Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид изминатите денови повторно беше центар на младинската кошарка во регионот, откако успешно заврши јубилејното 5. издание на Меѓународниот кошаркарски турнир „Ohrid Hoops 2026“. На турнирот учество зедоа екипи од Турција, Грција, Албанија и Црна Гора, кои низ бројни натпревари прикажаа одлична игра, спортски дух и вистинско другарство. Резултати: -Во категоријата У11 (деца родени 2015 година и помлади), ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот хрватски поп рок музичар и пејач Ален Славица на 8 јули ќе одржи концерт во Охрид. Заедно со групата „Гром“, од 21:00 часот ќе настапат во живо на сцената на „Долни Сарај“, како едно од имињата, чии настапи ќе го одбележат ова лето. Билетите по цена од 500 денари можете да ги купите на тезгата „Мај Аждер“, Градска чаршија. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 21 Охрид, 19. јуни 2026 ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Канадскиот пејач, текстописец и продуцент Karl Wolf додаде уште едно поглавје во својата долга кариера на меѓународната поп и денс сцена, претставувајќи го својот нов сингл, обработката на песната „Summer Jam“. Синглот излегува во пресрет на летото 2026 година и повторно го враќа во преден план насловот што е неразделно поврзан со летната безгрижност, патувањата и празничната атмосфера на летните месеци. ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Roger Waters го претстави официјалниот музички спот за „Comfortably Numb“ (Re-Imagined), што е нов, трогателен пристап кон култната песна на Pink Floyd, овој пат во соработка со палестинската уметница Mona Miari. Новиот материјал не е само обична преработка на голем хит, туку целосно уметничко преосмислување, кое го транспортира оригиналното дело во нов општествен и хуманитарен контекст. Преку ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридска оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира во улогата на Риналдо во истоимената опера на Георг Фридрих Хендл. Пред публиката во The Cockpit Theatre таа ќе се претстави заедно со Ensemble OrQuesta Baroque, Marcio Da Silva и Predrag Gosta кои ќе го оживеат ова неверојатно дело. – Оваа улога е кулминација на сите години кои ги поминав во светот на Хендл. Барокната опера беше моето ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започнува културно – забавната и спортска програма што ја подготви Општина Охрид по повод 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. Денеска од 10:30 до12:00 часот во детската градинка „Јасна Ристеска“, објект „Централна“, ќе се одржи литературно-едукативниот проект за деца „Раскажи ми за езерото“, а од 11:00 часот ќе се одржи Фестивал на поезијата и културата „Слушни го езерото“ во Библиотека „Григор Прличев”. ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 2“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од Охрид, снимена од плажата „Горица 2“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – По првото пријавување во јунскиот уписен рок во четирите средношколски центри во Охрид се запишаа вкупно 444 полуматуранти. Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ во прва година се запишаа 109 ученици, во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ запишани се 113 ученици, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ 186 и во РЦСОО „Ванчо Питошески“ 36 деветтоодделенци. За второто пријавување во јуни во сите училишта ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, повелете на промоција на врвните вина на винаријата „Поетика“ во Platinum Liquor Store во Охрид. Ве очекуваме да ја вкусите оваа неповторлива и автентична филозофија, со љубов кон грозјето и виното, порачуваат организаторите на овој уникатен настан. – Совршен спој на традицијата и современите вински техники на создавање свежо и трајно вино. Со длабока почит кон лозарството и инспирација од ...
Струга, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1934 година во Струга како Никола Несторов е роден Нико Нестор, основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива каналот Ла Манш. Тој беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставија основите на македонското маратонско пливање. На републичките првенства освоил 14 титули, ...
Струга, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“. На концертот ќе настапат: детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски и машкиот хор под раководство на хороначалникот и протопсалт д-р ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Висарион. Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени. – До средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во ...
Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Струга, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, утре, петок, 19 јуни 2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“. На концертот ќе настапат: детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски и машкиот хор под раководство на ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на три нови камбани, дарувани за потребите на храмот и за духовна полза на верниот народ. – Нека нивниот милозвучен звук, излеан како повик за молитва и духовно будење, постојано го собира и укрепува верниот народ, сведочејќи за радосната вест и повикувајќи ...
Струга, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 24-ти до 29-ти јуни, по јубилеен 65-ти пат ќе се одржат Струшките вечери на поезијата, а Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена. Фестивалот ќе започне на 24 јуни, со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид се евидентирани 661 починати лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број 330 биле мажи, 331 жени, а најголем дел од починатите биле на возраст над 65 години. Како најчести причини за настапување на смртта се наведени симптоми, знаци и ненормални клинички наоди, некласифицирани на друго место R00-R99. Лани регистрирани се и две починати доенчиња. ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Dj Carl Cox го доби Орденот на Британското Кралство (OBE), кој им се доделува на луѓе со посебни заслуги и придонес во промоцијата на науката, уметноста и културата. Cox го доби признанието за неговиот посебен придонес во музиката, приклучувајќи се кон избрана група одликувани британски музичари, како што се Eric Clapton, Roger Taylor и Elvis Costello. Пред Cox, единствените претставници на ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 49, а во врска со член 33 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“ бр.32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Охрид, го дава следното соопштение за организирање на општ јавен повик за одржување на стручна расправа со јавна презентација. Повеќе информации ОВДЕ. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 33 Охрид, ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 јуни 2026 година, во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 37-годишно лице од Охрид. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 јуни 2026 година, во СВР Охрид е пријавено дека во 20:10 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец физички нападнач 43-годишен сограѓанин. – Се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес Прочитано: 2 Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 јуни 2026 ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Откако на почетокот на мај го најави своето враќање на музичката сцена со синглот „Upside Down“, водечки од нејзиниот претстоен седми студиски албум „Algorithm“, прв по пауза од пет години, одличната Natalie Imbruglia го објави и вториот, песната „Algorithm“. Австралиско-британската кантавторка сега ја претставува насловната песна од албумот, нудејќи подлабок поглед во темите и филозофијата што се ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 20. јуни, во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи осмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „ Vox Lychnidos “. Фестивалот, кој веќе стана препознатлив музички бренд, ќе ги обедини хорските ансамбли од неколку земји, носејќи ја магијата на заедничкото пеење во уникатниот амнбиент на црквата Св.Софија. И годинава публиката ќе ужива ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Турско-италијанската диџејка и продуцентка Carlita оствари интересна соработка со електронското дуо Sofi Tukker на новиот сингл „Manhattan“ кој претставува мало музичко љубовно писмо до Њујорк. Песната ја доловува живоста, оптимизмот и малите секојдневни моменти што го прават Менхетен уникатен, комбинирајќи ја естетиката на Carlita со препознатливата, инспиративна енергија на Sofi Tukker. Зборувајќи за ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на потегот од Градското пристаниште до Горна порта. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од Охрид, снимена од Самуиловата тврдина. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Архрид колектив, неодамна, во импресивна атмосфера на сцената на Античкиот театар во Охрид се одржа архитектонскиот настан „Антички театар: Адаптивен континуитет“. Целта на колективот беше да отвори дискусија за адаптацијата на заштитеното културно наследство и негова интеграција во современиот начин на живот, како и да ја нагласи важноста од аналитичкиот процес пред реализација на ...
Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. На 21 март веќе пишувавме за состојбата, слична беше и во април, а денешниот, јунски „срамизам“ повторно ја презентира непроменетата состојба во која се наоѓаат денес изворите на ...