
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот посветен на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во истоимениот храм во Варош утрово се служеше Празнична Утрена Богослужба и Света Божествена Литургија. Бројни верници достојно го одбележаа денот посветен на Свети рамнопостолни цар Константин и Света царица Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата цар Константин и Света царица Елена во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, ден кога се одржуваат повеќе меѓународни и локални настани за поддршка на развојот на велосипедската култура во заедницата. Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година го прогласи 3-ти јуни за Светски ден на велосипедите. Во Република Македонија секојдневно се’ повеќе луѓе го користат велосипедот како превозно средство, мотивирани од здравиот ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението „Граѓански Интегритет“ од Охрид, а по повод Светскиот ден на велосипедизмот, денеска ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“. – Истиот ќе се одржи од 11:30 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за ...
Охрид, 3, јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Насловен, „Насочување кон Интеграција во ЕУ и Влијанието на Климатските Промени врз Земјоделството: Обезбедување Иднина за Нашите Земјоделци и Храна во Југоисточна Европа“, денеска и утре во Охрид ќе се одржи Форумот за земјоделска политика (APF). APF 2025 е организиран од Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во Југоисточна Европа (ЈИЕ) од 2001 година со цел да се овозможи креирање на ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, на кој се промовира користењето на велосипедите, според многумина, најдобро транспортно средство за движење во градски услови. Сведоци сме дека во последно време се користи се’ повеќе во нашиот Охрид, а како било некогаш? Ви пренесуваме дека од написот за сегментот „Муабети од Охрид и околината“ на OhridPress, напишан од охриѓанецот Ѓорѓи Љатко, кој има ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат денот посветен на Светиот цар Константин и Светата царица Елена. Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени. – Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток и во петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ...
Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности – санација на мост на река ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата посветена на нив, Охриѓани секоја година достојно го одбележуваат денот посветен на Свети рамнопостолни цар Константин и Света царица Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тој изградил индивидуална семејна куќа без соодветно одобрение за градба што било констатирано и од вонреден инспекциски надзор извршен од овластен градежен инспектор, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На средина од месецов започнуваат уписите во средните училишта. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август. Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2025/2026 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 783 полуматуранти. Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 204 места за идните средношколци. Во ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони-Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: кеј „Македонија“, ул. „Илинденска“, ул. „Коста Абраш“, ул. „Кузман Капидан“, ул. „Христо Узунов“, ул. „Климентов ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Камера поставена пред пештерата Свинска стрна регистрираше дива мачка што ја корисисти оваа пештера во Националниот парк „Галичица“ како привремено живеалиште. Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП „Галичица“ воспоставен е редовен мониторинг на пештерите, што е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми во заштитеното подрачје. – ...
Скопје, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот аеродром Скопје од вчера е поврзан со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на AJet до аеродромот Чукурова два пати неделно, а до сите три ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По минатонеделната средба со раководството на Македонска алпинистичка федерација во Скопје, министерот за спорт Борко Ристовски вчера престојуваше во Охрид, каде што го посети Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Тренинг-центарот на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид. Овој центар е воедно и седиште на Националниот сојуз за планинско спасување (НСПС), каде се спроведува едукација и обука на ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 2“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, викендов во Улцињ, Република Црна Гора, зеде учество на 6-тиот Меѓународен турнир по Олимписко Таеквондо „Улцињ Опен 2025“, еден од појсилните турнири во регионов, на кој учествуваа 38 клубови со повеќе од 400 натпреварувачи од 10 држави. – Како клуб настапивме со 6 натпреварувачи во 3 старосни категории, пионери, кадети и јуниори. Ристе Ѓелески, во категоријата пионери ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20-ти мај, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. маченик Талалеј. Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Патниот правец Р2337 Кичево-крак со село Цер, од 12-ти мај 2025 година ќе биде ...
Охрид, 2. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени. – Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на седмицата ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија ...
Битола/Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет ученици од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, со први награди се враќаат од VII Меѓународен натпревар „Пијанофест“, кој се одржа во прекрасната сала на Офицерскиот дом во Битола. – Први награди освоија Ива Богоевска, Алексеј Чуркоски, Изабела Симоноска, Антонија Танеска и Марко Петрески, сите од класата на проф. Даниел Чуркоски, информираат од учениците на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид. Додаваат дека ...
Цетиње/Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Националната библиотека „Ѓурѓе Црноевиќ“, Државниот Архив и Народниот музеј на Црна Гора, неодамна во Цетиње, Црна Гора, се одржа петтата конференција на библиотекари, архивисти и музејски стручњаци Libraries, Archives and Museums Conference (LAM), Montenegro 2025. Конференцијата се одржа на тема „Трансформација на библиотеките, архивите и музеите во (пост)дигитално окружување со фокус ...
Скопје/Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нашите Христијан Стојаноски како младинец, Енис Алиу во сениори и Михаил Аврамоски во кадати, тројцата од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ се државни прваци во своите категории на државното првенство во бокс. Натпреварите на 31. поединечно државно првенство во категориите сениори, јуниори, младинци и кадети се одржаа во салата на ОУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец, Скопје, откако вчера беа ...
Скопје/Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот и вчерашниот ден, во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и лишиле од слобода повеќе лица, меѓу кои и по едно лице во Охрид и Струга, двајцата на возраст од по 46 години, заради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“ по член 297-а од КЗ на Република Македонија. Утрово, во 09:28 часот, полициски службеници од Тетово, кај клучката „Камењане“ ...
Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 01:00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид. – При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски ...
Скопје/Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нашите Христијан Стојаноски и Михаил Аврамоски од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ денеска ќе настапат во финалните борби на државното првенство во бокс. Натпреварите ќе се одржат во салата на ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Скопје. Во финалето требаше да се бори и охриѓанецот Наум Стојаноски, но неговиот противник од Боксерскиот клуб „Куманово-84“ се повлече од борбата, по насоки на неговиот тренер ...
Белчишта/Лешани, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС0 – Серијалот „Мој Роден Крај!“ објави видео за селото Лепани во Општина Дебрца. Сте слушнале ли за славна Дебрца?! Е ама денес не е славна, туку е празна и пуста. Оваа област која се протега на просторот помеѓу градовите Охрид и Кичево, низ историјата изродила голем број на познати личности од голема важност за Република Македонија, но како и целата територија на државата, така и овој регион е зафатен од ...
Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress веќе објави, на 31-ви мај 2025 година, во 22:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со тешки повреди. – Во незгодата учествувале товарно моторно возило марка „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно лице од Охрид, кое удрило во моторцикл марка „Хонда“ со охридски ...
Охрид, 1. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Достојно и со многу почит, Охрид го одбележа јубилејот – 55 години од творештвото на академскиот сликар Јордан Манасијески. Во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на монографијата од Јордан Манасијески со историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори. Во рамките на вечерта, се одржа и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и ...