„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, побарала и наложила британската влада, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица, објавија британските медиуми. Министерот за одбрана, Лук Полард, порача дека платформите мора самите да реагираат, а Владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет, пренесе ...

Голем пожар избувна денеска на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов интервенираат повеќе екипи од Територијалната противпожарна единица. Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи активно работат на ставање на огнената стихија под контрола и спречување на нејзино понатамошно ...

Повеќе од четири часа тимот градежни вештаци, предводен од професорот на Градежниот факултет при УКИМ Горан Марковски, одговараше на вкрстените прашања на одбраната на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе МИА. Вештаците, кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања поврзани со пренамената на објектот, градежните активности, издавањето одобренија и лиценци, како и со ...

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи од денеска, по објавувањето во „Службен весник“, до 30 септември 2026 година, пренесе МИА. Со мерката, трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 проценти. Ова го соопшти портпаролката на Владата Марија Митева, која посочи дека ...

Дизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, додека цената на бензините се зголемува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95 денари, ...

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во несреќа со лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани, пренесе МИА. Според пријавата до полицијата, инцидентот се случил на 22 август околу 18,15 часот, додека мајката и нејзините деца се наоѓале во лифтот. Како што пријавила 30-годишната мајка во СВР Скопје, вратата од лифтот ненадејно се отворила, а потоа се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и ...

Уште една главоболка за Брисел, која доаѓа од Берлин Миграцијата останува една од темите на кои АфД гради најголем дел од својата политичка понуда. Имено, копретседателката на АфД, Алис Вајдел, јавно побара „значително построг пристап кон контролата на границите, поголем број депортации во случаи кога не постои право на престој и порестриктивна политика кон натурализацијата“. Од нејзина перспектива, прашањето не е само миграциската политика ...

Љубителите на мачки што немаат деца или партнери честопати се прашуваат која раса да ја изберат како домашно милениче. Експертите за мачки затоа составија список од три раси познати по тоа што се многу друштвени и силно се поврзуваат со своите сопственици. Сепак, секоја од нив има посебни карактеристики што е важно да се земат предвид. 1. Регдол – позната по својот смирен темперамент и желба да биде блиску до својот сопственик: често го следи ...

Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Таа појаснува дека потребата ...

Кус осврт кон една граѓанска дилема од областа на економијата Најголеми економии во светот во 2026 година се Кина и САД. Кина се рангира како најголема економија во светот според паритетот на куповната моќ (ПКМ), додека САД остануваат број еден според номиналниот БДП Темата за развојот на земјите и нивната економска моќ има голем одраз врз животниот стандард на граѓаните. Покрај мерењето на бруто-домашниот производ (БДП), како еден од ...

Бројот на ученици во македонските училишта продолжува да се намалува, што годинава се одразува и врз бројот на паралелки. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во основното образование има речиси 200 паралелки помалку, додека во средното образование бројот е намален за околу 100 паралелки, пренесе МИА. Според Јаневска, намалувањето е дел од процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој се спроведува поради ...

Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде што се произведува радиофармацевтското средство 18F-FDG неопходно за прегледите, информира министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Тој преку објава на „Фејсбук“ посочи дека дефектот е поврзан со сервисирањето на циклотронот и дека веќе се работи на негово отстранување. Клековски најави дека по повторното ставање во функција, приоритет ќе имаат пациентите согласно насоките ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека намалувањето на ученичката кошничка за 15 проценти претставува олеснување за родителите. Таа посочи дека државата обезбедува бесплатни учебници и превоз за учениците, додека дел од општините обезбедуваат електронски уреди, ужина и храна, пренесе МИА. Јаневска информираше и дека засега не се планира зголемување на износот за студентскиот оброк, бидејќи, според неа, студентите не ...

Пожар избил денеска на територијата на Општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, а поради брзото ширење на огнот биле пренасочени и ер-тракторите кои интервенирале на пожарот на планината Китка, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пренесе МИА. Според Ангелов, пожарот избил околу 11 часот, најверојатно на стрниште, но поради високата и сува трева и силниот ветер брзо се ...

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и поголема безбедност на границата биле главните теми на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина, пренесе МИА. На средбата посебно внимание било посветено на концептот One-Stop Shop на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, кој има цел да ги поедностави царинските процедури и да овозможи побрз проток на ...

Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување на пензиите, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за редовно законско усогласување, пренесе МИА. Мицкоски изјави дека пензиите ќе се зголемат согласно процентот утврден со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, додека конечниот износ на зголемувањето сè уште се пресметува. -Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде беа презентирани новите лабораториски, технички и просторни капацитети на институцијата, пренесе МИА. Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, информираше дека во изминатите две години се реализирани повеќе инвестиции за унапредување на метеоролошките, хидролошките и лабораториските системи, како и за подобрување на условите за ...

