Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво „Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн, посветен на зајакнувањето на општествената кохезија и заштитата на правата на малцинствата во Западен Балкан, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, оствари средба со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Лансирањето на „КејпВик“ е најавено како ...

Првата самостојна изложба на фотографии на Горан Анастасовски беше отворена вчера, на 5 октомври, во изложбениот салон на Домот на културата „Злетовски Рудар“ во Пробиштип. Анастасовски е фотограф чија повеќегодишна работа посветена на животинскиот свет е објавувана најпознатите светски медиуми. Организатор и продуцент на изложбата е Домот на културата, од каде што истакнуваат дека им претставува особена чест што неговото претставување пред ...

Карл Бушби (57), поранешен британски падобранец што во 1998 година тргнал од најјужната точка на Јужна Америка за да го пропешачи светот без користење моторизиран транспорт, по 28 години се врати во својот роден град Хал. Карл Бушби поминал 28 години пешачејќи кон својот дом во Обединетото Кралство, тргнувајќи од најјужниот дел на Чиле. Тој преминал четири континенти и поминал приближно 50.000 километри (31.000 милји), туркајќи количка во ...

Јован Мазгански, автор на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“ Македонската музичка сцена добива уште едно значајно сведоштво за ликот и делото на еден од своите музички великани – Ванчо Чавдарски. Во негова чест, Националната опера и балет денеска, во 19 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“, посветена на уметникот чиј творечки придонес оставил трага во ...

Македонското камерно трио „Трио ин медиас рес“ одржа концерт во катедралата „Сурп Левон“ во Кадикој, Истанбул. Концертот е дел од програмата на Македонскиот културен центар во Истанбул и се реализира во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Пред истанбулската публика настапија истакнатите македонски музички уметници Сања Шуплевска Боирал на виолина, Орце Ицковски на фагот и Јанинка Невчева на пијано, кои преку камерното ...

„Од планината до морето“ е изложба на португалскиот уметник Луис Филипе Родригез, која за македонската публика е достапна во галеријата „Остен“. Преку изложените дела, уметникот истражува апстрактни пејзажи со имерзивен, монументален и медитативен карактер. Овој сегмент од неговото творештво се одликува со дела во голем формат, со чиста монохроматика на графитот. Во оваа тематски заокружена самостојна изложба, Луис Филипе Родригез ја ...

Промовирана е првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“. Што значи да се биде новинар кога историјата се случува пред твоите очи? Во книгата „На местото на настанот“, Александар Видиновски ги носи читателите зад телевизиските прилози и зад директните вклучувања, таму каде што камерата бележи само дел од приказната, а новинарот се соочува со вистинските размери на настаните. Од престрелките во Диво Насеље и ...

Од печат излегува новиот роман „Што барам во оваа недојдија“ на Игор Анѓелков, како 252. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Прашално поднасловено „што е тоа што ми влезе под кожата“, делото го провоцира читателот, додека е нурнат внатре, во неговата структура и приказна, да се почувствува како да држи искршено стакло во рацете, кое остава крвави траги што нема да го остават на мира со денови. – Постојат патувања што ...

„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. -Со овие три концертни настани, „Охридско лето“ ја ...

Дојави за поставени експлозивни направи во повеќе авиони што сообраќале низ Европа биле добиени утринава, јави австриската новинска агенција АПА. Дел од летовите биле пренасочени, а неколку авиони морале вонредно да слетаат. Меѓу погодените биле и летови поврзани со италијанските аеродроми. Според АНСА, авион „Ербас А321“ на „Виз ер“, кој летал од Милано Малпенса кон Варшава, бил принуден привремено да слета на аеродромот во Виена. Закана за ...

Третпат неделава лажни дојави за поставени бомби го нарушија европскиот воздушен сообраќај, а само денеска 27 патнички авиони беа пријавени како цел на безбедносни закани. Дојавите за поставени бомби предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, принудни слетувања, пренасочувања на летови, итни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозивни направи. Ниту една земја или група нема преземено одговорноста за заканите, ...

Компаниите „Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ поднесоа одделни тужби против американската сојузна држава Калифорнија, со барање да се оспори Законот за заштита на децата од ризиците поврзани со социјалните мрежи, тврдејќи дека тој ги крши нивните права загарантирани со Првиот амандман на Уставот на САД. Законот што треба да стапи во сила на 1 јануари 2027 година, им забранува на технолошките компании да им нудат на деца помлади од 16 години содржини ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе одлучи дали ќе ја продолжи војната против Иран, конфликт што го почнаа САД и Израел во февруари, со цел да го спречат Техеран во развојот на нуклеарно оружје. Тој истакна дека разгледува дали да продолжи со нападите за да се осигури дека трајно ќе биде запрена нуклеарната програма на Иран. Трамп наведе дека сака да избегне понатамошно уништување во Иран, но, не ја исклучи ...

Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Сали Бериша денеска ги повика граѓаните од сите возрасти и со различни политички убедувања да се приклучат на утрешниот протест за поддршка на студентите нагласувајќи дека победата на нивниот бунт е исклучително важна за иднината на земјата, јави АТА. На прес-конференцијата тој истакна дека поддршката за студентите треба да биде широка и масовна. – Успехот на студентскиот бунт е успех за ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...

Пред една недела Владата на седница донела рамка и нацрт-спогодба со ЕУ за користењето роаминг на македонските граѓани кога патуваат во Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека со Европската комисија ги имаме почнато разговорите за надминување на бариерата за роаминг и донесување спогодба со Европската Унија, како и секоја од земјите на Западен Балкан, за надминување на овие трошоци, односно ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. – Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...

Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Како што соопшти Министерството за правда, Шасивари нагласи дека владеењето на правото и ...

Во ОО на Сојузот на борци на НОАФБМ Прилеп се одбележаа 85 години од создавањето на партизанската химна „А бре Македонче“. Историчарот Рубинчо Белчески, претседател на Сојузот на борци и граѓани поддржувачи, низ текст и видео презентација посочи дека песната ,,пее” за слобода, борба, еднаквост, правда, за човечките подвизи, за затворските мачења, за тешкиот живот и дека е создадена во период од 23 октомври до 8 ноември 1941 година, во ...

Елена Ончевска Агер и Метју Агер, автори на „Телото ми кажа“ „Телото ми кажа“ од Елена Ончевска Агер, со илустрации на Метју Агер, е издание на „Артконект“, наменето за деца над четири години. Промоцијата на книгата е закажана за 14 ноември, од 18 часот, во „Аудиокултура“. За книгата ќе зборуваат писателите и универзитетски професори Владимир Мартиновски и Калина Малеска. Елена Ончевска Агер е универзитетска професорка по методика на настава, ...

САМО ТРИ СТОЛА НА МАСАТА НА КОЈА СЕ КРОИ НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, ЕВРОПА ВО ЧЕКАЛНИЦАТА Седум децении по Јалта, светот повторно се соочува со геополитички момент во кој тројца лидери би можеле да ги исцртаат контурите на идниот меѓународен поредок. СВЕТОТ ПОВТОРНО СЕ ДЕЛИ, НО ОВОЈ ПАТ ЕВРОПА НЕ Е НА МАСАТА Потенцијалната средба на Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК, отвора ...

Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголеми загуби претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со падот беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога забележа најголем раст во последните три месеци. Индексот СиП 500 на Волстрит падна за 4,4 проценти, што претставува негов најлош дневен резултат од ...

Разговори за безбедноста на Блискиот Исток и за изградба на гасовод Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Кремљ се сретна со Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Според иранската државна телевизија, Резаи му пренел на Путин порака од врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. Содржината на пораката не беше објавена. По средбата, Резаи изјави дека разговарале за безбедноста на Блискиот Исток по ...

Лажните бомби како ново оружје за дестабилизација на општествата Од авиосообраќајот до медиумите, лансирана тактика на предизвикување паника и страв Според информациите објавени денеска, биле регистрирани најмалку 18 пријави за експлозивни направи во авиони, додека во Република Ирска биле евакуирани редакциите на „Ајриш индипендент“, „РТЕ“ и „Њузток“. Во Прага, Данска и Франција, исто така, биле регистрирани нови безбедносни аларми. ...

Европското јавно обвинителство (ЕППО) покрена втора истрага за сомневање за измама со средства од Европската Унија, девет дена по железничката несреќа во Шпанија во која загинаа 69 лица. Делувајќи во име на телото на ЕУ, шпанската полиција ги испита документите во железничкиот оператор „АДИФ“, Државната агенција за железничка безбедност (AESF) и Шпанскиот суд за ревизија во Мадрид, соопшти обвинителството на ЕУ денеска во Луксембург. Новата ...

Извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра, што претставува раст од 10,8 проценти во однос на истиот период минатата година. Во меѓувреме, увозот се зголемил за 7,9 проценти и достигнал 9,18 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годината е забележан трговски дефицит од околу 2,56 милијарди евра. Во структурата на ...

Енергетскиот сектор во Македонија бележи напредок во повеќе области, вклучително и зголемување на капацитетите од обновливи извори, реформи на пазарот на електрична енергија, изградба на нови интерконектори и усогласување со европската регулатива. Ова е наведено во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година, во кој се издвоени реализираните активности, законските промени и инфраструктурните проекти во ...

Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75