Данела Арсовска: Една молба за сите вас кои сте паметни и самосвесни граѓани, врз кои сендвичите од штаб немаат влијание на слободната мисла, да им објасните на овие Борковите бот спасители. Јас ја донесов Европската младинска олимпијада 2025 во Скопје, но не ја организирав, кога требаше да се отпочне не исклучија и ја организираа МОК и Борко Ристовски Исто ја донесов и титулата Европска претстолнина на културата 2028, која исто така нема да ...

Израелската армија денес објави дневен прекин на огнот во одредени области во Газа и создавање безбедни хуманитарни коридори за конвоите на ОН и невладините организации за справување со гладот поради влошената хуманитарна криза. Овој прекин на огнот ќе се спроведува од 10:00 до 20:00 часот по локално време, почнувајќи од денес (недела), почнувајќи од областите Ал-Маваси (југ), Деир ал-Балах (центар) и Газа Сити (север), каде што нема да има ...

Камиони што превезуваат хуманитарна помош за Појасот Газа го преминаа денеска граничниот премин Рафах од Египет во палестинските територии. Големи камиони натоварени со бели вреќи како минуваат низ египетската страна на терминалот. Сепак, камионите не влегле директно преку палестинската страна на терминалот, што беше делумно уништен и затворен поради војната. Тие патувале неколку километри до израелскиот граничниот премин Керем Шалом, каде ...

Данела Арсовска: Борко како министерство за спорт и Влада цела година ја организирате младинската олимпијада, милиони потрошивте, не дозволивте град Скопје никаде да биде вклучен и сега сакаш ние да сме виновни? Аман ова веќе ни во штаб не ви поминува, а не пак меѓу граѓаните. Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно, да се фалите сами со олимпијада во Скопје. Градот ни знае што сте организирале, ни каде пари сте ...

Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово, стои во демантот на Град Скопје, што МИА го пренесува интегрално. Цела година МОК и Министерството за спорт ја ...

Оддадовме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини, напиша Арсовска на социјалните мрежи. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден е симбол на тага, но и одраз на човечноста и хуманоста во најтешките моменти. Во рамки на одбележувањето, вечерва во 20:00 часот во ...

Бранко Тричковски: Вие сте за Македонија тоа што Енола геј беше за Хирошима, шумски пожар кој триесет и пет години не престанува да гори и уништува сѐ пред себе, вие сте хероин помешан си гипс во дози кои го анестезираат Македонецот до нивото кога, всушност, е на границата кога му е подобро да умре отколку да прави деца за да го исполни својот патриотски долг. Деца кои ќе ги чуваат коските на Гоце Делчев и ќе се борат некој да донесе ...

Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата на Украина (САП) изјавија дека го поздравуваат новиот закон на Зеленски поднесен во четврток, со кој ќе се врати независноста на нивните канцеларии Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го поништил контроверзниот закон што би ги поколебал антикорупциските тела поради протестите низ целата земја и ризикот од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли како ирелевантна одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина во септември. Она што го кажува е ирелевантно. Тој е добар човек, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина, рече Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации ...

Скопје ја одбележува 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на утртешен ден, на 26 јули 1963 година кога животот го загубија 1.070 лица, а над 3.000 беа повредени. Земјотресот ја разурна скоро третина од тогашната македонска престолнина и остави повеќе од 200.000 луѓе без покрив над глава. Во чест и сеќавање на жртвите, вечерва во Музејот на град Скопје ќе биде отворена трајна изложба насловена „Скопје за време на ...

Масовен прекин на интернет-услугата „Старлинк“ на компанијата „СпејсИкс“ сериозно ја наруши комуникацијата на украинските воени сили во текот на ноќта, изјави висок украински командант. Интернет-сервисот „Старлинк“ не функционирал околу два и пол часа, а прекинот се случил долж целата фронтовска линија, објави командантот на украинските дронски сили, Роберт Бровди, на Телеграм. Тој првпат соопшти за проблемот околу 22:41 часот по локално ...

Бранко Тричковски: Силјановска: Спремна сум да појдам таму кај што градоначалниците не се од македонска етничка националност! Тричковски: Вашата одлука, почитувана претседателке, е израз на крајна храброст, да се влезе на теренот кој не го управуваат лудите Македонци од расата на вмронитите, само храбро претседателке, не плашете се, не бојте се, и да погинете, колку можете ќе се спасите, стискаме ви палци, само напред, за Македонија на ...

