Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се верува дека околу 37.000 мигранти се вратиле од Сеута во Мароко денес, како дел од шпанските напори за пресврт на миграциските текови преку границата од синоќа. Доколку се потврди, тоа би било речиси половина од сите за кои се верува дека ја преминале границата, со оглед на тоа што најновите проценки од локалните власти ја ставаат бројката на околу 60.000 луѓе. Шпанските медиуми ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...
Русија примила поморска пратка од приближно 30.000 тони бензин АИ-92 увезен од Мароко, изјавија за Ројтерс два индустриски извори. Според нив, танкер со панамско знаме го натоварил горивото во мароканското пристаниште Тангер кон средината на јули и моментално го истоварува во арктичкото пристаниште Мурманск. „Лукоил“ бил снабдувач на гориво, изјавиле изворите за Ројтерс. Мароканскиот бензин веројатно веќе е пуштен во продажба на Берзата за ...
Без стратегија, основна опрема за работа и речиси никаква кохезија меѓу вработените, функционирало Министерството за односи меѓу заедниците, осд неговото формирање до денес. Новиот министер Агон Ферати, планира да изгради доверба кон ова министерство, а тоа да почне да работи во насока на подобрување на меѓуетничките односи и односите меѓу различните заедници, од ниво на обрзование, преку фудбалски натпревари, до политички говори. Ферати вели ...
Главниот државен ревизор Максим Ацевски информира дека неговата службена електронска адреса [email protected] била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испратени неовластени пораки. Во известувањето Ацевски ги повикува сите приматели да ги игнорираат и избришат пораките во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации. „Доколку сте кликнале на линк или сте внеле податоци, ве молам веднаш ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска обвини дека станува збор за „груба манипулација“ од еден јавен обвинител во Битола за враќањето на пасошот за обвинетиот бизнисмен Борче Марковски. И најави дека ќе има истрага за него, но не кажа од кого. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го поздрави договорот за етапно разоружување во Појасот Газа, што го објави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека сега е од клучно значење да се постигне реален напредок и палестинската вооружена група Хамас навистина да го предаде своето оружје. „Германија е подготвена да му помогне на населението во Газа со хуманитарна помош и мерки за брза обнова. Затоа, без ...
Компанијата ОКТА ги објави финансиски резултати за вториот квартал и првата половина од 2026 година, кои покажуваат силни перформанси поддржани од зголемена комерцијална активност и подобрувања во синџирот на снабдување. Извештајот, објавен на Македонската берза го објавуваме интегрално: Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...
Доктори од Скопје, еднаш неделно доаѓаат во Клиничката болница во Битола, место онколошките пациенти и децата со атипичен развој да одат до Скопје за терапија или извештај, информираше денеска директорката на болницата Ненси Лозанче, пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Направивме ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
Големотот невреме во Скопје, нанело штети на коритото на реката Серава која тече низ Општина Бутел, а кое беше чистено и уредувано во март годинава. Затоа што изведбата имала гаранција од 10 години, а невремето во Скопје, успеа да го оштети по само неколку месеци, Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава, со што започнува постапката за целосна санација на сите утврдени оштетувања, информираа ...
Во Територијалната противпожарна единица Велес денеска во 10:30часот била примена дојава за запалена куќа на ул. „Маршал Тито“ бр.5 во Градско. Екипа на ТППЕ Велес веднаш излегла на лице место со две противпожарни возила возило и четворица пожарникари. По пристигнување на лице место екипата увидела дека не горела куќата како што телефонски било пријавено кај нив, туку горел овоштарникот до куќата. Како што информираат попладнево од ТППЕ ...
Во текот на вчерашниот ден Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски даде неколку изјави на прес-конференција поврзани со изградбата на дата-центри, со кои ги навреди не само еколошките здруженија и организации ширум државата туку и интелигенцијата на целокупната македонска јавност, реагира зелен Хуман Град со соопштение. – Андоновски не само што изјави дека „се консултирал со многу експерти и СИТЕ ДО ЕДЕН му препорачале да ...
Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти Град Скопје. остот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди на опасноста Македонија да не се најде во наредниот седумгодишен буџет на Европската унија и со тоа да си ја запечати шансата за евроинтеграција, бидејќи без обезбедени пари нема ни прием во Унијата – лекција што ја научивме од Агендата 2000. Тој расправата за блокираната евроинтеграција практично ја сврте наопаку, прашувајќи – а, што ќе правиме ако не се обезбедат саканите гаранции за Македонија ...
Цирих – Карлос Кордеиро, главен советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка од својата позиција поради планот за продажба на акции на Светското првенство. Тој верува дека таков потег би бил штетен за фудбалот, пишува Скај њуз. Оставката на Карлос Кордеиро сериозно ја ослабува позицијата на Инфантино, особено откако вчера беше објавено дека претседателот на ФИФА губи сè поголема поддршка во рамките на фудбалската ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од страна на Владата немало најави дека ќе се укине Вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине Вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема“, изјави Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите при неговата посета на Клиничката болница во Битола. Дебатите за Вториот пезиски столб се отворија кон крајот на јуни годинава, по ...
Пекинг – Шарлиз Терон ја продолжува својата глобална прес-турнеја со незапирлив стил. Присуствувајќи на специјалната фото-сесија за „Одисеја“ на Нолан во Кина, актерката добитничка на Оскар се претстави со неверојатен изглед во ултра-шик ансамбл од Ланвин. Стилизирана од нејзината долгогодишна стилистка Лесли Фремар, Терон докажа дека кроените кратки панталони можат да изгледаат сосема модно, лесно и софистицирано. Следствено, нејзиниот ...
Група пратеници од „Европскиот фронт“ поднесoa до Собранието предлог-одлука за формирање на анкетна комисија со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со сериозниот инцидент што се случи во просториите на Собранието, при кој член на владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците. Секое однесување што го нарушува достоинството на пратениците и авторитетот на Собранието претставува директен удар врз демократските ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да оди на класичен годишен одмор, туку на еден вид екскурзија во Белгија. Одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Битола, тој рече дека ќе биде заедно со семејството. „Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела во Белгија. Четири дена во Бриж, четири дена во Брисел“, кусо одговори Мицкоски. Премиерот ...
Јавноста се дезинформира. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата и на невладиниот сектор во врска со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“. Тој денеска изјави дека проектот започнал пред десет години, но не бил реализиран. Скопје беше избран за престолнина на европската култура за 2028 во 2023 година за време на претходната влада и претходниот градоначалник. Мицкоски уште и ...
Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во јуни, изнесува 4,38% и бележи ...
Во лавината што се случи на еден од највисоките врвови во светот, Брод Пик на Каракорам, на границата меѓу Пакистан и Кина, загинаа четворица алпинисти, додека по шестмина сè уште се трага, објави денес Алпинистичкиот клуб на Пакистан. Во соопштението се наведува дека досега се пронајдени четири тела на загинати планинари, од кои двајца се идентификувани како Надира ал Харти од Оман и Пур Бахадур Гурунг „Џукта“ од Непал, пренесува Скај њуз. ...
Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие. – На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека премиерот Hристијан Мицкоски вчера избегал од можноста да му се постават пратенички прашања и дека циркусот што се одвиваше во Собранието бил оркестриран од потпретседателката Весна Бендевска. Тој нагласи дека е единствениот од опозицијата што успеал вчера да постави прашање, иако имало цела листа на пријавени, окарактеризирајќи ги случувањата како „дел од системот на целосно непочитување на ...
Еве го повторно. Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголемува и намалува тарифите без размислување, кршејќи ги меѓународните договори што самиот ги потпиша и речиси сигурно ги крши федералните закони. Единствената разлика овој пат е што тој има нов изговор за злоупотреба на тарифите: запирање на принудната работа. Секако, администрацијата е во право дека се прави премалку во врска со принудната работа. Но, нејзината искажана ...
Анапа – Децата се капат во топлото Црно Море, а плажите на Анапа се полни со капачи, но ова не е вообичаена туристичка сезона во Русија. Во петтото лето од војната во Украина, Русите мора да сметаат на недостигот од гориво и опасноста од напади со дронови кога ги планираат своите одмори. Неизвесноста силно го погоди туризмот и угостителството, со еден милион откажани резервации само во анектираниот Крим до крајот на јуни, објавува Ројтерс. ...