Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Атина – Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од ...
Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на шахти, отпушување на атмосферската канализација, како и чистење на ...
Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките ...
Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта ...
Професорите по економија во Северна Македонија основаа национално професионално здружение. Здружението на професори по економија на Северна Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје. Основачите го потпишаа Основачкиот акт и го усвоија Статутот на Здружението, одбележувајќи го основањето на професионална организација посветена на унапредување на ...
Во објава на Facebook, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто влегуваат само најтешките случаи, додека голем број заразени воопшто немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика и никогаш не се регистрираат како заболени од Западнонилска треска. „Без горново објаснување, објавените информации во медиумите дека ‘сите регистрирани случаи имале тешка, невроинвазивна форма на болеста’ лесно може да ...
Рајо Ваљекано бара привремен стадион откако властите во Мадрид ја суспендираа концесијата на клубот за користење на стадионот „Кампо де Ваљекас“ поради безбедносни причини, објави „IANS“. Заедницата на Мадрид, која е сопственик на стадионот на југот од шпанската престолнина, објави на 28 јули дека ревизијата открила сериозни недостатоци во одржувањето и прекршувања на регулативите. – Ревизијата откри прилично лоши резултати во врска со ...
Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово во 7.52 часот, на ...
Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок, власта не презема мерки Граѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политика на ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи дека само во изминатите денови граѓаните се соочија со нови ценовни ...
Оваа година Шпанија е членка на Европската унија која беше најтешко погодена од шумски пожари, со најголем удел на опожарена површина во однос на големината на земјата. Податоците од Коперник, европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека пожарот уништил повеќе од 200.000 хектари, што е околу 0,4 отсто од територијата на Шпанија. Повеќе од 90.000 луѓе се евакуирани, пишува Euronews. Со пожарите се бори и соседна Португалија, ...
Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи пред ...
Европските асоцијации може да го бојкотираат Светското фудбалско првенство, доколку претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од комерцијалните права на турнирот на надворешни инвеститори, објави „Sky News“. Се очекува федерациите да одржат состанок оваа недела за да разговараат за спротивставување на иницијативата. Претходно, ФИФА ги потврди плановите за создавање ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток не научи дека треба да се ослободиме од зависноста од фосилни горива и посилно да се насочиме кон енергетската автономија и кон зелената транзиција. Западен Балкан е во клучен момент во својата енергетска транзиција. Регионот има значаен потенцијал за обновливи извори и силна стратешка позиција, но претворањето на тој потенцијал во реалност бара побрза и покоординирана акција, вели во интервју за ...
„Виза“, која ја води најголемата мрежа за плаќања во светот, планира да намали околу 7% од својата работна сила, бидејќи извршниот директор Рајан МекИнерни се стреми да ја рационализира компанијата и да инвестира повеќе во областите на раст, според меморандум потврден за Си-Ен-Би-Си. Компанијата планира да намали околу 2.600 работни места, претежно во технолошки и производствени операции, според меморандумот. Си-Ен-Би-Си ја потврди ...
Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Прекин во тек“, која ги обединува делата на уметникот Игор Тошевски и уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Како што информираат организаторите, изложбата отвора прашања за можноста малите поместувања, прекините и отстапувањата да ги направат видливи структурите што најчесто остануваат незабележани во секојдневниот ...
Два заеми на земјава кај Светска банка, Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка и изборот на нов уставен судија се на дневен ред на денешните 97. и 119. седници на Собранието. На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска. На дневен ...
Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со Италијанската вечер, на која ќе настапи една од најистакнатите пијанистки на денешницата, Кристијана Пегораро. Опишана од „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и Австралија. Во својата богата кариера свирела пред италијанските претседатели Серџо Матарела и Карло ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...
Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во своите матични општини. Отворањето на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, во присуство на претставници на локалната самоуправа, ...
Настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор и можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите, ќе се одржи денеска во Europe House Skopje. Во организација на „Силајз“ ДООЕЛ, настанот ќе трае од 11 до 13 часот и ќе ги претстави актуелните трендови и практичните решенија од областа на вештачката интелигенција. ...
Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности. Поради уличен дефект на водоводна цевка на ...
Сенатот на САД го потврди назначувањето на Џеј Клејтон за директор на националното разузнавање. За изборот на федералниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк за нов шеф на разузнавањето гласаа 51 сенатор, додека 47 беа против. Републиканците во Сенатот се надеваа дека Клејтон ќе биде трајно назначен на функцијата уште минатиот месец, но американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи номинацијата за да му овозможи на вршителот на ...
Претседателот Доналд Трамп наводно размислувал за сопствената смртност по смртта на неговиот пријател и колега републиканец Линдзи Греам. Јавно и приватно, 80-годишниот Трамп изјави дека бил шокиран од ненадејната смрт на Греам на 11 јули. Блиски до претседателот велат дека Трамп е потресен од смртта на близок сојузник, речиси 10 години помлад, според „Вашингтон пост“. „Реков: ‘Луѓе, едноставно не можам да верувам’“, изјави Трамп за ...
Лос Анџелес – Дакота Џонсон е целосно непрепознатлива како една од најистакнатите икони на поп-културата на 20 век. Првите фотографии од краткиот филм на актерката Меги Џиленхол, кој го прикажува животот на Мерилин Монро, се појавија на интернет. Најновите фотографии ја покажуваат 36-годишната актерка облечена како легендарната актерка и навестуваат што гледачите можат да очекуваат од филмот. Насловен како „Flesh Impact“, краткиот филм ...
Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува литиум-јонски батерии, донесе одлука целосно да го затвори својот производствен погон во Македонија до крајот на 2026 година и да го пресели своето производство во Полска. Со оваа деловна одлука се заеегнати околу 89 лица кои што беа вработени во погонот во Скопје, но и други потенцијални вработувања кои беа најавени при промовирањето на инвестицијата пред околу три години. За релативно ...
Според официјалните бројки, 265 парови се венчале откако се запознале преку апликација која користи вештачка интелигенција за да утврди компатибилност на паровите, која владата на Токио ја лансираше во 2024 година за да ја намали ниската стапка на наталитет во Јапонија. Апликацијата „TOKIO Enmusubi“ беше лансирана откако анкета покажа дека околу 70 проценти од луѓето заинтересирани за брак не бараат активно партнер. За да се осигура дека само ...