На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 21 пациент со западнонилска треска, од кои кај 18 е потврдено присуството на вирусот, додека за три лица се чекаат резултатите, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Од хоспитализираните пациенти, шестмина се на интензивно лекување. Клековски посочи дека досега се регистрирани вкупно 53 пациенти кои ја прележале, ја имаат или се сомнителни за ...

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“, откако ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, пренесе МИА. Одлуката е донесена по нејавна седница одржана на 26 август, по разгледување на списите од предметот и земајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје. Од Апелациониот суд наведуваат дека не биле изведени докази ...

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар што утрово избувна во одделението за мајки и деца при Пакистанскиот институт за медицински науки во Исламабад, објави телевизијата Гео њуз, повикувајќи се на локалните власти. Во одделението во моментот на избувнувањето на пожарот имало 16 бебиња, од кои било спасено само едно. Пожарот избувнал околу 6.45 часот во просторијата за новороденчиња на третиот кат од болницата. Според првичните ...

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото ...

Околу 300 кандидати ќе бидат примени во повторно воспоставеното Средно полициско училиште, иако првично беше предвидено место за 200 ученици, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пренесе МИА. Тој во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа информираше дека по направените анализи и консултации со Министерството за финансии, Владата донела одлука да бидат примени сите кандидати кои успешно ги поминале селекциите, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела. „Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе ...

Во синоќешното невреме во Прилепско, проследено со град со големина на орев, погодени се над 1.500 хектари земјоделски површини. Оштетени се насади со тутун, пипер и други култури во Мало и Големо Коњари, како и во неколку населени места од општина Долнени. Земјоделците велат дека целиот нивен труд за годинава е уништен и бараат помош од државата. Тие посочуваат дека државата нема систем за заштита од вакви невремиња и бараат обештетување. ...

По повеќе од две децении најави, денеска официјално почна изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека почетокот на реализацијата на проектот претставува историски момент, имајќи предвид дека со години беше најавуван како проект кој „само што не почнал“, пренесе МИА. Мицкоски посочи дека изградбата на автопатот била еден од приоритетите на Владата уште од нејзиното формирање пред 25 месеци. Според него, новата ...

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, пренесе МИА. Даниловски, одговарајќи на прашања од одбраната, посочи дека кај одредени пациенти во лекувањето учествувале од ...

Проектите како автопатот Скопје-Блацекој чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проекти којшто за неколку години ќе донесе ...

СТАВ Визија за модерно, одржливо и праведно здравство (8) Д-р спец. Наум Трпеноски Строги стандарди, но разумни нормативи Воведувањето мали специјализирани болници никако не смее да значи намалување на медицинските стандарди. Напротив. Операционата сала, стерилизацијата, анестезиолошката безбедност, контролата на инфекции, медицинската опрема и стручноста на персоналот мора да бидат строго регулирани. Но строг стандард не значи непотребно ...

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави забрзување на процесот на гасификација во земјава, со цел природниот гас да стане подостапен за што поголем број општини, институции и граѓани, пренесе МИА. На работна средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје, Божиновска истакна дека гасификацијата не треба да остане само инфраструктурен проект, туку да се создадат услови за реално ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 31 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд ...

Зајакнување на заложбите за интегрален систем околу два принципа: воден суверенитет и прехранбен суверенитет Она што во иднина треба апсолутно да биде интегрирано во една интегрална визија/платформа/програма во која храната, водата, земјоделското земјиште, енергијата, шумите и климатската отпорност ќе се третираат како елементи со еднаков заеднички именител, тоа е сите наведени елементи да влезат во – ист национален систем. Причина? Имено, ...

Тивката епидемија на модерното време До пред неколку години единствениот начин да знаете дали сте спиеле добро беше наједноставниот – како се чувствувате кога ќе ги отворите очите наутро. Денес, меѓутоа, нашата утринска рутина е целосно променета. Првото нешто што многу луѓе го прават е да посегнат по својот паметен часовник или мобилен телефон за да го проверат резултатот од спиењето, да ги анализираат фазите на длабок и РЕМ-сон и да ...

