Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. – Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите ...

Тони Дескоски: Како што предупредив, ситуацијата со неоусташтвото во Хрватска е прилично загржувачка. Сега усташкиот поздрав влезе и во Хрватскиот сабор. Со обид за релативизација на усташтвото. Точно е дека новите генерации имаат слаби познавања за овој мрачен дел од историјата, но наша задача е да ги потсетиме и да ги научиме за грозотиите на Фашизмот. Ние овде треба да ги потсетиме на грозотиите на фашистичките окупатори кај нас, а посебно на ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.Во текот на претресот во кој ниту еден амандман не беше прифатен, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски им порача на предлагачите да не изнесуваат тези дека се врши некаква дискриминација врз општините, зашто целта на Владата е, напомена, сите сфери во државата да бидат ...

Воопшто првиот лек против маларија наменет за бебиња и многу мали деца, е одобрен за употреба. Се очекува лекот да биде достапен во африканските земји во наредните неколку недели, објави „Би-би-си“. Лекови против маларија за деца постојат, но досега немало лекови специјално наменети за новороденчиња, бебиња и деца со тежина под 4,5 килограми. Наместо тоа, бебињата биле третирани со лекови за повозрасни деца, што носи ризик од предозирање. Новиот ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден ...

Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот. Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја, се ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет. Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа. Тој додаде дека Израел соработува со САД за пронаоѓање држави кои би можеле да им понудат подобра иднина ...

Бројот на загинати од разорните поплави во американската сојузна држава Тексас на 4 јули достигна 104 лица, додека спасувачките тимови продолжуваат со потрага по исчезнатите во надојдените реки и расчистување на паднатите дрвја. Властите најавија дека ќе почекаат со одговорите на прашањата околу метеоролошките предупредувања и зошто некои летни кампови не биле евакуирани навреме, иако било предвидено големо количество дожд. Во христијанскиот ...

Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола изби пожар од запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот договор со Киев мора да вклучува разоружување на украинската армија, како и укинување на санкциите против Русија. Условите наведени од Лавров се во согласност со официјалните воени цели на рускиот претседател Владимир Путин, поради што Москва ја започна инвазијата во 2022 година. На дневен ред се целите за демилитаризација и денацификација на Украина, укинување на ...

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР. Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции Министерството презема мерки за гаснење на пожарот. Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гаснењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што Министерството ...

Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров. Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна ...

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во однос на февруари, трошоците на живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти. Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците на животот во делот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти, Транспортот за 1,8 ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август. Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови. Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 ...

Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во противпожарните единици во општините или во соодветните ...

Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и стандардите на својата професија, ...

Собранието на Косово не успеа да се конституира ниту по 43. обид, откако и денеска недоволен број пратеници гласаа за предлогот за формирање на изборна комисија за избор на претседател на парламентот со тајно гласање. За предлогот гласаа 55 од 99 пратеници кои присуствувале на седницата. Претседавачот Авни Дехари од движењето Самоопределување и денеска ги прекина излагањата на опозициските пратеници кои побараа од него да ја почитува одлуката на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода или во просек секој по 664 литри. Како последица на сето ова, се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти. Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“. Неговата изјава уследи откако земјите-членки на БРИКС ја ...

Попладнето избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата. ЦУК под водство на ...

Тони Дескоски: Многу загрижувачки развој. Хрватските работи се прашање на Хрватите. Но, оживувањето на духот на усташтвото е нешто што е универзална закана. Во моите уши звони обраќањто на Стпе Месиќ, од времето кога беше Хрватски претседател: “NDH je bila utemeljena na zlochinu”. Што е за нас најстрашно, ВИП гостин на НДХ бил крволокот Ванчо Михајлов. А некои ликови кај нас пробуваат да го актуелизираат неговиот фашизоиден лик. Извор: Фејсбук ...

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на самото место каде што се наоѓаат и припадници на полицијата, а известени се и ЕЛС Чучер Сандево и ЈП Караџица. ЦУК информира дека до 13 часот низ државава се евидентирани четири активни пожари на отворен простор и еден локализиран. Активни се пожарите во прилепското ...

Љубомир Косотовски: Главнит уредник на политичката рубрика во МТВ Стојан Трпчевски беше водител на главните вести во 19.30 часот. И разбирливо, колегата е познат по тоа што„„ништо нема да пропушти“ што нема да биде по волја на Началството. Прв пример таков беше кусиот, најкусиот можен прилпог од протестите во Кочани. Да беше трка во 100 метри на спринтери ќе траеше подолго. Но битно е дека поворката (не протестот) бил во знак на сеќавање на ...

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција. – Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!, објави Маск на Икс, додавајќи оти партијата треба „ја врати слободата на народот“. Најавата за нова политичка партија доаѓа по нарушените ...

Во молк и без официјално обраќање помина вчерашниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“. Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка. Молчи Владата, молчиме и ние, ќе чекаме да видиме што ...

Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша контроверзниот закон за даноци и трошоци. Трамп стави потпис на законот на церемонија на отворено на 4 јули, американски национален празник по повод Денот на независноста. Републиканците во Конгресот на САД во четвртокот го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа. Централен дел од ...

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 дронови лансирани од Русија од вечерта на 4 јули. Според Укринформ, украинските воздухопловни сили го објавија ова на Телеграм. Почнувајќи од 20:00 часот во петок, 4 јули, Русија лансираше 322 офанзивни беспилотни летала „Шахед“ и други видови дронови-мамки од повеќе насоки, вклучувајќи ги Брјанск, Курск, Орел, Милерово, Приморско-Ахтарск и Шаталово, пишува Укринформ. Главна цел на ...

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава. – Она што можам да го потврдам во овој момент е дека имаме околу 24 жртви, изјави шерифот на округот Кер, Лари Леита. Леита рече дека меѓу 23 и 25 лица од летен камп во округот Кер, северозападно од Сан Антонио, сè уште се водат како исчезнати, иако бројот сè уште не е потврден. Обилните дождови ...

Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата „Рајанер“ поради мал пожар, пренесува ДПА. Според извештаите на шпанските медиуми, авионот требало да полета за Манчестер кога избувнал пожарот, предизвикувајќи паника кај патниците. Капетанот го известил екипажот за пожар на моторот, по што биле отвоени вратите за итни случаи и патниците биле евакуирани. Во паника некои ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1019
weather icon

Белград

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
0.51
73%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1020
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.94
77%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
6.69
74%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
83%
1023
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
68%
1017
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209