СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. ...

Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јави Еуроњуз. Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали. Претходните два конклава, во ...

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...

Студентите маратонци кои веќе 13 дена трчаат во штафета кон Брисел, денес прават пауза во Стразбур, каде што беа пречекани синоќа. Тие ќе ја искористат можноста да го посетат Европскиот парламент и да разговараат со европратениците. Тие беа пречекани од Србите од дијаспората, но и од Французите кои живеат во тој град. Им беше приреден свечен прием, им беа доделени медали, а ја отпеаја и својата песна “Freed from desire”. „Добредојдовте“, вака ...

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Кардиналите вчера почнаа да избираат нов водач за 1,4 милијарди католици во светот. Вечерта, од специјално поставен оџак видлив од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се издигаше црн чад, сигнализирајќи дека новиот папа не е избран. ...

Украинските власти рано утрово објавија нови бомбардирања и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ. Руски авиони исфрлија водени бомби повеќе пати над северниот Сумски регион, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за тековна воздушна активност во источен правец. Во меѓувреме, предупредувања за дронови и напади беа пријавени рано утрово и во ...

Членки на католичка женска група запалија факели со розов чад на ридот зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Сикстинската капела за избор на нов папа. „Додека светот чека бел или црн чад, нашиот розов чад сигнализира дека жените треба да бидат вклучени во секој аспект од животот на Црквата, вклучително и во конклавата“, изјави Кејт МекЕлви, извршна ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот. Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот. Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од ...

Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии. Парламентарната седницата повторно беше прекината бидејќи победничката партија на февруарските избори, Движењето Самоопределување, не доби доволно гласови за да формира комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Демократскиот сојуз на Косово, трета партија по освоените ...

Тринаесет Палестинци се убиени во израелски напади врз училиште во северниот дел на Појасот Газа, во кое биле сместени раселени семејства, објавија локалните здравствени власти. Ова се случува во време на континуирано уништување на домови и згради од страна на израелските сили во јужниот град Рафа. Медицинските лица објавија дека два од нападите биле насочени кон училиштето Карама во Туфа, предградие на градот Газа. Локалната новинарка Нур Абду ...

Во Баку слета свионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, јавија српските медиуми. Авионот не може да го продолжи патувањето кон Москва, бидејќи нема дозвола за летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извештај на агенцијата Танјуг чиј новинар ја следи таа посета на српскиот претседател. „Сите земји ...

Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти. Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода. Главна причина останува несовесното фрлање отпадоци, што покрај блокирањето, претставува и ризик од ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои „по овој основ овој месец не добиле студентски оброк“. Нагласи дека проблемот се решава и ...

Кардиналите од целиот свет се собраа изутрината на свечена миса во базиликата „Свети Петар“ во Рим, пред почнувањето на конклавата која ќе избере наследник на папата Франциск, пренесуваат агенциите. Литургијата, предводена од шефот на Колеџот на кардинали, Италијанецот Џовани Батиста Ре, почна во 10 часот по локално време. Таа му претходи на првото гласање на 133-те кардинали доцна попладне. Ова е најразновидната конклава во 2.000-годишната ...

Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица. Во одлука која би можела да доведе до отпуштање на илјадници припадници на воениот персонал, судот го одобри барањето на Министерството за правда да укине наредба на федерален судија која го блокираше ...

Многу сме загрижени и исплашени од експанзијата и успешните политики што македонскиот премиер ги спроведува во вашата земја. Башка нели премиерот и градоначалниците се потомоци на Александар Велики. Рибаро Скандинавските земји видно загрижени по изјавата на премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажале, како што рече „скандинавско управување со општините на локално ниво“. – Сака Мицкоски да ни го ...

СВР Куманово поднел кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во ...

Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ. „Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска на ...

Русија пресретна 19 беспилотни летала што се движеа кон Москва во текот на ноќта на 5-ти и 6-ти мај, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на 6 мај, пренесува Цивилмедиа. Како што пренесува Кијив Индипендент, ова е втора ноќ по ред во која беспилотни летала наводно ја таргетирале престолнината на Русија. Нападите се случуваат само неколку дена пред парадата за Денот на победата во градот и предложеното привремено прекинување на ...

Претседателот на Романија во заминување, Илија Боложан, го назначи Каталин Предоиу за вршител на должноста романски премиер. Боложан денеска го потпиша указот за назначување на Предоју за вршител на должноста премиер на Романија, кој ќе ги извршува службените должности до формирањето на нова влада, откако вчера Марсел Чолаку поднесе оставка на премиерската функција, соопшти кабинетот на претседателот, пренесе Аџерпрес. Националниот политички ...

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку денеска поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските избори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада. Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет, наведе Чолаку. Социјалдемократот Чолаку ја поднесе оставка до претседателот на Романија, Илие Боложан и на ...

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции. Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне ...

Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му наредил на Бирото за затвори да го обнови и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“. „Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, ...

Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк. Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат административниот и стручниот персонал во функционирањето на судството, како ...

Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од ...

Американскиот бискуп Томас Папроки побара американскиот претседател Доналд Трамп јавно да се извини за објавувањето на слика од себе како следниот папа, генерирана од вештачка интелигенција. Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели слика од себе генерирана од вештачка интелигенција облечен во белата папска одора. „Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè ...

Студентите од утрово протестираат пред Медицинскиот факултет во Ниш. Тие ги повикаа сите граѓани да им се придружат бидејќи стравуваат дека деканот ќе повика полиција да го разбие нивниот собир. Ljudi se polako okupljaju ispred Medicinskog fakulteta! Još jednom apelujemo na policiju da se uzdrži od bilo kakvog postupanja prema studentima i druge državne organe da postupaju u skladu sa zakonom i da svoj posao obavljaju profesionalno i ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска, во врска со најавите на ДУИ, рече дека правото на протест е уставно загарантирано, но не треба да се злоупотребува. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Филипче информира дека во СДСМ тече процесот за избор на кандидатите за локалните избори, како и дека се во тек разговорите за коалициски партнери за изборите. Правото на протест е уставно ...

Ивон Величковски: Операцијата „гаранции“ дека нема ново вето пропадна со овонеделната посета на Кошта на Софија, со која јасно ни се исцртува дека до 2030 сме полноправни членки на ЕУ, доколку ги исполнуваме обврските од рамката и стандардите Владеење на правото и борба против корупцијата, на пример, кои значат и расчистување со олигархијата и нивните партии во судството, но и откривање, запленување на нелегалните пари – и санкционирање на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
34%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
36%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.25
34%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
28%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
34%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
36%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61