Украинските одбранбени сили во текот на изминатото деноноќје учествуваа во 200 борбени судири со руски трупи по должината на фронтовските линии. На фронтот Покровск, украинските бранители успешно одбија 61 непријателски напад и офанзивни акции, соопшти Генералштабот на вооружените сили на. Руските сили лансирале масовен ракетен и воздушен напад, извршија сто воздушни напади и фрлија 179 водени воздушни бомби врз украинските одбранбени позиции и ...

Овој викенд се одржува еден од најпознатите традицонални настани во државата, Галичката свадба, чија програма во Галичник започна вчера и ќе трае до недела. Годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. „Да се ќердосаат младите“, ракија од „на нога“ се дел од атмосферата и обичаите која е предвесник за централниот настан, венчавката, која ќе се одржи утре со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди во црквата „Свети апостоли ...

Силите за противвоздушна одбрана на Украина соборија 40 од вкупно 60 беспилотни летала со кои руските сили извршија напад врз Украина меѓу 12 и 13 јули, соопштија денеска Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина. Како што пренесува агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а станувало збор за јуришни дронови од типот „Шахед“, како и беспилотни летала-имитатори од различни типови. ...

Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува. Свежи се сеќавањата на ужасната трагедија во кочанската дискотека Пулс која на 16 март зема 62 животи, а во која беа повредени околу 200 луѓе. На комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк. Блиските на жртвите, облечени во ...

Додека целата јавност го осудува вчерашниот инцидент во Чаир, каде беше извршено насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, единствено Мицкоски го одобрува – реагираат од опозициската СДСМ по денешните прозивки од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде соопштија дека само СДСМ и бугарските политичари застанале во одбрана на Данела Арсовска. Од СДСМ велат дека како и досега, кога се соочува со критика, премиерот ја обвинува ...

Бранко Тричковски: Дали се Мицко и Панчо обично и простодушно глупи или режимот ги присилува на глупост. Или се, можеби, паметни, но Данела ја оглупаваат и огузуваат за полесно да ја уништат? Колете ја, би рекол Гомбрович, ако ви е така наредено, но не со така тап, со така страшно тап нож! “Данела ги тепала полицајците што не биле на местото на настанот!!!” “Да ги оставиме нашите институции да си ја завршат работата, тие знаат дека Данела е ...

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а ...

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините ...

За време на нападот, Полска распоредила борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор, објавија полските вооружени сили на платформата X. Русија почна бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина ноќеска, таргетирајќи области далеку од фронтовските линии, објавија денес украинските медиуми и официјални лица. Експлозиите се регистрирани во градовите Лавов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на ...

Спој на класиката и современиот уметнички израз. Вака е конципирано годинашново, 65-то издание на фестивалот Охридско лето. Традиционално, ќе започне вечер на 12. јули во Античкиот театар. Годинава со музичко – визуелниот спектакал „ Трансформација на сетилата“ , во кој ќе настапат Македонската филхармонија и уметници од САД. а, фестивалот ќе биде затворен на 20. август, со изведба на претставата „ Електра“ во режија на Дејан Пројковски. 65-тото ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на ...

Тито Беличанец: Претседателката на државата, Владата и МВР се обидоа птеку бугарски влијателни личности со кои имаат долгодишно пријателство да им организираат бројни средби. Амандманите кои ги поднесоа Бугарски пратеници и нивното гласање ја тргна политичката магла меѓу Владата на ВМРО ДПМНЕ и властите во Бугарија. Време е македонските власти да се освестат дека Македонија може да напредува и да ги потесне но и маргинализира бугарските пречки ...

И здруженија на Бошњаците од земјава денеска во Скопје ја одбележаа годишнината од геноцидот во Сребреница. Иако сведоштвата за систематското убивање на бошњачкото население се уште одекнуваат на просторот на поранешна Југославија и денес постојат оние кои го негираат злосторството е речено на комеморативниот собир. Се уште има и говор на омраза оворот во врска со настаните од пред 30 години во Сребреница и тоа поттикнува од недостатокот на ...

