Продолжија активности за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици кои се одвиваат во Велгошти. Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат. Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот ...

Најпознатиот охридски угостителски објект Kadmo Beach Restaurantкој од годинава работи преку целата година за оваа Православна Нова Година – Василица организира забава со групата „Зарина“ и специјална понуда на мени по избор на гостите. Поминете незаборавни моменти за Православна Нова Година – Василица со избор на менито во Kadmo Beach Restaurant. Информации и резервации на : 075823246 ЛЕТОТО БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ, ПА ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ КАКО ИЗГЛЕДА ...

Денеска го одржавме првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка на најмасовната културно- верска манифестација кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство. Во согласност со традицијата , Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската ...

Вчеравечер, срцето на градот Кичево пулсираше во духот на Божикната радост и љубов, кога нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, го посети празничниот базар. Во атмосфера исполнета со празнична топлина, музика и светлина, градот стана сведок на исклучително срдечна средба помеѓу нашиот пастир и верниот народ. Огромната толпа присутни, меѓу кои најбројни беа децата и младите, со голема љубов и почит го пречекаа Старецот, кој, ...

Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500 години) но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години . Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган . Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од ентузијастите –волонтери од ...

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се ...

„Дубаи го препорачувам како дестинација за одмор во есен и пролет, на лето температурите достигнуваат и до 50 Целзиусови степени, а тоа и зачинетата храна се работите кои најмалку ми се допаѓаат тука, инаку раскошот е насекаде, тука е сè како модна писта – трговските центри, плажите, рестораните, хотелите… Шеиците не се дел од секојдневниот живот, меѓутоа често можат да се забележат на јавни настани.“, раскажува Емилија Коцареска Дуданова (33) ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека денеска починал писателот, новинар и публицист Наум Бајо, член на ДПМ од 2001 година. -ДПМ со жалење информира дека денес почина писателот, новинар и публицист Наум Бајо, роден на 30 април 1943 во Долна Белица, Струшко. Наум Бајо беше член на ДПМ од 2001 година, информира писателската асоцијација. Меѓу делата на Бајо се романите „Живот“ (1994), „Црвените птици над Рим“ (1995), „Часовник ...

Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници лице на (20) од селото Велмеј, општина Дебрца и лице на (21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница ...

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета ...

+ В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ, ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА, БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОТКАЈ РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС Најчесни браќа Јерарси и благословени чеда во Господа, Со благоволение одозгора и оваа година стигнавме до сепразничниот ден на Рождеството по плот на Божјото Слово, Кое дојде на Земјата и поживеа меѓу нас „поради неизречивото човекољубие“. Со псалми ...

Враништани на уникатен начин на полноќ го најавија Христовото раѓање. Имено долгометарски крст со бакли кој го направија младите враништани го осветли селото , а со тоа најавувајќи го Христовото раѓање. Пропратено со црвените бакли, како по традиција на полноќ имаше и огномет. Идејата и организацијата е од страна на Младинската организазција Враништа , да се направи спектакл за Божиќ на 80 метарски крст со бакли во центарот на Враништа. Во ...

Акога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна…, еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ – во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Според на таа заповед, секој требаше да отиде во својот град и таму да ...

Божиќ е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Вербата во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме сите препреки. Вечерва, спокојно ...

Навечерието на Рождеството Христово – светол праг кон серадосниот празник на Воплотувањето на Спасителот наш Господ Исус Христос – според Божјата неизречена милост, и оваа година беше торжествено и молитвено одбележано во нашата Свештена Бигорска Обител. Овој ден, исполнет со длабока литургиска и духовна содржина, ги отвора срцата на верните за светлината што изгреа од Витлеем, подготвувајќи ги за средба со Богомладенецот Христос. Утрена, ...

Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои трипати влезе во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, а ...

Со пеење на возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” и со ѕвезди во рацете, денес, во Охрид, младите бадникари го најавија Христовото раѓање. Ѓоко Танески, виолинистката Сања Здјелер и Христијан Настески – Пајаки ја предводеа долгата и реасепана колона. Традиционално заедно со пратениците, советниците и директорите на јавните прептијатија од Охрид ги дарувавме децата кои учествуваа во поворката. Оваа година е 14та по ред како се одржува ...

Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на порталот сдк.мк, Сузана Вренцовска, од Охрид. – Возилото било запалено на 5-ти јануари 2024 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза ...

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но ...

Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Египет. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен ...

Во текот на денешниот ден жителите и угостителските објекти во центарот на Охрид имаат проблеми со напојувањето со електрична енергија, која цел ден „сецка“ и ја има со прекини – реагираат жители на Охрид кои со постови на социјалните мрежи бараат ЕВН да го реши проблемот. „ И денес за денов ( се мисли на верскиот празник ) ќе ни е темно и нема да имаме струја ?“ – пишува граѓанин кој денес прави визита ( именден ) и чека гости. Проблемите со ...

На 04.01.2025 година во 23:25 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (69) од Струга кој претходно, управувајќи патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, на пресекот со улицата „Партизанска“, удрил во сообраќаен знак и избегал. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол поради што, против него, ќе биде поднесена ...

На 04.01.2025 година во 21.40 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишен од слобода е лице на (37) а на разговор во ОВР Струга, повикан е лице на (39), двајцата од струшкото село Корошишта. При преглед во паркирано патничко возило „Фолксваген Лупо“ во кое, двајцата се наоѓале, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста ...

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...

Недела (23 декември / 5 јануари) – 7:30 – Божествена Литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски. – 16:00 – Вечерна богослужба Понеделник (24 декември / 6 јануари) – 06:30 – Утрена богослужба – 07:30 – Царски Часови за Рождество Христово. Изобразителните. – 09:30 – Голема Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија – 18:00 – 19:30 ч. Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди – 21:00 ч. Сеноќно бдение во чест на светлото ...

Повторно се шири измама со пораки за испорака на пакети кои наводно ги испраќа „Пошта“ . Станува збор за класична фишинг измама преку СМС, која е особено интензивна за време на празници или сезонски попусти кога голем број луѓе очекуваат испорака на пакети. Измамниците се потпираат на непромисленоста на луѓето кои без да размислат кликаат на линкот кој им се праќа во пораката по што може да пристапат до телефонот, маилот, социјалните мрежи и на ...

Наизглед и од далеку малку може да се забележи што се одвива на најголемото градилиште во земјава. Над илјада и петстотини вработени секојдневно и во зимски услови се на терен. Работат засилено на пробивање на делницата од автопатот од Гостивар до кичевското село Букојчане, која е дел од Коридорот 8, а на која работи конзорциумот „Бехтел и Енка“. МИА помина еден ден на градилиштето каде можеше одблизу да види како се одвиваат градежните работи. ...

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата ...

СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање. Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
33%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
49%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.75
70%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
56%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
5.66
48%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
39%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
78%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60