
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Др. Клаузер е еден од водечките светски авторитети за квантна механика, проучување на материјата и светлината на субатомско и атомско ниво. Во 2010 година ја доби наградата Волф за физика, втора најпрестижна награда за физика по Нобеловата награда. Неговите коментари ќе помогнат да се фрли дополнително сомневање врз и онака неточното но распространето тврдење дека 99% од научниците се согласни дека луѓето се главен фактор за климатски промени. ...
Ганг, кој стана министер во декември минатата година, го нема во јавност од 25 јуни, што се објаснува со комбинација од службени и приватни проблеми. Сомнежите околу Ганг почнаа кога тој не се појави на самитот на АСЕАН во Џакарта, што кинеското министерство за надворешни го оправда за „здравствени проблеми“. Во Џакарта патуваше претходникот на Ганг, Ванг Ји, кој таму имаше средба и со американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен. ...
Предупредувањето доаѓа од портпаролот на украинската армија, Серхи Херевати, и според него руските сили на северот се составени од 100.000 војници, над 900 тенкови, 550 артилериски системи и 370 ракетни системи. Тие веќе почнале со гранатирање на Купјанск со по 500 проектили на ден. Купјанск е град на некои си 100 километри пред Харков, кој Украинците ги ослободија во офанзивата во септември минатата година. Изјавите на Черевати се потврдени и ...
По спектакуларниот старт и рекордното поминување на границата од 100 милиони нови корисници, последните бројки покажуваат дека Тредс моментално има 23,6 милиони активни дневни корисници, споредено со пикот од 49 милиони. Истите луѓе зад бројките на Тредс, Симиларвеб, тврдат дека просекот на Твитер е 109 милиони дневни корисници. Во врвот на користењето, најголем број од корисниците се на Андроид и од САД, а најдолг просек на користење на ...
Објектот веќе некое време се влече низ локалната администрација откако во 2020 беше одбиен предлогот тој да се претвори во џамија со капацитет за 1.000 верници. По ново, тој во себе освен место за молитва ќе има и исламски центар. Дел од критиките околу отворањето џамијата доаѓаат и од исламските верници за кои е проблематична локацијата која се наоѓа во област полна со барови што служат алкохол, ноќни клубови, геј локали и стриптиз барови. Азиз ...
Иако поддршката била најмала кај младите, сепак анкетата спроведена од француската Цњуз, покажала согласност со идејата низ сите генерации. Најмногу наклонетост кон укинувањето на државјанството имале конзервативците и десничарите, со 91% од испитаниците. Тоа што изненадило била поддршката од 56% од лицата со либерална и левичарско убедување. Единствена група која мнозински била против ова се симпатизери на крајно левичарската Непокорена ...
Неколку месеци по почетокот на војната Русија и Украина потпишаа договор со Обединетите нации за продолжување на извозот преку Црното море, со кој беа извезени вкупно 33 милиони тони житарки. Со договорот Русија гарантираше безбеден премин на бродовите преку Црното море товарени со украински житарки. Како дел од договорот во Турција беше основан Заеднички центар за координација, кој ги проверуваше и монтиорираше бродовите. Со договорот беа ...
Бројките што ги пренесува Њујорк тајмс се од високи американски и европски функционери, и во нив се вклучени и сериозни западни оклопни возила (тенкови и борни коли), кои требаа да бидат клучни за украинската победа врз Русите. По првичните загуби, Украинците успеваат да ја намалат стапката на уништена опрема на 10%, зачувувајќи поголем дел од оружјето за главниот дел од офанзивата. Драстичното намалување на загубите делумно се должи на промена ...
„Знам пријател кој по грешка ги изел и три дена халуцинираше,“ и „мислиш дека одиш право а одеднаш паѓаш на страна,“ се дел од искуствата од јадењето на оваа печурка што локалците ги споделуваат со Си-ен-ен. Минатата година Ботаничкото друштво на Јунан, провинцијата во која расте печурката, во списокот на отровни печурки од провинцијата ја додаде и сортата што и била послужена на Јелен, џијан шу чинг. Ваквото категоризирање предизвикало дебата ...
На самитот во Вилнус оваа недела, лидерите на НАТО порачуваа дека иднината на Украина е во НАТО. Шупливи зборови. Коминикето на НАТО, објавено подоцна, го потопи секое ветување за членство во море од предуслови. Водачите на НАТО ќе ѝ упатат покана на Украина за членство во НАТО: - само по завршувањето на војната; - само ако „сојузниците се согласат и условите се исполнети“; - само ако се задоволни со „напредокот на Украина во однос на ...
