Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Рејкјавик – Исландските власти ја предупредија Европската комисија да не се меша во кампањата пред референдумот закажан за 29 август, на кој граѓаните ќе гласаат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за пристапување со Европската Унија. Според „Еурактив“, повикувајќи се на двајца претставници на ЕУ, Рејкјавик јасно му ставил до знаење на Брисел дека какво било странско мешање во гласањето на граѓаните би било неприфатливо. ...
Киншаса – Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
Киев – Десет земји се приклучија на иницијативата Фреја за интегриран систем за воздушна и балистичка ракетна одбрана, која моментално е во фаза на активна имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерното обраќање на 6 август. Заедничката иницијатива претставува европски систем за антибалистичка ракетна одбрана, а се очекува дополнителни меѓународни партнери да се приклучат на коалицијата во блиска ...
Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа, Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на ...
Вашингтон – Американскиот Стејт департмент ќе ги проверува профилите на социјалните медиуми на странските новинари кои аплицираат за визи за работа во Соединетите Држави. Конзервативната веб-страница „Дејли Сигнал“, повикувајќи се на интерен меморандум, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја проширува претходната мерка, според која кандидатите за многу видови визи мора да ги направат своите профили на ...
Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија ...
Вашингтон – САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини ...
Вашингтон/Пекинг – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за ...
Лос Анџелес – Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во ...
– Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село ...
Официјално започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. ...
Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, синоќа, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...
Вашингтон – Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри новата вакцина против сезонски грип на компанијата „Модерна“, базирана на мРНК технологија, наменета за лица постари од 50 години. Вакцината, наречена „емФлусива“ (mFlusiva), е првата против грип што ја користи истата мРНК технологија која одигра клучна улога во развојот на вакцините против Ковид-19. Компанијата соопшти дека очекува вакцината наскоро да биде достапна ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, синоќа, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија, стои во соопштението на СДСМ. Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се ...
Париз– Поранешниот француски премиер Габриел Атал ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз претседателските избори во Франција во 2027 година и дека настојува да ѝ обезбеди поддршка на лидерката на крајната десница Марин Ле Пен. Атал, кандидат на центристичката партија „Ренесанса“, изјави дека неодамна бил цел на руска кампања со дезинформации, во која биле објавувани лажни медиумски содржини со тврдења дека покажува симптоми на ...
Денеска е петок, 7 август 2026 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 45 минути. Денов трае 14 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде во 15 часот и 18 минути. Денеска е петок, 7 август 2026 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Поради дефект, без вода за пиење денеска ќе остане селото Моране во Студеничани, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот со водоснабдување ќе биде од осум часот и ќе трае до отстранување на дефектот. Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 2 цола на ул. Ванчо Мицков бр. 13, во периодот од 9.00 часот па се до отстранување ...
Здравјето на зглобовите, особено здравјето на коленото, во голема мера зависи од дневните навики, правилната исхрана и доволниот внес на хранливи материи кои му помагаат на телото да ја зачува ‘рскавицата. Манганот, колагенот, глукозаминот, хондроитинот и витаминот Ц играат важна улога во обновувањето и заштитата на ткивото на ‘рскавицата. Овие хранливи материи учествуваат во процеси кои помагаат во одржувањето на силата, еластичноста и ...
Топлите летни денови не се стресни само за луѓето, туку и за мачките. Овие животни често не покажуваат очигледни знаци на жед, па затоа лесно е да се пропушти дека не пијат доволно течности. Со неколку едноставни промени, можете да ја охрабрите вашата мачка да пие повеќе вода и полесно да ја преживее топлината. Свежа вода на повеќе места е првиот чекор Едно од наједноставните решенија е да ѝ понудите на вашата мачка неколку чинии со вода на ...
Комисија на американскиот Сенат изгласа резолуција со која поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи, се обвинува за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да одговара на прашања поврзани со управувањето со пандемијата на Ковид-19. Со усвојувањето на резолуцијата се отвора можност Министерството за правда на САД да разгледа дали има основа за покренување истрага за тоа дали Фаучи ...
Австралија ќе инвестира речиси 736 милиони австралиски долари (околу 475 милиони американски долари) за набавка на ракетите воздух-воздух од новата генерација АИМ-260 (AIM-260 JATM), со што ќе стане првата земја надвор од САД што ќе располага со ова оружје. Австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлес, ја објави набавката за време на меѓународната воздухопловна воена вежба „Пич блек“ во Дарвин. – Ова е уште еден важен чекор во развојот ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (easyJet) потврди во четврток дека прифатила понуда за преземање во вредност од 5,7 милијарди фунти, односно 6,6 милијарди евра. Понудата ја даде американската инвестициска фирма Apollo Global Management, објави Еуроњус. Во соопштението на превозникот се вели дека менаџментот „со задоволство објавува дека постигнал договор за условите за препорачаната аквизиција во готово“. Понудената цена по акција на ...
Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите. - Најголем ризик за тешка форма на западнонилска треска имаат постарите лица, хронично ...
Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...
Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска. – Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август 2016 година ја погоди Општина ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и ...
Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување. Македонскиот олимписки комитет ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за LA28. Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената на Игрите, придонесувајќи за нивната успешна организација и создавањето на ...
Џејми Дајмон, главен извршен директор на ЈП Морган, предупреди дека левериџот (користење на позајмени пари со цел да се зголеми потенцијалниот профит од некоја инвестиција или тргување на финансиските пазари, заб.) останува висок, додавајќи дека инвеститорите треба да бидат свесни дека скриеното задолжување може да ги зголеми нарушувањата на пазарот. „Долгот на маргина е највисок досега“, рече тој во интервју за Лесли Пикер од CNBC. „Има ...