Рускиот „Амазон“ – компанијата „Вајлдберис“ апелираше до руските власти за поддршка по нападите на украински дронови врз нејзините логистички центри, кои ги погодија магацините на компанијата во 10 градови и резултираа со губење на стока во вредност од стотици милијарди рубли. Ројтерс известува, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, дека сопственичката на „Вајлдберис“, Татјана Ким, најбогатата жена во Русија, чија нето вредност ...

Водата од локалните чешми во струмичките села Белотино и Рич не е здравствено исправна за пиење поради присуство на бактерии што укажуваат на фекално загадување, покажале анализите на Центарот за јавно здравје – Струмица. Во Белотино бил испитан примерок земен од чешмата кај црквата, додека во Рич водата била земена од чешмата во центарот на селото. Микробиолошките и физичко-хемиските лабораториски анализи покажале дека двата примерока не ги ...

Директорот на руска компанија за развој на дронови денес беше хоспитализиран во Тула по вооружен напад кој се третира како обид за атентат. Андреј Черезов, раководителот на компанијата, беше нападнат во градот кој се наоѓа на 190 километри јужно од Москва, објавија руските медиуми. Детали за нападот Рускиот портал за криминалистички вести „Маш“ објави дека непознат напаѓач го пречекал Черезов на скалите од зградата. Тој испукал три куршуми ...

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил го нападна денес предлог законот што по скратена постапка дојде во Собранието а се однесува на проектот „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. -Денеска, во Собрание, по итна постапка ни пуштија Предлог-закон за Скопје град на културата 2028 ма. Не знам од каде да почнам, настрана номотехниката, печатните грешки и недефинираните поими и концепти, Законот е буквално лекс-специјалис ама ...

Последните податоци на новозаболени укажуваат на смирување на епидемијата во Гостивар, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека во изминатите 24 часа се регистрирани 71 нов прв контакт. Според него, оваа бројка е на ниво на вообичаената фрекфенцијата што била забележана пред почетокот на епидемијата, односно пред 25 јуни. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на ...

Скопје ја победи црногорската Будва во 2023 за Европски град на културата за 2028. На церемонија во Домот на европската историја во Брисел, присуствуваа тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и други учесници кои ја подготвуваа апликацијата.Главниот концепт на кандидатурата беше „Culture over Division“ – култура над поделбите. Скопје ја поднесе кандидатурата за ...

Две млади охриѓанки беа спасени од полициски службеници откако силен ветер и големи бранови ги оддалечиле од брегот на Охридското Езеро додека пловеле со СУП даски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Според пријавата, две лица кои се наоѓале на околу 1.000 метри од брегот, спроти авто камп во Охрид, со извикување барале ...

Тајлер Робинсон, обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, го нападнал поради неговите политички ставови, соопштија обвинителите во вторник. Тие велат дека противењето на Кирк на истополовите бракови и трансродовите права бил главниот мотив. Судските документи нудат најдетално објаснување досега за мотивот за пукањето на 10 септември на Универзитетот во Јута, во кое беше убиен близок сојузник на американскиот претседател Доналд ...

Германскиот производител на автомобили Бе-ем-ве (BMW) ќе укине 8.000 работни места ширум светот, јави Германската новинска агенција (ДПА) повикувајќи се на неименуван извор. Предвидено е намалувањето на работните места ќе се одвива преку флуктација на вработените и доброволно заминување. Кратењето на работните места ќе се одвива од октомври годинава до крајот на 2027 година, а ќе бидат опфатени сите вработени во Германија, кои не се директно ...

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата почнаа кабања за да не се користи мобилен телефон додека се управува со моторно возило. -Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека новиот предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата за 2028“ не е проблем. Добри практики за вакви проекти постојат низ Европа. Проблемот настанува кога речиси секој закон кај нас секој се претвора во алатка за местење тендери, криење од јавноста и концентрирање на моќта во неколку партиски раце. Партијата преку соопштение вели дека додека устите им се ...

По постигнатиот голем успех во кината ширум светот, музичката биографска драма „Мајкл“ од 10 август ќе биде достапна и на стриминг-платформата „Старз“ (Starz) „Мајкл“, со над милијарда долари заработка на светско ниво, е меѓу најголемите филмски хитови за 2026 година. Со Џафар Џексон во главната улога, филмот го раскажува животот на пејачот од детството, музичките почетоци со групата „Џексон 5“, па сè до неговата „Бед“ турнеја кон крајот на ...

Проектот најавен во 2024 година, за вработување 600 специјализнати во болниците низ македонија, со проиоритет на оние надвор од Скопје, половично бил спроведен, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Сега се планира вработување на уште 300 специјализнти до крајот на оваа година – По одреден застој, се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со спроведувањето на ...

