Охрид, 13. јули 2026 (ОХРИПРЕС) – Со настап на сопранистката Ермонела Јахо и американски тенор Чарлс Кастроново, синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид беше свечено отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“. Придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми, тие приредија вечер за паметење, исполнета со најубавите арии и дуети од богатата оперска литература. ...

Со гала концерт насловен „Love“, вечерва во 21 часот на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, најзначајната и најреномирана меѓународна културна манифестација во Македонија, која и ова лето ќе го претвори Охрид во светска сцена на музичката и драмската уметност. Фестивалската завеса ќе ја кренат две големи имиња на светската оперска сцена, познатата сопранистка Ермонела Јахо и американскиот ...

Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни музички изведби, уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ останува еден од најзначајните културни настани во регионот. На сцената на Античкиот театар блеснаа ...

Вчеравечер свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ со настапот на светските оперски ѕвезди, сопранистката Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, кои настапија синоќа пред полниот аудиотриум на Античкиот театар во Охрид. Тие, заедно со Националната опера и балет, а предводени од диригентот Марко Боеми од Италија создадоа љубовна магија со публиката, изведувајќи едни од најпознатите арии од ...

Со свеченост во Античкиот театар, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа официјално го отвори 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа порача дека во време на поделби, конфликти и неизвесност, културата и уметноста остануваат простор што создава надеж, мир и солидарност. Според неа, музиката и театарот се креатори на невозможното и претставуваат суштинска човечка потреба. Сиљановска-Давкова истакна дека Охрид со право ја ...

„За мене ова отворање беше многу повеќе од почеток на едно ново фестивалско издание. Кога го видов преполниот Антички театар, повеќе од четири илјади луѓе кои дојдоа да ја споделат магијата на уметноста и емоциите што ги донесоа Ермонела Јахо, Чарлс Кастроново, маестро Марко Боеми и Оркестарот на Националната опера и балет, почувствував огромна гордост и благодарност. Тоа беше потврда дека „Охридско лето“ не е само фестивал, туку место каде ...

Со величествениот настап на светските оперски ѕвезди, сопранистката Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, Охрид уште еднаш потврди дека е еден од најзначајните културни центри не само во регионот туку и во светски рамки. Со своите раскошни гласови, длабоката емоција и со впечатливата сценска харизма, тие приредија вистинска магија за присутните, наречена „Љубов“. – „Охридско лето“ не е само фестивал туку и место каде што ...