Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола при што биле пронајдени дрога, оружје и муниција, а од слобода биле лишени пет лица. – Вчера во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од село Долно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена ...
Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес. Како што ...
Вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). – Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...
УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како ...
Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. – Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за ...
Неколку лица се повредени во напад со меч во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата. Локалните власти соопштија дека полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот, а напаѓачот бил застрелан и приведен. Шведската полиција информираше дека добила пријава за „сериозен насилен инцидент“ во училиште во Фагерста, по што полициски екипи веднаш биле упатени на терен. Според информациите од општината Фагерста, ...
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. – Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа ...
Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски пазар, пренесува порталот Булевар.мк. Во Албанија се извезени првите седум тони свинско месо, информираат од компанијата. -Ги извезовме првите седум тони свинско месо на пазарот во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од ...
Македонскиот збор не познава граници. Тој живее секаде каде што живеат Македонци – во татковината, но и во соседството, па и во Европа, Канада, САД, Австралија… и во голем број други места каде што е присутна македонската дијаспора, одржувајќи ги своите национални и културни обележја. Во различни времиња и преку различни форми, од печатените медиуми до театарската сцена и дигиталните медиуми, се создаваат простори во кои се чуваат јазикот, ...
Томе Трајков, програмски координатор на Стрип-центарот на Македонија – Велес Годинашното издание на Меѓународниот стрип-салон и традиционалната стрип-колонија, организирани од Стрип-центарот на Македонија (СЦМ-Велес), обележи историски успех, односно бран пријавени дела на меѓународниот конкурс. Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што ни ...
Доколку планирате да го продадете вашиот стан, експертите велат дека некои бои воопшто не се добар избор бидејќи ги одбиваат потенцијалните купувачи. Одредени бои на ѕидовите може да направат домот да изгледа како помал, потемен или застарен. Агентите за недвижности предупредуваат дека светлоцрвените, темнозелените и одредени нијанси на кафеава и бежова боја може да влијаат негативно на првиот впечаток. Најбезбеден избор се неутралните ...
„Тивок ритам на формите” од Милица Алимпиќ Илиќ е изложбата на слики отворена синоќа во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Уметницaта се претставува со дела на кои се појавуваат изразени женски фигури како централен носител на визуелната и емотивната приказна. Изложбата ја отвори Бранко Трајкоски кој посочи дека сликите од Милица Алимпиќ Илиќ претставуваат спој на геометриска апстракција, организам и метафизичко сликарство, ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Романија во јули го забележала најголемиот годишен раст на цените на горивата меѓу земјите членки на Европската Унија, со зголемување од 24,2 отсто. Тоа е значително над просечниот раст во ЕУ, кој изнесува 16,9 отсто. По Романија, најголем раст на цените на горивата е регистриран во Германија и Литванија, каде што поскапувањето изнесува по 22,9 отсто. На четврто место е Бугарија со годишен раст од 22,2 отсто. Како главни причини за ...
МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА – МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Уште од најраните зори на новата ера ова парче земја станало суштинскиот мост од старата во новата ера, оставајќи монументални материјални и духовни сведоштва што денес сочинуваат една од најбогатите културно-историски ризници на европско тло Македонската земја не е само обичен географски простор во срцето на денешниот Балкански Полуостров туку претставува и света, вековна и историска почва врз ...
Повод: Новата стратегија на македонското МНР – од дипломатска реторика кон конкретни зафати за остварување на националниот интерес Заштитата на македонските национални интереси е поставена како еден од трите стратешки приоритети на македонската дипломатија, заедно со економската дипломатија и заштитата на граѓаните што живеат надвор од границите на државата. Самото поставување на ова прашање меѓу стратешките интереси на неодамнешната средба ...
Повод: Порибување на Охридско Езеро со ендемичната пастрмка летница Има нешто симболично во моментот кога една мала охридска пастрмка првпат ја допира водата на езерото. За човекот што ја пушта, тоа е само една од стотиците илјади или милиони единки што треба да бидат вратени во природата. За езерото, таа е уште еден жив организам во огромната и сложена мрежа на живот што се создава и одржува милиони години. А за Охрид – таа е многу повеќе од ...
На Македонија ѝ се потребни сериозни реформи. И Македонија е исправена пред нив. Реформската неопходност ја знаат, одобруваат и прифаќаат апсолутно сите општествени чинители во Македонија. И ако тоа е факт, тогаш барањето за предвремени избори во овој момент – не е решение. Тоа е бегство од решенијата. И уште полошо, тоа е легална политичка саботажа на реформскиот процес. „Коалиција на подготвените“ Деновиве повторно ја слушаме истата ...
Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. ...
Враснатите влакна се јавуваат кога влакната се виткаат, растат во кожата и предизвикуваат воспаление, оток и црвенило. Ова се јавува особено ако имате цврсти влакна на кожата или ако се бричите на суво и во спротивна насока од растот. Дерматолозите предупредуваат дека стискањето или кубењето на враснатите влакна со нестерилни алатки доведува до внесување бактерии, па може да се појават грутка и сериозна инфекција, чир, трајна лузна или темна ...
Научниците открија дека морските ежови можат да спијат речиси во вертикална положба во водата благодарение на ослободувањето гасни меурчиња. Нивното необично однесување додека се одмораат првпат го забележале натуралистите во 2008 година. Притоа, минке-китовите се единствениот познат вид китови што се одмораат во исправена положба, со главата свртена кон површината. Научниците веруваат дека престојот веднаш под површината на морето им ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 48.381 денар, што е зголемување од 6,4 отсто во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесе МИА. Растот на просечната нето-плата, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Административни и помошни услужни дејности, каде што е регистриран раст од 10,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство со раст од 8,1 ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, а еден од нив бил малолетник. Двајца возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол, при што еден предизвикал сообраќајна незгода. Еден ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или 25 октомври. Според него, конечната одлука кој ќе биде точниот датум ќе биде позната за неколку дена. -Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден – рече Вучиќ во гостувањето во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија. Тој истакна дека претходно ...