
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението Мерата на постот за верниците, како и за ...
Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според него нејзиниот придонес ќе биде од огромно значење во создавањето на една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековна традиција на Фестивалот. „Со професионалноста и ...
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2025 (недела) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци. Црвен крст Охрид ...
На 16.01.2025 во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, го лишија од слобода А.Б.Ш..(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други ...
Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ ...
Привршуваат подготовките по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици. Ова беше денес констатирано на координатиовниот состанок кој се одржа во просториите на Општина Охрид. Од утре започнува китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов е исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст. На 19-ти јануари, ...
Распоред на Богослужбите Петок (4/17 јануари) 6:30 Утрена богослужба 8:00 Царски часови со изобразителна за Светото Богојавление (според црковниот типик овој ден не се служи Божествена Литургија) 16:00 Вечерна богослужба 23:00 – 04:00 Традиционално реканско сеноќно бдение со Архиерејска Божествена Литургија, на којашто ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј Сабота (5/18 јануари) 04:00 – 04:30 Богојавленски ...
Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат ...
Најостро го осудуваме неприфатливиот чин на исмејување и сатиризирање на обидот за убиство врз Зијадин Села, што се случи за време на Вевчанскиот карневал, реагираат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). – Ова е тешко нарушување на човечкото достоинство и опасна провокација за општествениот мир и стабилност. Незамисливо е вака сериозен настан, кој шокираше многу граѓани и кој остави сериозни последици по животот на поединци, да се ...
ГРК Охрид со неверување ја прими веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќа. – Александар Јовиќ и како играч и како тренер беше пример за професионалец кој неизмерно го сакаше ракометот. Тој целосно се вложуваше на теренот, а со голем жар подоцна продолжи во ракометот како тренер на повеќе македонски тимови. Изразуваме длабоко сочувство кон ...
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност. На 18.01.2025 (сабота) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и ...
Вчера, на Стара нова година a во пресрет на денешниот празник Свети Василиј Велики-Василица, претставници на Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. Со љубов и со голема почит, посакувајќи им среќни празници и среќна 2025 година, на 23-те повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат и кои, со насмевка на лицето, не пречекаа во холот од одделението украсено ...
Обилните врнежи од снег ја блокираа целосно областа Голо Брдо, населена главно со Македонци кое го сочинуваат 21 села, дебелината на снежната покривка изнесува по више од еден метар ја блокираа цела областа Голо Брдо, наставата е прекината во училиштата во цела област. Во сите села во Голоборда сè уште траат проблемите кои произлегуваат од лошото време. Снежните врнежи од синоќа престануваат, додека температурата достигна -15 степени. Селата се ...
Јулијанската нова година, (позната и како Стара нова година или православна нова година) — неформален традиционален празник, кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар. Во XX и XXI век, Старата нова година паѓа на 14 јануари според грегоријанскиот календар. Ова традиционално датирање на Новата година понекогаш се нарекува „православно“ затоа што се враќа во времето кога властите во Русија и Источна Европа го ...
Во осмиот ден по раѓањето, Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраама, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господа покажува дека Он на Себе прими вистинско човечко тело, а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. ...
По повод Нова година според стариот јулијански календар, во Општина Вевчани се одржува традиционалната манифестација „Вевчански карневал“, пренесува Анадолу. Овој карневал се смета за еден од најголемите уникатни културни куриозитети во Северна Македонија и пошироко, со традиција долга над 1.400 години. Вевчанскиот карневал, кој се одржува по повод Нова година според стариот календар, е познат по тоа што на сатиричен начин, преку разни маски и ...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични ...
Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зграда по повод утрешниот празник Православна Нова Година – Василица. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски. Новите и минатогодишните кумови беа дарувани со ...
Постарите охриѓани знаат и го пренесеуваат на помладите, а денешните генерации се обидуваат да го зачуваат и продолжат ово ј стар традиционален охридски обичај. Од дамнешни времиња традицијата во Охрид наложувала да се подготвува варена топејнца со паричка токму спроти денот посветен на Светиот Василиј Велики. Имено, топејнцата во суштина значи варено тесто со некои додатоци да се добие на вкус и во него поставена паричка. Топејнцата се ...
Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма. По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те ...
Синоќа со музичката програма започна Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Република Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица. Настапија нашиот Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење. Вечерва, по карневалските фешти ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам. Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски ...
Голем број македонски семејства Василица, на 14 јануари, ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Паричка во лепче за Василица се става во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија. Имено, Св,Василиј беше епископ на Кесарија во Мала Азија и живеел единствено со своите сограѓани во љубов,рзбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и ...
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек по име Апинијан. Кога го роди второто дете, таа се разболе и му рече на мажот ѝ дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот ѝ се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се ...
Од 14:30 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира ЈП Македонијапат. Во моментов сообраќајот се одвива многу тешко. Колони возила се обидувааат со минимална брзина да се движат по коловозот. Претходно поради слаба видливос и авиони кои требаше да слетаат во Охрид беа пренасочени во Тирана. Инаку ЈП Македонијапат претходно соопшти дека се воведени забрани за ...
Од 14:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира ЈП Македонијапат. Јавното претпријатие претходно соопшти дека се воведени забрани за камиони од превентивни причини на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, на патот Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и од ...
Активни забрани за тешки товарни возила: – Тетово-Попова Шапка – КриваПаланка граничен премин Деве Баир – Гостивар-Маврово-Дебар – Гостивар-Стража-Кичево – Пресека – Плетвар Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир. Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу ...
На 10.01.2025 во 18 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец – Механизација“, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието, и откако го отклучил, заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена ...
Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро ...
Вевчанци на ситно ги одбројуваат не веќе деновите, туку саатите до почетокот на големиот настан за кој живеат низ целата година, Вевчанскиот карневал. Особено тоа може да се забележи во Василичарскиот Долномаалски конак каде секојдневно се собираат вевчанци околу последните подготовки за карневалот а се позачестени се и свирките кои се вежбаат за самиот ден. Со еден збор кажано веќе атмосферата се загрева полека а кулминацијата ќе биде на 13ти ...