Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во текот на јули исплатил повеќе од 560 милиони денари за надоместоци за боледување, при што најголемиот дел од средствата се наменети за исплата на породилни отсуства, пренесе МИА. Заклучно со денешниот ден, иако месецот сè уште не е завршен, ФЗО исплатил вкупно 560,9 милиони денари. Од нив, 420,3 милиони денари се за надоместоци за породилно отсуство, а 140,6 милиони денари за останати ...

Јапонските власти предупредуваат дека има „многу жртви“ по силниот земјотрес што денеска го погоди јужниот дел на земјата, предизвикувајќи уривање на голем трговски центар во градот Кумамото, пренесе „Мирор“. Според првичните информации, околу 30 лица се водат како исчезнати во трговскиот центар „Еон“, додека се трага и по вработени во блиската фабрика „Нипон Пејпер Индустрис Јацуширо“. Земјотресот бил со јачина од 7,1 степен според ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго достигна 3.262, додека од последиците на болеста починале 1.437 лица, соопшти Министерството за здравство на земјата. Според најновите податоци, актуелната епидемија речиси го достигнала обемот на епидемијата од периодот 2018–2020 година, која беше најголемата досега регистрирана во Конго. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а моменталната стапка на смртност ...

Телата на пет новороденчиња денеска биле пронајдени во семеен дом во градот Оранж, на југот на Франција, јавуваат француските медиуми. Според информации од извор близок до истрагата, полициските службеници во куќата откриле останки од бебиња сместени во пластични кеси, кои биле ставени во картонски кутии. Морничавото откритие следувало само еден ден откако жената од семејството родила здраво дете. Како што објавува „Ле Паризиен“, жената, ...

Американската тајна служба отвори истрага по појавата на видео поврзано со Иран, во кое се упатуваат закани кон првата дама на САД, Меланија Трамп. Видеото најпрво било емитувано на ирански државен медиум, а потоа почнало да се шири на социјалните мрежи, пренесе „Индипендент“. Според американските медиуми, во видеото се прикажуваат наводни инструкции за потенцијален напаѓач, со информации за движењата и секојдневните навики на Меланија Трамп. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да ги прими лидерите на Украина и Израел во вторник во Белата куќа на последователни средби што ќе ги тестираат напорите на неговата администрација за обликување на конфликтите во Европа и на Блискиот Исток, објави „Еуроњуз“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски прво ќе се сретне со Трамп, обидувајќи се да обезбеди континуирана поддршка од САД за Киев повеќе од четири години по целосната ...

Масовните шумски пожари предизвикуваат и еколошка и политичка криза во Шпанија Шпанскиот премиер Педро Санчез завчера повика на национален пакт за справување со „климатската вонредна состојба“, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со масовните пожари што принудија околу 75 илјади луѓе да ги напуштат своите домови низ целата земја. При посета на опустошената од пожари област Авила, западно од Мадрид, Санчез рече дека катастрофата ја ...

Педесет и едногодишен жител на Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека физички ги нападнал својата поранешна сопруга и нивната 19-годишна ќерка, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес, пренесе МИА. Според информациите, вчера околу 16:40 часот полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Д.Ѓ. (51), постапувајќи по пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга. Таа пријавила дека била физички нападната на улицата ...

Министерството за здравство подготвува дополнителна децентрализација на онколошките услуги, со што дел од терапиите за пациентите со рак ќе се издаваат преку аптеките наместо исклучиво преку Клиниката за онкологија во Скопје, најави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Тој потсети дека минатата година два лека за лекување на рак на дојка веќе биле префрлени од болничката аптека во редовните аптеки, со што неколку ...

Осумнаесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла пиштол и рамка, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, приведувањето било извршено синоќа околу 19:50 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Скопје, каде полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Ј. (18). При извршениот преглед, кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Валтер“ и рамка за оружјето. Од Министерството за внатрешни ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска извршија увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкцијата на Улица 9, изградбата на нов стадион и новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, пренесе МИА. Градоначалникот Георгиевски информираше дека е во тек ...

Дваесет и четиригодишен скопјанец е повреден со остар предмет во инцидент што ноќеска се случил кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 1.27 часот по полноќ, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот. На местото бил затекнат 24-годишниот Н.Н. од Скопје, кој бил во друштво на двајца пријатели. Според неговата изјава, претходно ...