Следниот месец ќе се случи развој на настаните за кој малку се зборува а може да заврши со огромни последици за јавниот интернет простор ширум планетата. 25 август 2023 година е датумот до кој големите платформи за социјални медиуми ќе треба да започнат целосно да се усогласуваат со Законот за дигитални услуги на Европската унија или DSA. ДСА, меѓу многу други работи, ги обврзува сите „Многу големи онлајн платформи“ (VLOP - Vеry Large Online ...
Кореспонденцијата што се бара од него е на телефон што тој не го користи од мај 2021, а во исто време тој не се сеќава со „100% сигурност“ кој е пинот на уредот на кој се наоѓа Вотсап апликацијата. До минатата недела Џонсон се обидуваше законски да го спречи предавањето на уредот, тврдејќи дека материјалот е „недвосмислено нерелевантен“. Британската влада имаше рок до 16 часот овој понеделник да и ги предаде сите материјали на истрагата, меѓутоа ...
Анализата што ја пренесува Вол стрит журнал покажала дека сега Иран сам почнал да ги реплицира деловите за дронови кои некогаш биле купувани од странство. „Иранска компанија изгледа развила способност да ископира два дела кои се користат во дроновите а кои порано доаѓаа од јапонски производители на електроника,“ го пренесува Вол стрит журнал заклучокот на британскиот КАР (Conflict Armament Research) кој ги проучува дроновите во Украина. Ова е ...
Во средата ниту еден од играчите на Пауербол не успеа да ја погоди добитната комбинација (23, 35, 45, 66, 67 и дополнителен број 20) па премијата за следното извлекување од 750 стигна до 875 милиони долари. Последен пат Пауербол се падна на 19 април, на ливче купено во Охајо, со награда од 252,6 милиони долари. Од тогаш има 35 извлекувања по ред без ниту еден добитник. Сегашната награда е шести по големина џекпот во историјата на играта. ...
Се работи за најголемата побарувачка на пари од есента 2022 кога Русија објави дополнителна воена мобилизација, која исто така предизвика паника и започна бран на имиграција од земјата. Од Централната банка порачуваат дека вадењето пари не ја нарушило монетарната политика на земјата но и дека тоа ќе биде земено предвид во одлучување на идното работење со комерцијалните банки. Бунтот на Вагнер истовремено ја сруши рубљата на најниско ниво во ...
Британскиот министер за одбрана, Бен Волис, и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливен, му порачаа на Зеленски дека и тој и неговата држава треба да покажат малку повеќе благодарност за помошта што ја добиваат од Западот. Прво Волис порача дека „без разлика дали тоа ни се допаѓало или не, луѓето сакаат да видат малку благодарност“, дополнително критикувајќи го Зеленски дека има навика со барањата за ново оружје да ги третира ...
Највпечатливиот дел од презентацијата до која доаѓа Вор зоун, покажува дека капацитетот на кинеските бродоградилишта е 23.250.000 тони, наспроти американскиот капацитет од 100.000 тони, или разлика од 232,5 пати Презентацијата ја има разликата и меѓу сегашната и идната состојба на американската и кинеската морнарица (PLAN - People's Liberation Army Navy). Па ако во 2020 разликата била 60 пловила во корист на Кина (категорија која опфаќа се од ...
Поранешниот претседател за глобални вести и забава, Џеси Анџело, за една година (крај на мај 2022 - почеток на мај 2023) наплатил 815.254 долари од Вајс. Друг менаџер, Кори Хаик, наплатил 726 илјади долари, Дејзи-Огер Домингез, директорката на кадрово била со плата од речиси 750.000 долари, а Субрата Де, заменик претседателката за вести, наплатила 779.000 долари. Освен редовните плати менаџерите на Вајс земаат и бонуси во ранг од 50 до 150 ...
Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, коментирајќи ја одлуката на Макрон да изгаси дел од социјалните мрежи за време на немирите во Франција, објасни: „Кога има содржини што шират омраза, содржини што повикуваат, на пример, на револт, што повикуваат на убивање и палење возила, тие се должни веднаш да ги избришат овие содржини.“ Бретон тука го цитира Законот за дигитални сервиси на ЕУ кој треба да почне да важи во Унијата од 25 ...
Извештајот главно опишува како администрацијата на Бајден не доволно го испланирала военото повлекување од Авганистан и како не успеала да го предвиди хаосот што се случи. Меѓу хајлајтсите од извештајот кој го подготвува Стејт департментот се: - Немало доволно разбирање на највисоко ниво за можните најлоши сценарија и колку брзо истите можат да се случат. - Иако предвидувањата варираат, се до падот на Кабул, најголем дел од процените се дека ...
