Ракометната федерација на Македонија го назначи Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација. Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера. По завршувањето на играчката кариера во 2022 година, Марковиќ целосно се посвети на тренерската работа. Најнапред беше ангажиран во женските младински национални селекции на ...

Американската тајна служба истражува видео поврзано со Иран во кое се споменува првата дама на САД, Меланија Трамп, откако материјалот беше емитуван од ирански државен медиум, а потоа почна да се шири на социјалните мрежи. Видеото од Иран на потенцијален терорист му покажува упатства „како“ и „каде“ да се убие првата дама на САД Меланија Трамп, откривајќи ги нејзините „слабости“, а завршува со зборовите до нивниот син: „Бароне, почекај нè“. ...

Поради продолжување на градежните активности за реконструкција на улицата „Ленинова“, Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска до петок ќе биде воведен времен режим на сообраќај во дел од населбата Дебар Маало. Во периодот од 8 до 16 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците на потегот од „8 Март“ до „Коста Веселинов“, во зоната околу кружниот тек кај „Хемпро“. Градоначалникот, Горан Герасимовски посочи дека сообраќајот ќе ...

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден. – Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков ...

Славниот актер Ерик Робертс не беше меѓу гостите кои ја гледаа неговата ќерка, Ема Робертс, како се венчава со актерот Коди Џон во дом во Ајдахо во сабота, 25 јули, но ѕвездата од „Кралот на Ромите“ вели дека има само љубов кон своето единствено дете. „Ја сакам мојата ќерка, отсекогаш сум ја сакал, отсекогаш ќе ја сакам“, изјави тој за Page Six во изјава. „Сосема е прекрасно за неа да слави како што сака, со кого сака“. Ема, која е родена ...

Украинските вооружени сили може да започнат со лансирање на своите први напади со балистички ракети врз Москва оваа есен, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен дизајнер на компанијата за производство на оружје „Фајр поинт“. Во интервју со новинарот Дмитриј Гордон, тој објави дека новата ракета моментално е во последната фаза на тестирање. По пробните летови, „ќе започнат летовите кон руска територија“. „Војската ќе ја одреди целта, но ...

Сен – Тропе – Памела Андерсон слави пресвртница што нема никаква врска со Холивуд. Актерката и авторка сподели искрена јавна порака откако нејзиниот најмлад син, Дилан Џегер Ли, се ожени со долгогодишната партнерка Паула Брус на интимна церемонија во Сен Тропе, давајќи го својот благослов додека младенците го започнуваат своето следно поглавје заедно. Според „Пипл“, откако Дилан објави вртелешка од свадбени фотографии на Инстаграм со натпис ...

Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување, со што е потврдена исправноста на водата во Крушево, која сега ги исполнува условите од правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски ...

Со гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ како вршител на должност раководи Алмир Даути. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, назначувањето било неопходно, со оглед на обврските кои ова јавно претпријатие ги извршува. – Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно оваа функција наредниве два месеци. Ова претпријатие врши и ...

Париз – Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа, ги отфрли тврдењата дека не вработува дебели луѓе во писмо во кое се исмејува истрагата на весникот за неговата бизнис империја. Новинарите од левичарскиот весник „Ле Монд“ го изнесоа тврдењето откако го посетија седиштето во Париз на LVMH, конгломератот за луксузни стоки што г-дин Арно, 77, го основа пред 40 години. „Жените стојат исправено и се претежно млади, убави и витки. Нема да наидете ...

Најкритичната фаза со епидемијата во Гостивар изгледа е надмината затоа што таа се смирува, но за министерот за здравство, Сашо Клековски, е загрижен дека сега може да се појават нови заразни заболувања, како жолтица. Клековски на денешната прес-конференција соопшти дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со ...

Француските власти го истражуваат ужасниот случај откако телата на пет новороденчиња беа пронајдени во семејна куќа во јужниот град Оранж во вторник. Според француските медиуми, грозоморното откритие се случило само неколку часа откако жената, родена во 1994 година, родила здраво машко бебе во болница. Сопругот бил надвор од куќата во понеделник кога неговата сопруга отишла во болница со болки во стомакот, каде што се породила. По претходна ...

