
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. ...
Со цел да обезбедиме поддршка на образованието и да создадеме услови за развој на квалитетни кадри и оваа година објавивме јавни конкурси за доделување стипендии за основците, средношколците и студентите. Наш приоритет се интересите на младите, мотивацијата за постигнување врвни резултати и создавање на генерации кои ќе бидат двигатели на иднината. Повеќе информации за повиците можете да најдете на официјалната веб-страница на Општина Охрид. ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (44)г. од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа. Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок ...
Со 13 гласа „за“ таа е избрана за судија за кривична област, а беше прворангирана од Комисијата за судија од кривичната област. Членовите на Судскиот Совет за судии за битолска Апелација за граѓанска област ги избра Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски, сите судии на Основен Суд Битола. Судскиот Совет расправаше и по известувањето од Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови ...
Факултетот за медицински науки на Универзитетот на Мерко повторно е вест, неколку месеци по добивањето дозвола за работа од претходната влада. Министерството за образование и наука побара од Собранието разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование, Расим Зуфери, во чии рамки е Агенцијата и Одборот за акредитација во високото образование. Министерството во извештајот вели дека критериумите не биле испочитувани и ...
Граѓанската иницијатива „ЗБОГУМ БУКОВО“ интензивно работи на информирање и едуцирање на жителите на поширокиот регион со последиците по животната средина и здравјето на живиот свет од постоењето на активното ѓубриште Буково, но и со постојана комуникација-барање за информации и отчет за чекорите и активностите кои ги преземаат надлежните институции за решавање на овој горлив проблем. Во таа насока со овој допис, преку вас, ја запознаваме ...
Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, ...
Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено ...
Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, ниво кое е помало отколку довербата во “шибицарите“ што измамуваат луѓе на улица со триковите преку три кутии од ќибрит и топчето што никако го нема кај што сте го виделе. Дека има причина за таа ниска доверба докази гледаат граѓаните, преку сопствени искуства и сознанија кои ги добиваат секој ден. Еве еден документиран доказ како се “обработуваат“ судии за да се пресуди во ...
На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице на (39) г. од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на (72)г. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ , ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена ...
Големата сала на Општина Охрид ќе се користи со надомест согласно одлуката на Советот и донесениот Правилник од 04.12 2024 година. Како корисници на салата , може да се јават: Здруженија на граѓани, фондации, други правни субјекти и организации, политички партии, организатори на комерцијални настани, организатори на изложби, промотори на книги, работилници, обуки како и лица кои склучуваат граѓански брак. Висината на надоместокот за користење ...
Општина Охрид преку Одделението за култура надлежно за спомен-обележјата на подрачјето на општина Охрид, нивна санација, реставрација, чистење и одржување го реализираше проектот Дигитализација на споменици и спомен-обележја. Во периодот на месец октомври и ноември 2024 година, направен е увид на 20 спомен обележја во општина Охрид. Наведените спомен обележја се дигитално мапирани и за истите е подготвен текстуален опис кој ги содржи општите ...
Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван ...
На 20.01.2025 околу 14.45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот. Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има ...
На ден 19.01.2025 во просториите на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид во период од 9-15 часот Црвен крст Охрид во соработка со Институт за Трансфузиона Медицина на РМ ја организираа традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ на која што беа собрани рекордни 1️⃣1️⃣5️⃣ крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.🅰️🅱️🅾️🆎 ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 13ти до 19ти Јануари, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Бранко Шотра“ – „Вардар“ – „Гоце Делчев“ – „8ми Март“ – „Радојца Новичиќ“ – „Крум Точко““ – „Крсте Мисирков“ – „Прва Мак. Ударна Бригада“ – Нас.Рача – Нас.Лагадин – ...
Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на ...
Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление – Водици во духот на вековната традиција. Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток. Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските води, кај Клајнецот. Годинава, крстот го фати Петар ...
Постаро лице утрово се здоби со полесни повреди откако падна во езерото од кејот, на потегот пред Капетанијата, за време на церемонијата на празникот Богојавление Водици, јави порталот Охридпресс. мк Со брза интервенција на нуркачите кои беа во непосредна близина и екипите на Црвен крст и Итната медицинска помош, на лицето му беше веднаш пружена прва помош. Во присиство на голем број верници, денеска во Охрид се одржа верската манифестација ...
Мартин Гоџо е најсреќниот оваа година! Тој успеа да го фати Светиот крст што беше положен во водите на Охридското езеро. Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и ...
Осветена водата во Охридското Езеро. И годинава најсреќни Варошани. Најсреќенод сите е Мартин Гоџо. Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури ...
Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а ...
Длабоко во молитвената ноќ, кога светот изгледа затворен во својата тишина, Црквата се отвора кон вечноста, и сето создание бива осветлено од зраците на Христовата преобразувачка светлина. Таква беше и оваа благословена ноќ во нашата Свештена Бигорска Обител, во навечерието на Светото и светло Христово Крштение. Реканското бдение, со својата вековна традиција и посебната убавина, стана за сите нас уште еден прозорец кон небесата, сведочејќи за ...
На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“. На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот ...
На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за ...
Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го измачуваа на ...
По повод празнувањето на Богојавление – Водици На 18.01.2025 (Сабота – Водокрст) во храмот ,,Св. Никола ” Долна Маала ќе биде отслужена Утрена Богослужба и Голем Богојавленски водосвет со почеток во 08: 00 часот. 19.01.2025 (Недела – Водици) Богослужби во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот Св.Никола Геракомија, Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св.вмч.Георги Горна Влашка Мала, Св. Никола Долна Влашка Мала. Света ...
На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението Мерата на постот за верниците, како и за ...
Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според него нејзиниот придонес ќе биде од огромно значење во создавањето на една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековна традиција на Фестивалот. „Со професионалноста и ...