Дел од арсеналот на Бајден го пренесува Аксиос според кои американскиот претседател често знае да избувне со викање и пцовки на своите соработници. „Приватната избувливост покажува многу покомпликувана слика на Бајден како менаџер и претседател, наспроти неговиот внимателно одгледуван имиџ на добродушен чичко кој сака Рејбан очила и сладолед,“ пишува Аксиос. Дел од соработниците дури веруваат дека за Бајден би било многу подобро доколку тој ...
Се работи за случај во кој земјоделец одговорил на текст порака во која компанија му понудила да откупи 86 тони лен по цена од 12,73 долари за бушел. Купувачот на земјоделецот по порака му испратил и слика од договорот, барајќи од него „да му го потврди договорот за лен“. Земјоделецот на ова му вратил емоџи од палец нагоре. Кога дошло време за испорака земјоделецот не го исполнил својот дел од договореното и не испорачал лен, главно затоа што во ...
„Ги повикувам сите овие држави кои прават Турција да чека пред вратата на Европската унија повеќе од 50 години. Прво, дојдете и отворете го патот за Турција во Европската унија, па ние ќе го отвориме патот за Шведска, исто како што направивме за Финска,“ порачал турскиот претседател. Првата реакција на портпаролот на владата на ЕУ беше дека зачленувањето во НАТО и ЕУ се различни процеси, и дека секоја земја кандидат е оценувана врз основа на ...
Дипломатскиот притисок што Украина моментално го врши не е само колку за галама, туку нејзината желба да биде дел од НАТО се очекува да биде централен дел од дебатата која ќе се води на НАТО самитот во Вилнус. Самото тоа што влегувањето во НАТО доаѓа со ветување од Алијансата дека сите сојузници ќе се борат и ќе загинат еден за друг „подразбира многу реална можност за војна (вклучително и нуклеарна војна) со Русија“. „Токму можноста за ваков ...
Правдајќи го ваквиот потег, Бајден во интервју објасни дека ова е одлука која многу тешко му паднала да ја донесе, ама дека морало да биде направено затоа што на Украинците им снемувало муниција. Подоцна советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, признавајќи дека касетните бомби претставуваат опасност за цивилите, објасни дека токму затоа толку време чекале пред да ја донесат одлуката. Во меѓувреме се сменило и тоа што на ...
На анкетата на Југов, Бад Лајт бил на 14 место зад брендови како Пабст блу рибон, Милер драфт и Милер лајт. Во исто време, споредбата на анкетите од вториот квартал во 2022 и 2023 покажува дека останува ист бројот на луѓето на кои им се допаѓа Бад лајт, на некои си 42%. Драмата на Бад лајт почна откако компанијата реши да го ангажира Мулвејни за кампањата за Марч меднес, колеџ баскет турнирот. Како дел од кампањата ликот на Мулвејни беше ...
Меѓу ланскиот јуни и овој јуни, Велика Британија бележи „вишок смрт“ (во однос на повеќегодишниот просек за одреден период) од 1.059 лица на еден милион жители. Овој британски вишок на смрт е поголем од вишокот на смрт кој го регистрирале 13 од 27 земји на ЕУ во истиот период во пандемиските 2020-21 година. Тоа се Австрија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Германија, Франција, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија и Шведска. „Ако утре ...
Лесно е да се разбере желбата да се подржуваат „добри“ компании, наместо оние аморални лакоми фирми кои бараат само профит. Тоа создава чувство на исправност и праведност. Но, како тоа изгледа во пракса? Компании со највисоки ЕСГ метрики (ESG - environmental, social and governance), особено на еколошката страна, се оние кои имаат релативно ниско ниво на јаглерод по килограм приход. Тоа по дефиниција ги прави „зелени“ финансиските услуги, ...
Од авганистанските ниви доаѓаат повеќе од 80% од светското производство на опиум, бројка која не беше нешто значително сменета ни по американската инвазија на земјата во 2001, ни во следните 20 години окупација. Во април минатата година група верски лидери издадоа наредба со која се забранува одгледување на афион во целата земја. Година и нешто подоцна, дел од експертите акцијата ја опишуваат како „најуспешниот напор за борба против наркотиците ...
Водата за пиење од речиси половина славини веројатно содржат „вечни хемикалии“ кои можат да предизвикаат рак и други здравствени проблеми, обелодени нова владина студија. Синтетичките соединенија познати како PFAS ја загадуваат водата за пиење (во различни размери) и во големите градови и малите градови - и во приватните бунари и во јавните водоводни системи, соопшти Геолошкиот завод. Ова е прва студија која ја тестира на PFAS и во регулираните ...