Синоќа со изложбата „По стапките на животот“ на ликовната уметница Мелихат Тузун од Турција во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци свечено беше означен стартот на јубилејното триесетто по ред издани на меѓународната ликовната колонија „Михајлово- Кавадарци 2026“.Оваа ликовна колонија која во првите години се одржуваше во детското одморалиште „Михајлово“ на падините на Кожув Планина сведочи за три децени ...

Во прекрсаниот амбиент на одмаралиштето Михајлово на падините на Кожув Планина во близина на Кавадарци вчера пристигнаа 15 млади флејтисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија кои ќе имаат можност до 29 август да работата со еминентни професори и флејтисти од балканската музичка сцена. Со концерт и свечено отворање синоќа започна 16 Меѓународен фелејтистички концертен подиум, музичка манифестација која повеќе од една и пол ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Не. Немаше средба со претседателот – одговори Песков на прашање на рускиот телевизиски канал РТВИ. Изјавата беше дадена откако американскиот воен авион со кој, според медиумските извештаи, Ретклиф допатувал во Москва ја напушти ...

Македонија во јули произведе 460,8 гигават електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Според неа, позитивен тренд е и зголемувањето на уделот на другите домашни производители во вкупното производство на електрична енергија. Во јули тие учествувале со 55,3 отсто, додека ЕСМ имал удел од 44,7 ...

Дипломатска посета кон економско партнерство Дводневната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Израел, покрај официјалните билатерални разговори и потпишувањето повеќе документи, отвора простор односите меѓу двете земји да се согледаат и низ призмата на економијата, технологијата и трансферот на знаење. За Македонија особено значаен потенцијал претставува пристапот до израелскиот модел на развој на ...

Доне Прентоски, постојан соработник на „Нова Македонија“ од Германија Постои една особина на Израел што тешко може да се објасни само со неговата демографија или со големината на неговата територија. Држава со околу десет милиони жители економски и технолошки се однесува како многу поголем систем. Неговата вистинска сила не е само во воената технологија, разузнавачките способности или војската туку и во институционалниот модел што постојано ...

И вистина и предизвик: Водата станува ограничувачки фактор за производство на храна Новинарска опсервација Повод: Во теков на летово, ГИЗ, односно Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ GmbH) директно предупреди дека „македонските земјоделски површини (полиња) се под сериозен притисок од сушата, а климатските проекции укажуваат на значително намалување на летните врнежи!“ ...

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети, информираше Министерството за внатрешни работи. При спроведените контроли, како што информираат, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети. – Најголем ...

Бојкотот на некои пратеници во македонското собрание како повод Бојкотот на парламентарната поддршка за Украина од страна на дел од пратениците на македонското собрание, вклучувајќи ги и оние што се членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримсљката платформа, ги отвори прашањата за посветеноста, конзистентноста, лојалноста, припадноста и доследноста од страна на носителите на високи институционални функции кон ...

Пратеникот има право на политички став. Има право да критикува, да предлага, да гласа против и да бара промена на определена политика. Тоа е суштината на парламентарната демократија. Но постои СУШТИНСКА РАЗЛИКА меѓу политичко несогласување со политика што сè уште се утврдува и, од друга страна, свесно игнорирање на ВЕЌЕ усвоени институционални определби на државата… Во македонскиот јавен простор веќе подолго време се повторува една изветвена ...

Висок функционер на Ватикан повика на крај на војната во Украина по средбата во Москва во вторник со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на првите лични разговори меѓу Ватикан и руски претставници по пет години, пренесува „Ројтерс“. Надбискупот Пол Галагер, министер за надворешни работи на Ватикан, изјави дека четиригодишната војна меѓу Русија и Украина „создава нови жртви… и го отежнува идното помирување“. „Затоа е итно и ...

До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска им врачи решенија за вработување на 109 лица во Клиничката болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело. Со ова, заедно со претходно врачени решенија, во болницата досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални успеси и многу посветеност во ...

Огромен финансиски долг на САД, и Европа ги чувствува последиците Долгот на владата на САД изнесува 40 билиони долари (еден билион е еднаков на илјада милијарди – н.з.). Проблематичната состојба на САД се прелева и на финансиските пазари во Европа, бидејќи европските влади мора да се натпреваруваат со Вашингтон за глобалниот фонд на заштеди. Во еден таков контекст, повеќе влади на земји членки на ЕУ при планирање на буџетите за следната ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54