Јована Тренчевска: Еве ја вистината за сите неинформирани ама критичари без факти! Очигледно во мода е да се критикува, навредува, деградира и плука без да се каже или знае вистината! А вистината е: Од 2022 до мај 2024 до кога ја извршував функцијата министерка за труд и социјална политика, според Методологијата која ја донесе Владата на СДСМ во февруари 2022 година, пензиите се усогласија/покачија за 29,7%. Ниту едно покачување во апсолутен ...

Најновите информации од Центарот за управување со кризи покажуваат дека до 13 часот на територија на државата активни се шест пожари, а четири се ставени под контрола. ЦУК информира дека евидентирани се вкупно 14 пожари. Активни се пожарите на планината Готен кај селото Нивичино, потоа кај селото Бешиште во општина Прилеп, кај селото Црешнево во општина Македонски Брод и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип. Остануваат активни и ...

Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа. Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“. Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до ...

Пожарот што избувна во општината Прозор-Рама во Централна Босна и понатаму е активен, а во неговото гаснење утрово се вклучи и хеликоптер на вооружените сили на БиХ, јави телевизијата БХРТ. Властите синоќа побарале и меѓународна помош за гасење на пожарот од воздух. Пожарот зафатил густа иглолисна шума и брзо се шири, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговачко-Неретванскиот кантон. Според утринскиот биланс, хеликоптерот до ...

ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на ...

Мери Георгиевска: Да беше Мицковски робот, немаше да ги праша изгорените родители: “Како сте?” Кога изгореа 63 деца во Кочани, за нив умре Светот, а за премиерот на Северна, Мицковски, умре делче од Вистината. Професионалните престапници одлично знаат дека за да се започне војна, прво треба да се убие Вистината. По можност цела и без остаток. И бесповратно. Вистината е КОЧАНИ, сите ние до еден и МАКЕДОНИЈА. Вистината во Македонија се претвори ...

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцаta велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово. – Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на ...

Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин ...

Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина заврши, а состанокот траеше околу еден час. Разговорите се одржаа во Истанбул. Украина и Русија се согласија за нова размена на затвореници за време на последната рунда мировни разговори во Истанбул, објавија руските државни медиуми. Размената ќе вклучува и воени затвореници и цивили. Кијив ѝ понуди на Москва самит на лидери со цел да се стави крај на војната до крајот на август. Шефот на ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен побара објаснувања од украинскиот претседател Володимир Зеленски, по донесувањето на законот за антикорупциски структури што предизвика бран протести во Украина. Урсула фон дер Лајен „изрази сериозна загриженост поради последиците“ од законот, кој ја укинува независноста на антикорупциските тела, и „побара објаснувања од украинската влада“, изјави денеска неименуван портпарол на ...

Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис по денешната средба во Атина порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи. На средбата е заклучено дека почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, како и досега, ќе се засноваат на ...

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила ...

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, ...

Активистката Грета Тунберг, заедно со граѓани и организации во Албанија, се мобилизираат за голем протест денеска во 18 часот на плоштадот „Скендербег”. Учесниците на протестот ќе бараат крај на израелската окупација на палестинскиот народ, приклучувајќи се кон глобалниот бран протести. – Додека Газа влегува во фаза 5 од неухранетост, ова е повик до меѓународната заедница да ја избере вистинската страна на историјата и да помогне во ...

Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...

Снежана В Андраши: Во Скопје започна Европското младинско олимписко првенство, но организацијата е на понижувачко ниво. Нема никаква промоција, ниту билборди, ниту видливи најави, ниту атмосфера достојна за еден европски настан. Се одржува натпревар без публика, без интерес, без почит кон младите спортисти кои заслужуваат многу повеќе. Како може ваков настан да помине незабележано? Каде е поддршката, каде е спортскиот дух, каде се ...

Андреј Жерновски: Нека ни одговори премиерот на сите дека оваа вест е лажна и готово. Ја затвораме темата и сите заедно ќе ги критикуваме бугарските медиуми и оние кои стојат позади нив дека злонамерно и подмолно пласираат дезинформации. Искрено се надевам дека сето ова е една голема лага. За крај, ќе се обидам да бидам јасен. Секој македонски граѓанин има право да аплицира за друго државјанство. Мотивите се индивидуални, во најголем случај ...

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат. Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност. Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво. Истрагата за утврдување на околностите под ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14