Тешко може да се објасни делот од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за поткастот „Риштази“ на весникот Коха, каде што тој дава изјави кои се „спектакуларни“. А за некого и неразбирливи, затоа што се контрадикторни. Кога новинарот Назим Рашиди го прашува дали ако Македонија не ги направи уставните промени, ќе изгуби уште еден воз кон ЕУ, Мицкоски одговара: „Не, бидејќи нема воз“. И веднаш дополнува: „Сега ние имаме воз и вагон ...

Париз – Прес-службата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го објави назначувањето на Зинедин Зидан за селектор на француската репрезентација. Договорот на 54-годишникот е до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дидие Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против Англија (4:6) на Светското првенство 2026. Зидан ја започна својата тренерска кариера ...

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија денеска од тимот. – Учеството во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денска изјави дека во понеделник ќе се знае дали Владата ќе интервенира дополнително кај акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Тој рече дека е добро што цената на нафтата на светските пазари се стабилизира и дека врз основа на тоа следната недела очекува значајно намалување на цента на дер „Знаете дека на две недели се анализраат акцизите. Сега завршува втората половина на месецот, така што во понеделник ќе ...

Лос Анџелес – Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури, законски се откажа од презимето на својот татко. 20-годишната студентка законски го променила презимето од Круз во Ноел, според записите за регистрација на гласачи добиени од PEOPLE. Page Six беше првата што ја објави веста. Сури моментално студира на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија, и се регистрирала да гласа во округот Алегени, Пенсилванија, за време на нејзината ...

Македонскиот актер Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Бутел, Скопје. Последното збогум ќе биде во капелата во 13, а погребот во 14 часот. Тодоровски почина на 75-годишна возраст и важеше за еден од најсаканите и најпопуларни македонски актери на сите времиња. https://nezavisen.mk/pochina-akterot-goce-todorovski-omilen-lik-vo-mnogu-teatarski-pretstavi-filmovi-serii/ Македонскиот актер Гоце Тодоровски ќе биде ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека годинава во Македонија има регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западнонилска треска. Клековски воедно упати апел до граѓаните што патуваат во ризични подрачја да ги почитуваат препораките за заштита. Според него, по две години без регистрирани случаи на маларија, годинава се евидентирани четири, а сите се поврзани со ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања. Клековски посочи дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно ...

СДСМ сатирично ја прокоментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека корупцијата била перцепција во државата, по што ги повика граѓаните ако се соочиле со таков случај, да пријават. „Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, ама не мора да се замарува, линијата за пријава кај нас е веќе отворена – шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk“, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра ...

Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта. Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат ...

Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ со кој се предлага и основање на Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Но, наместо закон што ќе воспостави највисоки стандарди на транспарентност и отчетност за проект финансиран речиси целосно со јавни средства, пред пратениците се наоѓа текст што отвора бројни дилеми и ...

Преговарачката рамка не може да се менува, но уставните уставните измени нема да се случат во формата во која моментално се бараат. Така ја објаснува моменталната ситуација со европкиот пат македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Во гостување во поткастот „Риштази“ на весникот „Коха“ Мицкоски повторно зборуваше дека тој е подготвен да разговара си секого за уставните измени и европскиот пат на Македонија, но од неговите одговори не ...

Лондон – Двајца пропалестински активисти се осудени за предизвикување материјална штета по протестна акција во која тие целеа слика од Пабло Пикасо во Националната галерија во Лондон. Поротата во Крунскиот суд во Саутерк ги прогласи Џаи Халаи (25) и Мондеј-Малахи Розенфелд (23), членови на активистичката група „Дема на младите“, за виновни по повеќе од девет часа, објавува „Телеграф“. Детали за протестната акција Халаи, британски здравствен ...

Вашингтон- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека не планира да ја заврши исплатата на 400 милиони долари воена помош за Украина пред фискалната 2029 година. Министерството за одбрана испрати писмо со таков план за трошење до конгресмените во мај, а демократите и некои од републиканците на Трамп го критикуваат Пентагон за одложување на помошта што беше одобрена од двете партии минатата година, ...

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и оттогаш ја промени ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички ...

Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...

Промотивниот филм „So Turkish, Go Turkish“ и мини-сериите „Antalya Gambit“ и „İstanbul My Love“, реализирани во рамки на платформата GoTürkiye, освоија престижни признанија на US International Awards 2026, еден од водечките светски натпревари за најдобри достигнувања во областа на креативните комуникации, корпоративната видео-продукција, онлајн медиумите, документарниот и независниот филм. Наградите се значајно меѓународно признание за ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07