Првиот вицепремиер на Владата и дел од Вреди, Изет Меџити пред состанокот во коалицијата истакна дека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу. Тој додава дека Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на Владата за добро владеење. „Во раководството на Вреди е усвоено дека Арбен Фетаи останува заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу, а за другите позиции ќе се ...

Денес (вторник 27 мај) во западните предели од нашата Македонија, а во четврток (29 мај) на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер во зоната на нестабилност. И во делови од Скопскиот регион, особено во четврток (29 мај) во попладневните часови ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се ...

Синоќа околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње. „Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни работи. Овие управни служби ќе ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции и тоа како што нагласи чисто пазарно ориентирани инвестирања. Притоа тој се осврна на стратешкиот проект изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, наведувајќи три главни аспекти за потребата од нив во иднина. Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се ...

Повеќе од 1.400 лекари, научници и експерти ги повикуваат политичарите да воведат старосни правила за користење на паметни телефони и социјалните мрежи. Според потписниците на итно писмо, на децата не треба да им се дозволува да имаат сопствен паметен телефон до својата четиринаесетта година и да им се дозволи користење на социјалните мрежи од шеснаесет години. Лекарите се загрижени за децата кои добиваат паметни телефони од нивните родители ...

Камерите го забележаа шокантниот момент кога Емануел Макрон, францускиот претседател, наводно е удрен од неговата сопруга Брижит. Како што покажува снимката, додека се отвораат вратите од претседателскиот авион, женска рака го удира Макрон по лицето. Макрон слета во Виетнам, каде што ја започна турнејата низ Југоисточна Азија, која ќе вклучува и посети на Сингапур и Индонезија. Видеото е снимено во недела навечер на аеродромот во Ханој. По ...

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година. Уапсен е во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Против него беше распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција. -Боцевски кој сега треба да има околу 60 години најверојатно не може да се препознае од сликата ...

На 25.05.2025 во 12.30 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово, полициски службеници го лишија од слобода Ѓ.Д.(59) од Валандово. Имено, претходно тој со патничко возило „сеат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во столб, а по преземени мерки и вршење увид, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во ...

Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во Република Македонија Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета со вршител на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции. Министерот Тошковски ја обнови иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките ...

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА. По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци. Во оваа прилика, ...

Повеќе од 2000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство ќе учествуваат во големата воената вежба „Брз одговор 2025“ која од денеска (26 мај) до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак во земјава. Оваа вежба е дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Северна Македонија ќе учествува со 950 ...

Македонците во Албанија го одбележаа 24 мај ден на светите Кирил и Методиј сесловенските просветители, основоположници на словенската писменост и култура. Манифестацијата, организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, се одржа во музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, каде присутните оддадоа почит на големото дело на солунските браќа. ...

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с.Копачиндол, тетовско. Н.Н. управувал ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои ...

На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд (24/25.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени ...

На 25.05.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична ...

Сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси се случила на автопатот А1 денес околу 13:45 часот. Според Сплитско-далматинската полиција, несреќата се случила во близина на излезот Вучевица во правец на Загреб. На местото на настанот беа испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари. „Јутарњи лист“ пренесува дека 12 лица побарале медицинска помош, додека тројца се задржани во болница поради модринки и скршеници. Сите ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор. Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари. ...

Шпанскиот фудбалски стратег, Чави Алонсо (43), е новиот тренер на Реал Мадрид. Алонсо следните три сезони, од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028, ќе го предводи Реал Мадрид, потврдија денес од клубот, јавува Анадолу. „Чаби Алонсо ја започна својата тренерска кариера во младинскиот центар на Реал Мадрид, каде што го водеше тимот до 12 години во сезоната 2018/2019 и ја освои лигата и Торнео де Кампеонес“, се вели во соопштението на Реал Мадрид. „Сега ...

Џихат АЛИЈУ Паркот на вештачкото Големо Езеро во Тирана, во Албанија, познат и како „бели дробови на градот“, е преполн со посетители со доаѓањето на пролетта, јавува Анадолу. Последниве години во Тирана се интензивираа активностите за урбан развој, а интересот за паркот Големо Езеро, кој граѓаните го опишуваат како „бели дробови на градот“, се зголемува со доаѓањето на пролетта. Паркот, кој претставува најголем масив од зеленило во градот ...

Руската армија започна масовен напад врз Украина со големи роеви беспилотни летала, што наиде на големо незадоволство и на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека рускиот претседател станал „целосно луд“. „Не сум задоволен од она што го прави Путин. Тој убива многу луѓе“, им изјави Трамп на новинарите во Њу Џерси непосредно пред да се качи на претседателскиот авион Ер форс за да се врати во Белата куќа од неговиот голф клуб во ...

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час). Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од ...

Пет скијачи загинаа во јужна Швајцарија. Телата беа пронајдени со помош на хеликоптер. Ова го соопшти полицијата во врска со пребарувањето на Римпфишхорн, планина висока над 4.000 метри. Двајца планинари вклучија тревога околу 16:30 часот. во саботата откако пронашле скии без надзор во близина на врвот. Спасувачките служби потоа испратија хеликоптер во планинската област и жртвите набрзо беа забележани од воздух. Телата беа извлечени од ...

Сите објави и фотографии што сте ги објавиле јавно на Фејсбук и Инстаграм ќе бидат искористени за нешто сосема друго почнувајќи од следната недела. „Мета“, компанијата зад двете платформи, работи на компјутерска програма која може сама да пишува текстови и да креира слики – и сака да ги користи вашите пораки за да помогне во нејзиниот развој. Програмата се нарекува Мета АИ. Тоа е еден вид услуга за разговор: поставувате прашање, а роботот ...

Во Соединетите Американски Држави, 37-годишниот богат крипто трговец Џон Волц е уапсен за наводно киднапирање и мачење на италијански деловен партнер. Крипто инвеститорот наводно се обидел да го присили Италијанецот (28) да ги предаде лозинките за неговиот дигитален крипто паричник, соопштија судски службеници. Според анонимен судски службеник кој разговарал со новинската агенција АП, во киднапирањето биле вклучени повеќе луѓе. Според судскиот ...

Нов тип на камера за брзина неодамна стана активен на холандските патишта. Овој таканаречен „фокусен блиц“ не е обична камера за брзина како што сме навикнати. Специјално е дизајниран да ги детектира возачите кои го користат телефонот додека возат. Минатиот понеделник, првиот беше официјално пуштен во употреба во Хаг. Се очекува дека многу повеќе ќе бидат додадени низ цела Холандија во блиска иднина. Казните се високи, па затоа е добро да ...

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
65%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.47
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
86%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056