Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека народот е на раб на егзистенција, дека сè е поскапено, а платите се најниски во Европа. Филипче посочи дека, во услови на секојдневни ценовни шокови, власта не презема никакви мерки, ниту, пак, има најави дека ќе преземе нешто за заштита на стандардот на граѓаните. „Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè ...
БИТОЛА – Обвинетиот Борче Марковски не побегнал од државата, само заминал за Србија каде имал неодложни обврски за тамошната фирма, вели во изјава за „Независен“ адвокатот Марјан Николоски од Прилеп кој го застапува обвинетиот Марковски во судскиот просец за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. „Какво бегање, Борче Марковски в сабота на 1 август ќе биде во Македонија. Тој има сериозна фирма во Србија које не можеше да функционира ...
За да има институционална одговорност за случајот на поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда. Зајкова од премиерот бара итни писмени одговори и целосна ...
Глобалната побарувачка за авионски патнички превоз во јуни се намали за 1,7 проценти на годишно ниво, главно поради остриот пад на сообраќајот на Блискиот Исток предизвикан од војната со Иран, како и поради послабата домашна побарувачка во Кина, САД и Јапонија, соопшти денеска Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА). Вкупниот капацитет на авиокомпаниите, мерен во достапни километри седишта, се намали за 1,3 отсто, додека ...
Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник ...
Во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како браунфилд инвестиции се размислува да се отворат дата-центри, кои не смеат да влијаат негативно на околината, најави денеска, министерот за дигитална трансформација, одговарајќи на новинарско прашање, на прес-конференцијата за дигитализирање на услугите од областа на земјоделството. – Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат ...
Македонија остана без ИПА-средствата предвидени за изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија,а од Владата тврдат дека реструктуирањето на финансиската рамка за овој проект – нема нови финансиски импликации за Македонија! Практично, да не беа поднесени законските измени за заемите од ЕИБ и ЕБРД денес во Собранието, немаше ни да се знае дека нема ИПА пари за последната фаза од железницата кон Бугарија во рамките на ...
Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град, опфаќајки аерсолна и теристичка заштита. Оваа акција доаѓа во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска, а вирусот се шири низ Европа и регионот, каде во соседна Грција се регистрирани четири смртни случаи кај постари лица. Здравствените институции предупредуваат дека комарците се главни преносници и ...
Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје!, соопштија организаторите, Владата на С Македонија и Авалон продукција, по денешниот прес во Струмица. Настанот ќе биде од ...
Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани. Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан. Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје. Земјотрес на истото подрачје беше почувствуан и вчера. Земјотрес во Албанија почувствуван во ...
инистерот за здравство, д-р Сашо Клековски, кој заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ ...
Академијата во Јужна Африка што Опра Винфри ја отвори пред речиси две децении ќе се затвори и ќе ги префрли своите операции назад на локалните службеници, додека Винфри се фокусира на „проширена“ програма за стипендии за девојки таму, објави таа оваа недела. „Сонот никогаш не беше едноставно да се изгради училиште. Беше да се инвестира во неограничениот потенцијал на младите жени“, рече 72-годишната Винфри во изјава во среда, 29 јули, ...
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. -Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едно по друго проби ќе бидат ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител на пријавеното правно ...
Неколку документи, кои на земјоделските и преработувачките компании им се потребни за продажба на своите производи во државата, но и за извоз, отсега се достапни на порталот uslugi.gov.mk, со што се скратува процедурата и се намалува времето за нивно добивање. – Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со дигитализација и модернизација на своите услуги со цел да обезбеди побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за бизнис заедницата. ...
Отпорните синџири за снабдување со критични минерали стануваат предуслов за економска стабилност и индустриски развој, се наведува во најновиот извештај „Глобални перспективи за критични минерали 2026“ на Меѓународната агенција за енергетика. Во услови кога многу држави ги забрзуваат инвестициите во сопствените минерални ресурси, Македонија сè уште не ги користи целосно своите потенцијали. Геолошките истражувања укажуваат на значајни резерви ...
Водечката фармацевтска компанија во Македонија, „Алкалоид“ АД Скопје, го продолжува трендот на одлични деловни резултати и во првото полугодие од годинава, кога оствари раст на консолидираната добивка од 4 отсто, со консолидирани продажби од 168 милиони евра и инвестиции од 13,6 милиони евра. Во продолжение е интегралнот соопштение на „Алкалоид“ за работењето во првата половина од годинава, кое е објавено на Македонската берза: Приходи од ...