Општина Карпош ги известува граѓаните кои претрпеа материјална штета од силното невреме што го зафати подрачјето на Општина Карпош на 21 јули 2026 година, дека е во тек приемот на барања за пријавување на настанатата штета. Постапката за проценка и надомест на штетата ќе се спроведува во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Градот Скопје. Образецот за пријавување на штета може да се подигне во архивата на Општина Карпош, а ...

Училишниот округ на Саламанка во американската сојузна држава Њујорк го стопираше планот за воведување на човековидниот робот со вештачка интелигенција Сали (Sally) во училниците, по критиките од надлежните власти во образовнието, наставниците и дел од заедницата. Училишниот одбор претходно одобри набавка на роботот, произведен од компанијата „Рилботикс“ (Realbotix), во вредност од речиси 60.000 долари (52.630 евра). Планот беше Сали – како ...

Вашингтон – Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп бараат од Врховниот суд да ја поништи пресудата за клевета од 83,3 милиони долари што му беше наредено да ѝ ги исплати на писателката Е. Џин Керол, објави „Аксиос“ во вторник. Министерството за правда на САД не одговори веднаш на барањето за коментар. Судските записи покажаа претходно овој месец дека Керол собрала речиси 5,63 милиони долари од Трамп. Таа доби 88,3 милиони ...

Американските дипломати го напуштија состанокот на Обединетите нации откако Франција го критикуваше статусот на земјата во однос на човековите права под водство на Доналд Трамп. Инсценираното заминување, кое се случи во понеделникот за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Украина и Русија, се случи неколку дена откако администрацијата на Трамп ги наведе обвинувањата за „принудна работа“ додека воведуваше големи ...

Царинската управа информира дека започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со кој се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот ...

Болницата во тетово ќе се реконструира, односно ќе се урнат некои непотребни, дотраени објекти, ќе се реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, ќе се изгради нов павилјон за повеќе медицински дејности; посебен објект за гинекологија, акушерство и неонатологија; ќе се набави современа медицинска опрема и ИТ-системи, со што целосно ќе се уреди болничкиот комплекс. За таа цел, денеска во Тетово беа министерот за ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Замислете свет каде што гостопримството кон странците е закон – под закана од божествена казна – и гостите се обврзани да му возвратат со благодат и благодарност. Свет каде што третманот на странците е тест за цивилизацијата, а странците добредојдени денес може да станат домаќини утре. Не е дека фанатиците нема да постојат – туку само дека сите ќе бидат претворени во свињи. Колку поинаков свет би бил тоа. Па, Кристофер Нолан го нарекува ...

Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки денеска објави дека формирал нова парламентарна група по поделбата во главната конзервативна опозициска партија во земјата, Право и правда (ПиС), јавува ДПА. Групата, наречена Развој Плус, вклучува 40 парламентарци и еден сенатор, изјави Моравјецки пред новинарите во Варшава. „Сакаме да работиме за развојот на Полска и нејзиниот конзервативен идентитет“, рече тој. Десничарската популистичка ПиС, ...

Лондон – Џаред Лето е обвинет за криминално сексуално однесување од четири жени, кои тврдат дека делата се случиле кога биле тинејџерки. Во новиот документарец на BBC „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“ – кој се емитува во среда – вкупно 10 жени излегоа со обвинувања против актерот и музичар, од кои девет, според BBC, ги споделуваат своите приказни за прв пат. Една од жените го обвинува добитничката на Оскар дека ја нападнал во бањата на ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје Ве информира дека годишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори утре, 30.07.2026г. (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Во свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на Музичка ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година – објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3,7 проценти, Преработувачка индустрија за 0,4 проценти, Снабдување со ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека законското решение за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, коешто по скратена постапка е на дневен ред на пленарна седница, треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност. ДКСК посочува и дека согласно своите надлежности и во ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата дека Собранието по скратена постапка ќе гласа за предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“. Предлог-законот, кој е на денешниот дневен ред во Собранието, поднесен од група пратеници, предвидува Градот Скопје да основа посебна фондација која при своите набавки нема да биде обврзана да го применува Законот за јавни набавки. ...

Свршувачка го одбележа вториот натпреварувачки ден на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола кога по настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“ од Битола, пејачот и игроорец Никола Зацески изваде веренички прстен и на големата сцена на платото пред Офицерскиот дом во Битола ја побара за жена играорката Наталија Цветкова, негова долгогодишна љубов. Самиот чин на запросување предизвика бура од позитивни реакции кај многубројната публика, ...

Лондон – Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 ...

Град Скопје објавува Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација; Занаетчии кои во тековната ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25