Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
За само три недели, бизнисот на Василиј Климов, сопственик на пункт за преземање стока во Москва, од успешна мала фирма се претвори во загубар, па тој сега се обидува да го продаде. Климов раководи со еден од 98.000 пунктови за преземање стока на „Вајлдберис“ (Wildberries) во Русија и соседните земји. Но откако Украина на 18 јули почна речиси секоја ноќ напади со дронови врз магацините на најголемиот руски интернет-трговец, неговото работење ...
Младата ракометна репрезентација на Македонија до 18 години го продолжува успешниот настап на Европското првенство во Белград. Македонските кадети ја забележаа третата победа на турнирот, откако во натпреварот за пласман од 9. до 16. место ги совладаа Фарските Острови со 34-32. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски одиграа сигурно прво полувреме и уште од почетокот го презедоа резултатското водство. Во неколку наврати имаа предност од ...
Четири лица се уапсени во Норфолк по дводневните немири во кои еден полицаец беше тешко каснат, а негов колега беше удрен со камен, објави Скај њуз. Полицијата ги осуди нападите врз полицајците кои интервенираа во Тетфорд околу 21:30 часот завчера, каде што група демонстранти се обидоа да влезат во куќа. Локален пратеник потврди дека некои жители биле насилно отстранети од своите домови и дека имотот бил вандализиран. Специјалните полициски ...
Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни кратери и 81 ударен басен, при ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на мачките, кој се одбележува утре, 8 август, Турција ги поканува странските туристи да ја откријат една од најавтентичните приказни на Истанбул, градот во кој мачките, покрај тоа што се миленици, се и негови вистински жители, соседи и популарен симбол на неговиот дух.Покрај светски познатите знаменитости, како што се Аја Софија, палатата Топкапи, кулата Галата и Босфорот, Истанбул има уште еден свој заштитен ...
Париз – Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската воена администрација, објави денес бриселскиот „Политико“. ...
Министерството за здравство е известено од компанијата носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за ...
Минатата година Македонија најголемиот дел од нафтените деривати ги увезла од Грција, покажува Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Извештајот на РКЕ покажува дека трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт лани увезувале од вкупно девет држави. Најголем дел од увозот, односно 86,71 проценти, бил од Грција. Потоа ...
Лондон – Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 ...
Уапсен е возачот кој завчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена пешак и избега од местото на настанот. Станува збор за 19-годишник. Како што информираа од МВР, уапсен е Н.Н.(19) од Скопје затоа што завчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни ...
Снимките од камерата за надзор од болница во Кумамото, Јапонија, го снимија моментот кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди операционата сала во средината на процедурата. Видеото ги прикажува хирурзите како ги користат своите тела за да се спротивстават на земјотресот и да го заштитат пациентот на масата додека сè околу нив се тресеше, а опремата леташе низ собата. Постапката беше завршена и покрај земјотресот што ги фрли ...
Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...
ВМРО-ОКГ не престанува со навреди, се вели во соопштението на СДСМ. „Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас. Ги наведовме сите: – Бране Петрушевски – Лидија Петкоска – Бисера Златеска – Емилија Ангелова – Драган Ковачки – Миле Лефков – Петар Марков Денеска е редот на Манасиевски. Истиот речник. ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Зоран Пејковски, и ...
Лос Анџелес- Мини Драјвер вели дека е благодарна што е жива откако е повредена во сообраќајна несреќа. Ѕвездата на „Добриот Вил Хантинг“, 56, на Инстаграм објави видео на кое лежи во кревет носејќи ортопедски врат, откривајќи дека „пред неколку дена доживеала навистина лоша сообраќајна несреќа“ во Франција. Драјвер, која го снимала видеото од Лондон, рекла дека таа и нејзиниот пријател Бен „некако“ излегле живи од сообраќајната несреќа. „Да ...
Рејкјавик – Исландските власти ја предупредија Европската комисија да не се меша во кампањата пред референдумот закажан за 29 август, на кој граѓаните ќе гласаат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за пристапување со Европската Унија. Според „Еурактив“, повикувајќи се на двајца претставници на ЕУ, Рејкјавик јасно му ставил до знаење на Брисел дека какво било странско мешање во гласањето на граѓаните би било неприфатливо. ...
Киншаса – Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
Киев – Десет земји се приклучија на иницијативата Фреја за интегриран систем за воздушна и балистичка ракетна одбрана, која моментално е во фаза на активна имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерното обраќање на 6 август. Заедничката иницијатива претставува европски систем за антибалистичка ракетна одбрана, а се очекува дополнителни меѓународни партнери да се приклучат на коалицијата во блиска ...
Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа, Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на ...
Вашингтон – Американскиот Стејт департмент ќе ги проверува профилите на социјалните медиуми на странските новинари кои аплицираат за визи за работа во Соединетите Држави. Конзервативната веб-страница „Дејли Сигнал“, повикувајќи се на интерен меморандум, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја проширува претходната мерка, според која кандидатите за многу видови визи мора да ги направат своите профили на ...
Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија ...
Вашингтон – САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини ...
Вашингтон/Пекинг – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за ...
Лос Анџелес – Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во ...
– Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село ...
Официјално започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. ...
Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, синоќа, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...
Вашингтон – Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри новата вакцина против сезонски грип на компанијата „Модерна“, базирана на мРНК технологија, наменета за лица постари од 50 години. Вакцината, наречена „емФлусива“ (mFlusiva), е првата против грип што ја користи истата мРНК технологија која одигра клучна улога во развојот на вакцините против Ковид-19. Компанијата соопшти дека очекува вакцината наскоро да биде достапна ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, синоќа, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија, стои во соопштението на СДСМ. Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се ...