Во пресрет на големиот христијански празник Илинден – 2 Август и патрониот празник на Општината, Општина Илинден реализираше значајна хуманитарна акција, насочена кон обезбедување прехранбени и хигиенски производи за социјално ранливите семејства и граѓани. Акцијата, организирана во духот на солидарноста и заедничката грижа, под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше успешно спроведена во соработка со Црвениот крст. Во рамките на ...
За првпат на македонски јазик е објавено интегралното издание на графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, во превод на македонски јазик на Владо Ефтимов. Во ова дело таа го претвора личното сеќавање во политичко сведоштво, осветлувајќи ја вистината за репресијата, прогонството, созревањето и отпорот преку искреност, духовитост и човечност. „Персеполис“ (2000 – 2003) на Сатрапи која почина ...
Премиерот Христијан Мицкоски го оствари она што го најави пред неколку месеци – Владата го именува поранешниот вицепремиер, Арбен Фетаи, за нејзин претставник во Европската унија. Фета, всушност, живее во Брисел и на местото на местото вицепремиер дојде по покана на тогашната коалиција „Вреди“ и крилото на Арбен Таравари. Одлуката на Владата ја објави самиот Фетаи на социјалните мрежи, каде напиша дека новата улога му претставува голема ...
Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со брзина од 204 километри на час на автопатот А1, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Како што информира Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21:26 часот, кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола на патниот сообраќај со радар, констатирале дека ...
Даблин – Ирскиот музичар Глен Хансард, водечкиот пејач на рок-групата The Frames, кантавтор и актер, добитник на Оскар, почина рано наутро во среда во сообраќајна несреќа со мотоцикл во Даблин, на 56-годишна возраст. Веста ја објавија неговите менаџери. Хансард освои Оскар во 2008 година за најдобра оригинална песна за независниот филм „Еднаш“. Неговата смрт ја потврди неговата менаџерска компанија ATC Management. „Со скршени срца објавуваме ...
Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без електрична енергија, додека вчера 84.000 домаќинства имаа прекини во водоснабдувањето. ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. -Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата, не само во Македонија, туку гледано и геополитички и имајќи ги предвид ...
Брињолс – Славниот холивудски актер и адвокатката за човекови права, Џорџ и Амал Клуни и нивните 9-годишни близнаци, Александар и Ела, живеат во градот Брињолс, во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во југоисточна Франција. Моментално, нивниот дом е во еден од многуте региони каде што шумските пожари се шират низ Франција, Шпанија, Италија и Грција. Двојката ја објави својата евакуација во писмо до градоначалникот на Брињолс, потврди ...
Дигиталната економија на Балканот во изминатата деценија престана да биде онаа што пристигнува. Регионот, кој до неодамна се доживуваше како периферија на европскиот пазар, денес гради сопствени центри на знаење — од развој на софтвер до финансиски услуги. Се менува и структурата на потрошувачката: жителите на Скопје, Софија или Загреб купуваат, плаќаат и се забавуваат на интернет приближно исто како публиката во Берлин или Амстердам. Побрзо ...
Американскиот Црвен крст предупреди дека залихите на крв во САД се намалени на „кризно ниво“, истакнувајќи дека ова е вторпат во неговата 150-годишна историја да прогласи таква состојба. Според доктор Кортни Лоренс од Американскиот Црвен крст, до недостигот довеле повеќе фактори, меѓу кои големите шумски пожари и екстремно високите температури. Залихите на крв само во текот на минатиот месец се намалиле за една четвртина. Кризата се појавува ...
Поради поминат временски период, и доцнење на изведбата, парите од ИПА повеќе не се достапни, па Владата премина кон промена на договорот, со цел да може и понатаму да користи од договорените кредити за овој грандиозен проект. – Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА алоцираните средства за овој проект повеќе не се достапни, па оттука и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во ...
Федералните резерви во среда гласаа да ја задржат својата клучна каматна стапка непроменета, но не без противење од тројца функционери кои изразија загриженост за инфлацијата и сакаа да ја зголемат (каматата). И покрај растечката поддршка од некои функционери за зголемување на стапката, Федералниот комитет за отворен пазар гласаше со 9-3 за да го остави целниот опсег помеѓу 3,5% и 3,75%. Сите гласови „против“ дојдоа од регионалните ...