Во Македонија годинава се регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга и еден случај на зика, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој упати апел до граѓаните кои патуваат во Африка и во регионот на Индискиот Океан да ги следат препораките на Светската здравствена организација за вакцинација и профилакса, пренесе МИА. Клековски соопшти дека состојбата со вектор-преносливите заболувања била разгледана на ...

-Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков договор со претходната влада, во кој, според нивните тврдења, биле дадени различни ветувања. Ние, како Влада, сметаме дека протоколите не се и не треба да бидат дел од Преговарачката рамка. Тоа е нашиот став од првиот ден и останува непроменет – изјави Мицкоски. Тој оцени дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор, објави „Гардијан“. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена – посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо ...

Водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење кога ќе има три последователни негативни резултати од анализите на примероците, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој појасни дека според прописите не постои категорија „техничка вода“ и дека тој термин најчесто го користат јавните комунални претпријатија, пренесе МИА. -Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за ...

Владините мерки за развој и промоција на туризмот даваат резултати, а бројот на странски туристи во земјава е зголемен за 40 проценти во однос на минатата година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за текот на туристичката сезона, Мицкоски посочи дека позитивните резултати се евидентирани и во најновото издание на извештајот „Tourism Watch“ на Светска банка, објавен во јуни годинава. ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов не е фокусиран на можноста за предвремени парламентарни избори, туку на реализација на инфраструктурни проекти и политики што, како што рече, ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе бара дополнителни консултации со опозицијата поради законите што се блокирани во Собранието поради недостиг на Бадентерово мнозинство или ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ја информираме јавноста дека ревизијата се однесува на работењето на Комисијата во текот на 2024 година, односно на период што го опфаќа работењето на претходниот состав на Комисијата, соопштија од Комисијата. – Актуелниот состав на Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна сериозни институционални и организациски ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значителен напредок во земјоделскиот сектор, посочувајќи дека состојбите денес се значително подобри во споредба со периодот пред една година. Како клучни резултати ги наведе зголемената исполнетост на акумулациите за наводнување, редовната исплата на субвенциите, подобрувањето на состојбата во јавните претпријатија, како и растот на производството и откупните цени на тутунот и ...

Сите ученици кои од следната учебна година ќе се запишат во прва година во средните училишта на подрачјето на Скопје ќе добијат бесплатни училишни униформи, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, целта на оваа мерка е да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде поеднаква и побезбедна училишна средина. – Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех, ...

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. -Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет (637) и за ...

Ансамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички ...

Пред свеченото отворање на 56. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, на отворената сцена на платотото пред Офицерски дом во Битола како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола. Фестивал формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903, како смотра на фолклорот во националните граници. Фестивалот „Илинденски ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа. – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за сторено кривично дело – ...

Големиот проблем со еврократијата е што ѝ се дадени навидум прекумерни овластувања. Во суштина, многу нешта функционираат според парламентарните принципи: избори во поединечни земји, економска политика, социјални системи, традиција… Но кликата од Брисел сака да се меша во сè, да критикува, да фали, па дури и да го наметнува своето мислење. Во денешниот свет, кој функционира на поинаков начин, тоа едноставно не држи вода Европската Унија ...

Актуелни слики од Германија: опсервации на три карактеристични појави што најдобро ги отсликуваат состојбите во земјата Берлин прескапо го плаќа новиот курс на енергетската политика Германија денес плаќа речиси петпати повисока цена за увоз на природен гас отколку пред да се откаже од долгорочните договори за снабдување со руски гас, како дел од санкциите што Европската Унија ги воведе против Москва по ескалацијата на војната во Украина. На ...

Американската Комисија за нуклеарна регулатива (NRC) предлага укинување на принципот АЛАРА („As Low As Reasonably Achievable“), кој повеќе од пет децении претставува еден од темелите на заштитата од јонизирачко зрачење во Соединетите Американски Држави и во голем број земји низ светот. Принципот АЛАРА налага изложеноста на зрачење во нуклеарните централи, болниците, научните институции и другите објекти што користат радиоактивни материјали да ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
20%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.89
34%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
22%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.78
23%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.33
25%
1012
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.79
30%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.6
36%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.46
22%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.03
27%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
36%
1014
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.34
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.73
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Злато

136962.18