Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вашингтон- Најголемиот огномет во историјата, составен од 840.537 пиротехнички направи, го изведоа американските компании „Фридом 250“ и „Питотекнико, Инк“ на настан организиран оваа година од „Ивент Стратеџис Инк“ во Вашингтон за да се прослави американскиот национален празник 4 јули, објави веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди. Пред овогодинешното одбележување на 4 јули, Денот на независноста на САД, американскиот претседател ...
Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден. Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера, околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll ...
Денеска е недела, 9 август 2026 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 1 часо ти 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 34 минути. Денеска е недела, 9 август 2026 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат ...
Ново истражување сугерира дека бебињата кои растат со куче во домаќинството во текот на првата година од животот може да имаат помалку покачена температура, инфекции на ушите и потреба од антибиотици. Истражувачите во Финска анализирале прашина од домовите каде што живеат и кучиња и ги споредиле наодите со здравствени податоци за околу 368 бебиња. Според резултатите, микробите што кучињата ги внесуваат во домот преку косата, кожата и плунката ...
Децата во Велика Британија сè повеќе пријавуваат експлицитни лажни фотографии од себе, откако безбедносните надзорници предупредија дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) драстично го олеснува производството на таква вознемирувачка содржина. Сервисот за отстранување интимни слики, која работи на блокирање на нивното ширење на интернет, соопшти дека имало ненадејно зголемување на бројот на дигитално манипулирани и лажни фотографии, ...
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран ...
Хемиската кастрација за сексуални престапници, со акцент на педофилите, почнува да се воведува во неколку европски земји, а Македонија иако ја има предвидено оваа можност уште во 2014 година, сепак, нема јавно достапен податок за извршена кастрација, досега. Шабана Махмуд, министерката за правда на Велика Британија, изјави дека пилот-проект за доброволна хемиска кастрација на сексуални престапници ќе се спроведе во два региона во југозападна ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена ...
Во земјава денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селата Бело Поле и Браилово во Општина Долнени, како и во Горно Лисиче во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација. Изгаснат е пожарот кај селото Чифлик во Општина Сопиште, каде гореше борова шума. Во гаснењето биле ангажирани трите „ер трактори“ на Дирекцијата за ...
Англискиот фудбалски првак Арсенал официјално го објави денеска комплетирањето на трансферот на бразилскиот репрезентативец од средниот ред Бруно Гимараеш, кој ги напушти редовите на Њукасл и потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб. Според англиските медиуми, Арсенал платил 87 милиони евра за да ги обезбеди услугите на 28-годишниот Бразилец, кој имаше четири асистенции на неодамнешното Светско првенство. „Бруно е играч со одличен ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го ...
Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради голем шумски пожар во близина на езерото Гарда во северна Италија, а меѓу евакуираните има десетици туристи, објави ДПА. Пожарот ја зафати територијата на општината Тињале, која се наоѓа на западниот брег на езерото Гарда – најголемото езеро во Италија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Како превентивна мерка, неколку десетици туристи кои престојуваат во одморалиште се ...
Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада попладнево Норвешка со 67-41 и ја забележа првата победа на Европското првенство во Б дивизијата што се одржува во романскиот град Тулчеа. По несреќниот пораз од Азербејџан во минатото коло, македонските кошаркарки силно мотивирани влегоа во денешниот натпревар, наметнувајќи висок ритам и по првата четвртина стекнаа огромна предност од 26:6. Избраничките на селекторот Виктор ...
Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на ...
Во саботата во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење. Се преземаат мерки ...
Во последното деноноќие пријавени се повеќе случаи на семејно насилство на територијата на целата земја. Во саботата, во 09:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(57) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ги нападнал неговата 47-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Синоќа, во 22:40 часот, полициски службеници ...
На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна ...
Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но ...
Вчера, во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Владејачката партија Тиса во Унгарија го номинираше Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за нов претседател на земјата, објави денеска пратеничкиот клуб на партијата на Фејсбук. Се очекува Парламентот на седница во вторник да го избере Бака на оваа претежно церемонијална функција, што е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги собори упориштата на власта на поранешниот премиер Виктор Орбан. Маѓар истакнува ...
На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центар за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ.Ш., С.Ш. и нивните пет малолетни деца, при што било констатирано дека немало основни услови за живот и одгледување на ...
Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина синоќа на 68-годишна возраст. Аргентинските медиуми објавија дека Хорхе Меси починал во болница во Росарио по борбата со ракот. Таткото на Меси беше тешко болен неколку години, а самиот Лионел истакна за време на Светското првенство дека Хорхе е во сериозна состојба. Хорхе одигра голема улога во кариерата на Лионел, давајќи сè што можеше за да ги плати третманите на ...
Пред малку тешки пожари избувнаа на територијата на Волково и на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Пожарот кај Волково постепено се става под контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, а во Сопиште започнува интервенција на БППЗ Скопје, каде се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Исто така, информира Ангелов, пред малку поголем пожар изби во близина на Јажинце, а благодарение на брзата ...
Министерството за внатрешни работи информира дека и во текот на претстојниот викенд ќе продолжат засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Како што соопшти МВР, во периодот од 3 до 9 август Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ...
Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски – небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува музички спектакл каков што градот не памети во поновата историја. На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде местото каде што илјадници посетители ќе уживаат во незаборавна вечер исполнета со врвна музика, безвременски ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината. -Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги ...
Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации – соопшти Општина Аеродром. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети ...