
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



По повод 40-дневниот помен на блаженоупокоениот митрополит дебарско-кичевски Тимотеј, денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архијерејска заупокоена литургија. Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на литургијата молитвено ќе присуствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, со членовите на Светиот архијерејски синод, под чиноначалство на ...
Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне ...
Познатиот Охриѓанец и градски лик Саше Топал кој оваа зима ужива во далечната и топла Австралија, беше на турнирот кој се одржува во Бризбејн каде имаше прилика да го гледа светскиот тенисер број еден, живата спортска легенда Новак Ѓоковиќ. За време на досегашните дуели на турнирот во Бризбејн, Ѓоковиќ покажа сигурна игра и без поголеми потешкотии стигна до четвртфиналето. Српскиот тенисер во првото коло беше подобар од Ринки Хиџиката, а потоа ...
Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за да се соберат средства за нејзиното лекување, за жал ја загуби битката со подмолната болест. Во нејзина чест и спомен, ја реобјавуваме пораката со која таа им се заблагодари на сите добри луѓе за помошта и поддршката која и’ ја дадоа. Господ не дава на сите се’, туку на сите по нешто, за да ...
Илјадниците туристи од соседните земји, пред се од Србија кои Нова година ја славеа на журки во Охрид денес го напуштаат градот. Улиците од утрово се полни со млади луѓе кои со спакувани куфери се движат низ градот и чекаат да се качат во автобусите на договорените локации. За Нова година охридскиот туристички бизнис помина одлично, хотелите и приватното сместување беа исполнети, а во кафетериите и рестораните се бараше маса повеќе. ПОВРЗАНА ...
Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј ...
Охрид денес преполн со туристи ја започна новата 2025 година. Во градот најбројни се Србите, а има и туристи од Албанија. Туристите од Србија се дојдени во сопствена режија, но има и стотици студенти кои се дојдени организирано преку туристички агенции кои го организираат патувањето со сите содржини од забави на бродови, до забави во клубови, а вака вчера изгледаше пристаништето во Охрид додека студентите од Србија се качуваа во бродовите каде ...
Охрид за новогодишната ноќ беше вистински центар на добрата забава и веселото расположение. Бројните охриѓани и туристи се забавуваа со квалитетна музика и исклучителни естрадни уметници. Забавата стартуваше со DJ Gec, по што на сцената настапија извонредните музичари од охридската група Take 5. Музичкиот блок продолжи со настапот на популарниот изведувач Пајак. Веселата атмосфера продолжи со избрана народна музика од фолк ѕвездата Наум ...
Првото новородено бебе во новата 2025 година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и солго 53 сантиметри. Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар. Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и ...
Пристаништето во Охрид денес беше претесно да ги прими туристите ( пред се млади лица од соседните држави ) кои во Охрид денес се забавуваат и ќе ја дочекаат новата година. Сите бродови и помали пловила денес работат со полн капацитет да ги опслужат туристите кои се во градот, но очигледно дека пристаништето како инфраструктурен објект одамна не ги исполнува потребите на туристичката индустрија во Охрид и наместо сервис повеќе претставува ...
За дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во богата музичка програма на градскиот плоштад. Забавата ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec. Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5. Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак. Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески. Во 23:30 е ...
Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ. Градот е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, каде уште од вчера е забележителна празничната раздвиженост, пред се поради гостите кои со голем број автомобили и автобуси пристигнуваат за тука да ги минат овие ...
Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС ,,КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во големите меѓународни карате сцени. На надежните млади спортисти градоначалникот им посака понатамошни успеси посочувајќи дека локалната власт во рамки на своите ингеренции ќе ги ...
На 29.12.2024 во 17.35 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода лица на (25), (19), и (19), сите од струшкото село Лабуништа, како и лица на (22), (20), (40), сите од селото Подгорци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во селото Лабуништа физички го нападнале лице на (53) од Лабуништа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветни ...
На 29.12.2024 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од лице на (60) од струшкото село Велешта и „форд“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од лице на (25) од Дебар. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на ...
Неделен преглед на теренски активности (23.12 – 29.12.2024). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 23ти до 29ти Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Партизански Одреди“ бр.10 – „Илинденска“бр.3 – „Железничка“ – „Христо Узунов“ – С.Велгошти (2 дефекти) – ...
Исполнетнеделен ден во Вранишката парохија. Имено вчера по отслужената Литургија Отец Ристе Наумоски приреди повоторно изненадување на дечињата од оваа парохија. -После завршувањето на богослужбата и овој ден ни беше исполнет со преубави моменти со најмладите, ја завршивме предвидената проба по што сме подготвени за дочек на празникот Бадник. Потоа отец Ристе ни приреди ново изненадување ни подготви и оваа година Алманах Православна Младина ...
Со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ“ и дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид, „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој денес на пладне се одржа во комплексот KAM Village. Пред бројните посетители, деца, родители, прекрасен настап имаше и музичкиот бенд на Црвен ...
Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Јерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, светиот Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема прозорливост. ...
) – Случај на мошне заразната болест африканска чума кај свињите е детектиран на приватно стопанство во охридското село Лакочереј – јави Плусинфо. Станува збор за прв потврден случај на болеста во Охридскиот Регион. Согласно превентивните мерки за спречување на ширењето на болеста, уништени и соодветно третирани се осум маторици и 20 прасиња од фармата. Засега нема индикации за појава на болеста во селото во чиј атар има околу илјада единки ...
На 28.12.2024 година во 12.45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, од лице на (30) од селото Боровец, одзедоа една ловна пушка и дозвола за истата. Тој, претходно во атарот на селото Нерези, упатил закани по живот кон лице на (47) од Вевчани, вработен ловочувар во „Црн Камен“ Вевчани кој во тој предел, вршејќи контрола, го затекнал лицето и уште три други лица. По целосно документирање на настанот, ќе ...
Во овој ден Црквата го одбележува споменот на светите Праотци, односно сите древни родоначалници на богоизбраниот народ – Израилот, и нивните потомци, почнувајќи од Адам, вклучувајќи ги Сит, Енох, Ное, Авраам, Исаак, Јаков па сè до Јосифа Обручник, коишто го очекувале доаѓањето Христово. Помеѓу ова мноштво на луѓе, коишто ја претставуваат целата историја на дохристијанското човештво, особено се издвојуваат имињата на старозаветните пророци, ...
Апелот за помош до јавноста го испрати семејството Рустем чиј дом изгоре на 16 декември во пожар, кој уништи се што тие имаа. Почитувани , ве молиме за помош според вашите можности, кој колку може дали парично или со материјали ( песок, цемент, абриб, лепак, материјали за струја , врати,прозорци, мебел и друго ) да помогне на Семејството Рустем, кое остана без ништо среде зима и пред празниците. Жиро сметки и телефон за контакт во продолжение ...
Рамиз Мерко ставен на стоп листа,поради опасност од бегство одземени му се сите патни и други исправи за преминување на државната граница. Првиот функцонер од ДУИ кој се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси се соочи со ново обвинение. Овој пат за скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда надвор од сите правни ...
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“ годинава ја доби Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“. Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид – Берлин, виа Скопје. За самиот ракопис авторката вели: „Поттикот за ...
Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Кога тој го виде Елефтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година го ракоположи за ѓакон, во ...
На ден 24.12.2024 во ЗП Охрид и Дебарца се одржа четвртата седница на собранието во мандатниот период од 2023 до 2027год, во проширен состав со која раководеше Ристо Трајкоски, претседател на собранието. Покрај членовите на собранието присуствува и членови на повеќе органии тела на ЗП. Согласно усвоениот Дневен ред седницата на собранието беше поделена во два дела (работен и свечен) . Во работниот дел беше избран записничар и два заверувачи на ...
Поградец Марина, луксузниот проект кој од корен ќе ја замени досегашната туристичка понуда на овој град на ( како што стои во текстот ) „Поградечкото Езеро“ – вака медиумите во Албанија го најавуваат најновиот проект за развој на овој крајезерски град во кој во следниот период ќе се инвестираат милиони евра во градба на овој мега проект. Интересно е што во официјалното соопштение за оваа инвестиција, името на Охридско Езеро ( кое во цел свет се ...
Веќе втора година по ред во клубот кој го донесе борењето во Охрид најмладите членови добија новогодишни пакетчиња, спортски маици, а секое дете се фотографира со Дедо Мраз и фотографиите ќе бидат постирани на интернет. Борачкиот клуб ,,Аждер” работи повеќе од две години. Клубот го основа и води Илија Спасески кој го донесе борењето во Охрид и за кратко време успеа да го популаризира овој спорт кој постојано добива нови членки. Илија Спасески ...