се скрати и уреди високата трева околу пристапниот пат до селото. Високата трева го прави патот непрегледен и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. – Патот за Елшани е непокосен и непрегледен, а кон селото секојдневно гравитираат голем број туристи и месно население. Поради непрегледноста на патот, има многубројни опасни ситуации. ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од 21-ви до 28-ми јуни Црвен крст Охрид ќе ја реализира годинашната обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел. – Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: да се постари од 17 (да достават соодветен ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Штип се одржа последниот турнир во Олимписко Таеквондо од првиот дел од натпреварувачката Таеквондо лига за 2025 година, во организација на Македонската Теквондо федерација и Теквондо клубот „Штип“. Учествуваа околу 250 регистрирани натпреварувачи од 13 клубови од Република Македонија. – Како клуб настапивме со 14 натпреварувачи во 3 старосни категории – пионери, кадети и јуниори. Ристе Ѓелески, ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Дали сте подготвени за лето со Плазма во Охрид? Plazma Boat Adventure, Мали Plazma уметници, Такси Plazma, Plazma Tasting Festival… – Ова се само дел од активностите кои ги подготвивме за ова лето со нашите стари пријатели од Плазма и Тамаро маркетите, порачуваат од охридското Супер радио, кое по традиција секое лето организира уникатни и интересни настани со дел од најголемите компании во државата и многу ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на патеката од плажите „Горица 3“ до „Горица 2“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот ден на архивите се одбележува секоја година на 9-ти јуни, а овој ден е прогласен од Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA) за подигање на свеста за важноста на архивите и улогата што тие ја имаат во зачувувањето на документарното наследство. Датумот 9-ти јуни меѓу другото ја истакнува неопходноста од заштита на историските записи, промовирање на нивната пристапност и ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На плажата „Бафало бич“, во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ), од денеска, 9-ти до 11-ти јуни 2025 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Денеска ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Од утре до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река ...
Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски. Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колци, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските. Но, маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и пораснаа ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми јуни 2025 година, во СВР Охрид било пријавено дека околу 10:00 часот на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице. – Откако на улицата запрело такси возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишник од селото Требеништа, Општина Дебрца, 59-годишна жена од Охрид, која се превезувала во возилото, ја отворила задната ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми јуни 2025 година, во 17:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра. – Малолетникот бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди. Со малолетникот бил ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридската убавина од изминатата недела, од понеделник, 2-ри, до сабота 07-ми јуни 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска ја одбележуваат Духовденската задушница. Празникот се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, денеска ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025. Организаторите ги повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, да играат без никаков надомест и да се забавуваат во духот на хуманоста. Сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На плажата „Бафало бич“, во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ), од утре, 9-ти до 11-ти јуни 2025 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките ...
Охрид, 8. jуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Уште еден брод наскоро ќе ги сече водите на Охридското Езеро Доза охридска убавина на првиот јунски ден (Фото) ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 30. степени. – Денеска ќе се задржи многу топло време. Од понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река ...
Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети апостол Карп. Еден од седумдесетте. Следбеник и придружник на светиот Апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом свети Дионисиј Ареопагит. За него свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во видение му се ...
Охрид, 7. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На граѓаните им стана секојдневие да живеат во град, кој освен смет и прашина и по некој фестивал за своја душа на локалната власт, нема што друго да понуди, реагираат од ОО на СДМС од Охрид. – Пример, булевар „Туристичка“ – лицето на Охрид! Испукани тротоари, дупки на секој чекор, испакнати шахти кои претставуваат опасност и за пешаците и за велосипедистите. Најфреквентната улица во градот изгледа како да сме ...
Охрид, 7. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 7. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават празникот Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител. Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Емеса. Оттаму, во времето на нападот на Сарацените таа беше пренесена во градот Комане (каде што беше прогонет светиот Јован Златоуст) и во времето на иконоборството, во 8 век, таа беше сокриена во ...
Охрид, 7. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки ...
Охрид, 7. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река ...
Охрид, 6. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – И покрај извонредните планини, езера и историски места, Македонија е блажено скромна и во голема мера не е засегната од прекумерен туризам, објави неодамна престижниот National Geographic за убавините на Република Македонија, апострофирајќи ја храната како нешто по што се истакнува земјата. – Градот Охрид е една од најголемите атракции во земјата поради неговите православни цркви, украсени со фрески, патувањата ...
Охрид, 6. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сашо Донев, тогашен претседател на Советот, сега пратеник, на почетокот на мандатот на Пецаков, гордо излезе на говорница и одржа мотивационен говор: „Се’ она што го гледавте изминативе 3 месеци, каде што се асфалтираше сегде кај што му текна, сега ние ќе ги плаќаме фактурите“, порача претседателот на ОО на СДСМ од Охрид Асен Шајн. – Дали навистина тие фактури беа толку големи што 4 години не мрднавте со прст ...
Охрид, 6. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, 6-ти јуни 2025 година, во 00:10 часот од страна на полициски службеници е спроведена акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24:00 часот. – Во еден објект било констатирано присуство на 17-годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ), информираат од СВР Охрид. ...
Охрид, 6. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на ...