Кристина Косотова: Бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје и нејзините соработници во целост ја отсликува флагрантната толеранција која актуелната владејачка структура ја има кон секојдневните испади на агресија и насилството чии стапки секојдневно растат. Прогледувањето низ прсти за дивеењето на силеџиите испраќа јасен сигнал до сите граѓани: власта предводена од Мицкоски и ДПМНЕ со игнорирањето на насилството застануваат во заштита на ...

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот, пишува претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук. Пораката што ја испраќа власта, според него, е дека секој кој ќе ...

Марјан Николовски: Форма на политичко уредување, која не е способна да го заштити поединецот во неговите основни човекови и безбедносни права не може да се нарече држава. И таа треба што поскоро да се напушти, додека се уште постои таква можност. Таквата форма на политичко уредување наблиску се дефинира како мафија. А мафијата, кога-тогаш ќе се судри со секој поединец, а најмногу со оние кои и служат на мафијата. Во држава врвен интерес е ...

Никола Т Калајџиски: Во мафијашки стил ликвидиран припадник на АРМ во Батинци. Обид за убиство на пазар во Битола. Физички нападната гродоначалничката на Скопје во присуство на полициски службеници. Пиромани предизвикуваат пожари. Политички пожари со соседите. Внатре политички делби и навреди на најсилно. Поделен и поларизиран народ. Јад, чемер и јанѕа. Сеење страв и немир на секој чекор. Системот во слободен пад пред распад. Сево ова во еден ...

Речиси 800 луѓе загинале во Газа од 27 мај наваму, обидувајќи се да дојдат до помош, а огромното мнозинство од нив на локациите на Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), поддржана од САД и Израел, соопштија денеска Обединетите нации. Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изјави во Женева дека од 27 мај, кога почнале операциите на ГХФ, до 7 јули се регистрирани 798 загинати лица, од кои 615 на локациите на оваа хуманитарна ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот. На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при ...

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата. Владата порачува да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат. Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се ...

Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот. Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја повика најголемата опозициска партија да предложи член за комисијата. Пред неговиот ...

Ана Чупеска: Имаме модел на нормативен и либерално концепиран мултикултурализам кои преку институтите на споделување на моќта (power shering), гарантирано претставување и редуктивното вето (бадентерово) успеваме низ институциите да ги акомодираме тие разлики. Во врска, со мултикултурното заедништво, за жал, сè уште немаме задоволително ниво на интеркултурна комуникација во општеството и покрај заложбите на претходната влада предводена од СДСМ. ...

Во Меморијалниот центар во Поточари, одбележувањето на 30-годишнината од страдањето на Бошњаците од Сребреница за време на граѓанската војна, во јули 1995 година, започна со пеење на националната химна на Босна и Херцеговина. На одбележувањето му претходеа вообичаените манифестации како што се „Маршот на мирот“, пуштањето јато гулаби, погребните служби за жртвите, а денес ќе бидат погребани останките на уште седум лица. На одбележувањето ...

Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“. Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос. Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче. Тој истакна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од следниот месец и ќе бидат зголемени ...

Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, ...

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, ...

Јане Алтипармак: Не сакам идентитетот да го заштити некој, закон, ЕУ, бог. Идентитетот не е патент да се заштити, така заштитен станува умртвен, стерилен. Идентитетот е повторување низ менување, цикличност без иста почетна точка. Идентитетот е диференцијација, дислокација, диференцијал. Идентитетот е ризоматско ширење без принципи, без бариери (дури и како заштита) идентитетот е ахроматско пенетрирање низ спектарот на битието како смисла. Извор: ...

Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава. Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, вработен во службата за итни случаи. Тој рече дека 17 лица, вклучувајќи осум деца, се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1019
weather icon

Белград

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
0.51
73%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1020
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.94
77%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
6.69
74%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
83%
1023
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
68%
1017
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209