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...

Научниците со години истражуваат што точно влијаело врз создавањето совршени услови за животот на Земјата, но и што влијае тој живот да продолжи да опстојува. Тие претпоставуваат дека Земјата има еден вид природен термостат што ја одржува планетата погодна за живеење повеќе од 100 милиони години. Но како всушност функционира тоа? Ново истражување идентификуваше врска што претходно недостигаше што го објаснува целиот овој систем. Како што ...

Македонија сака да биде дел од Европската унија (ЕУ) и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“. Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел, по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е добро од многу ...

Меѓународен Славјански Универзитет, во соработка со меѓународната компанија „OneDrone“, официјален дистрибутер за опрема на водечкиот светски бренд „DJI“, организира сеопфатна професионална обука за пилотирање со беспилотни летала. Иницијативата е дел од пошироката стратегија за интеграција на напредните технологии во образовниот процес и академското истражување, како и создавање стручен кадар за индустриите на иднината. Дрон-технологијата ...

Силна поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и за неговата администрација, изрази македонскиот премиер Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“, со акцент на намерите стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите. Според Мицкоски, поддршката за Трамп од македонската влада почнала уште пред тој повторно да биде избран за ...

Заштита на кожата Купивте нов крем за сончање, го проверивте датумот на истекување, го нанесовте пред да одите на плажа, но сепак добивте лоши изгореници од сонце? Иако многумина имаат тенденција веднаш да го обвинат лошиот квалитет на производот или „слабиот“ фактор на заштита, вистинскиот виновник за вашата црвена кожа веројатно е она што сте го направиле со тоа шишенце неколку дена пред тоа. Повеќето од нас учат на почетокот на сезоната ...

Иако зајаците не се како кучињата да чекаат со нетрпение пред вратата кога ќе се вратиме дома од работа, тие сепак можат да развијат силна врска со своите сопственици. Приврзаноста на зајаците е различна од блискоста што ја покажуваат кучињата, но тоа не значи дека е помала. Докажано е дека со текот на времето, зајаците учат да ги препознаваат своите сопственици. Како зајакот го препознава својот сопственик? Зајаците се потпираат најмногу на ...

Бесконтактна експлозија на стаклото во бањата Кога жените на Инстаграм почнаа да споделуваат шокантни фотографии од скршени туш-кабини, кои сами се распаднале на ситни парчиња, стана јасно дека ова не е невообичаено. Монтирајте ја туш-кабината така што профилите нема да се растегнат, внимавајте да не го погодите стаклото и ставете заштитна фолија за да го минимизирате ризикот. Наглите температурни разлики помеѓу топлата вода и ладниот воздух ...

СТАВ Д-р спец. Наум Трпеноски Македонија со години зборува за заминувањето на лекарите. Знаеме дека заминуваат. Знаеме каде заминуваат и, во голема мера, знаеме зошто заминуваат. Но многу поретко поставуваме две други прашања: што конкретно правиме за дел од тие лекари еден ден да се вратат и што правиме за оние што останале да имаат причина да продолжат да работат, инвестираат и создаваат во Македонија? Не е доволно да апелираме на ...

Прашањето за маркација и демаркација и обидите за криминално уништување на едно легално институционализирано теренско обележување Инцидентот на Шар Планина значи дека сѐуште постои некој кому му пречи тоа што патеката, линијата, територијата… станува уредена, означена и видливо институционализирана Над 45 од вкупно 112 столба на патеката Попова Шапка–Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Некои од столпчињата за маркирање, според ...

Синтики како предупредување за Македонија Инцидентот во Синтики не е само грчки безбедносен проблем. За Македонија, тој е предупредување. Земјата и натаму се наоѓа на една од трасите на западнобалканскиот миграциски коридор, кој ги поврзува Грција со Србија и понатаму со земјите од ЕУ. Европската комисија експлицитно ја наведува Македонија како транзитна земја на оваа маршрута, иако главниот коридор денес минува низ Србија и Босна и ...

Грција значително го заостри пристапот кон прашањето за миграцијата Случувањата во Синтики се вклопуваат во пошироката промена на грчката миграциска политика. Атина во последните години значително го заостри пристапот кон прашањето за миграцијата. Министерот за миграција и азил Танос Плеврис во февруари годинава во парламентот ја опиша политиката со формулата „затвор или враќање“ за оние што нелегално влегуваат во земјата. И владината ...

Уништувањето на маркацијата на Шар Планина може да се чита и како нешто повеќе од материјална штета Современата држава не ја потврдува својата присутност само со полицаец, војник или граничен премин. Ја потврдува со пат, табла, музеј, споменик, планинарска ознака, туристичка инфраструктура, катастар, патоказ и со секој друг јавен знак дека просторот е уреден и дека за него постои одговорност. Токму затоа уништувањето на маркацијата на Шар ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87