
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Денеска (08.11.2023) во Секторот за внатрешни работи Тетово извршен е службен разговор со 43-годишниот А.С. од тетовско Горно Палчиште. На 07.11.2023 во 12.00 часот тој бил пријавен од 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште дека на Зелениот пазар во Тетово агресивно се однесувал кон него и негова колешка додека подготвувале материјал за новинарски прилог. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. извор:МВР ...
Земјотрес со јачина од 6,9 степени е регистриран во близина на брегот на Индонезија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според Американскиот геолошки институт, земјотресот бил дури и со јачина од 7,1 степени, додаваат агенциите. Земјотресот се случи во морето Банда, на длабочина од 10 километри, на 370 километри југоисточно од градот Амбон, на островите Малуку. Амбон има 355.000 жители. ...
Кинеската компанија „Синохидро“ има уште два месеци рок за да ги заврши работите на автопатот Кичево – Охрид, работи кои не беа завршени 10 години. До крајот на 2023 година компанијата има простор за теренска работа, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Не се знае дали ќе се случи некое чудо и кинезите ќе го завршат автопатот за 2 месеци, но премиерот Димитар Ковачевски се сомнева во способноста на компанијата тоа да го ...
Претседателот Стево Пендаровски во своја објава на Фејсбук напиша дека Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентирал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година. „Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и ...
По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“- денеска го распишав Конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2023 година. Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република ...
ЕМСЦ истакна дека регистриран е земјотрес во Македонија со епицентар прилепскиот регион, односно 10 километри североисточно од Прилеп, објави ЕМСЦ. Според последните информации од Европскиот медитерански сеизмолошки центар не е утврдена јачината на потресот иако како неофицијално некои станици истакнаа дека потресот бил со 3.2 степени според Рихтер. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 37 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us ...
Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска во Владата му го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На состанокот се дискутирало за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан. Европската ...
Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) објави дека на почетокот на месецот е вратена пратка бисквити од Србија наменета за хрватскиот пазар. На веб-страницата се наведува дека на 2 ноември поради титаниум оксид (Е171), бисквитот му бил вратен на испраќачот поради потенцијален ризик за здравјето на луѓето, пренесува „Данас“. Потсетуваме дека во јануари 2022 година Европската комисија за безбедност на храната ...
Денес Судскиот Совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата БЕСНИК АВДИЈА, кој беше единствениот кандидат. За единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија. Единствената вест за овој судија се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за ...
Енергетската криза не само што драстично ги зголеми приходите на компаниите од енергетскиот бизнис и бизнисот со мазут, што беше логично со растот на цените, туку на дел од нив значително им ја зголеми и добивката. Сепак, не може да се каже за сите дека ја (зло)употребија кризата. Некои, едноставно, работеле повеќе. Но, факт е дека половина од десетте компании што направиле скок на добивка од над 1.000 проценти се токму од енергетскиот сектор ...
Мандатот на Судскиот совет е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја, со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски, вели амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, за случувањата во Судскиот совет. За случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, Агелер во изјава за Алсат, вели дека граѓаните ...
Вонредна санитарна инспекција ќе ги проверува основните училишта во скопската општина Карпош и фирмата која ги снабдува со храна по пријава дека седум деца се заразени со салмонела. Родител за РСЕ вели дека нивното дете пет дена лежи во болница поради влошена состојба, објави slobodnaevropa.mk. Најмалку девет случаи на деца заразени со салмонела има во три основни училишта во скопската општина Карпош, потврдуваат од Државниот санитарен и ...
Се самоуби жена од Бања Лука, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое таа е снимена како врши нужда во центарот на градот, објави порталот Српскаинфо. Пред 15 дена жената со иницијали Д.М. рано изутрината излегла од автомобилот во близина на Народниот театар во Бања Лука и извршила нужда. Еден од минувачите на улицата „Краљ Петар“ сето тоа го снимил и го објавил видеото на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер. Видеото брзо се ...
Четири лица се хоспитализирани поради труење со газиран пијалак во Хрватска. Три лица завршиле во болница во Загреб, а едно во Ријека. Млад човек во вторникот бил примен во Клиничко-болничкиот центар во Загреб, а постои сомнеж дека бил отруен откако го испил пијалакот „ромеркел“ (romerquelle) во кафуле. Полицијата врши увид и зема мостри од спорниот пијалак за понатамошна анализа и истрага. Хрватскиот институт за јавно здравје ги добил мострите ...
Османи и тендер коалицијата ДУИ – СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила прават секоја година, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра. Доволно е да се направи наједноставно интернет пребарување и ќе се дојде до заклучок дека дури и возило од марката Мерцедес С класа се рента по цена од 450 евра за еден ден, што кога ќе се помножи за два дена и ...
Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, рече денеска Министерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави општина Куманово. „Според моите информации, прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј кој што одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот во 44 година, господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, ...
Мојата порака до оние кои се политички неопределени, сега не е време за молчење, сега не е време за да го одседите овој период, а посебно не денот за изборите. Знам дека ќе се обидат да ве убедат дека секако ВМРО-ДПМНЕ победува, зарем до мојот глас е дојдено. До секој еден глас е дојдено, за да ја испишеме историјата до крај, таа историја која ја започнавме во 2021 година на локалните избори. Но, за да ја заокружиме со нова на двојните избори ...
Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023). Нашава држава ја претставуваше 17-годишната Мелани Трајковска од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion). Победничка на изборот е претставничката на Украина. Инаку, ова е уште една од низата титули кои девојките од модното студио Црнокрак ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум ...
Долгот на државите во еврозоната во 2022 година, според статистичката агенција Евростат, изнесувал 91,4 отсто од економското постигнување. Споредено со 2021 година, тоа е намалување на долгот за четири проценти. Тоа е многу, но според анализите на Европската централна банка (ЕЦБ), тоа може да се припише на еднократен ефект поради економското закрепнување по пандемијата на корона. Во својата најнова прогноза, ЕЦБ за оваа година очекува ниво на ...
Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија со дел од Македонија во него вчера беше отстранет од музејот кој што беше отворен овој викенд во селото Сопот, кумановско. Тргањето на таблата е најверојатно оговор на коалиција за спас на ДУИ, затоа што имаме информации дека градоначкникот на Општина Куманово Максим Димитриевски бил подготверн да ја отстрани таблата со механизација како дивоградба. Доколку Димитриевски тоа го направеше, не само што ...
Кој ќе одговара за фијаското на автопатот Кичево-Охрид кој се гради една деценија, а крајот не е ниту на повидок? Откако премиерот Димитар Ковачевски деновиве го отвори прашањето, најавувајќи ревизија на проектот и можно раскинување на договорот, во јавноста се наметнаа дилеми дали државата ќе треба дополнително да плаќа казнени поени за пат за кој веќе се потрошени 600 милиони евра – многу повеќе од првично предвидените за овој проект. ...
Британката Илма Амин (28) си направи гламурозна забава со која го прослави разводот, кој се случил по 3 години брак. Илма, која работи како бизнис аналитичар, вели дека ужива во слободата, но и дека кога ќе им каже на луѓето дека е разведена, тие најчесто се чудат и не ѝ веруваат, па ѝ велат дека е „премногу млада и секси“ за да биде разведена. На забавата, Илма имаше торта инспирирана од Тејлор Свифт, на која беа испишани зборовите „легално ...
Необична глетка ги пречека возачите на кружен тек во Белград, додека Спајдермен лично ги пречека додека се движеше по работ на насипот. – Не можев да верувам во тоа што го гледам, мислев дека ми се случува. Сепак, и откако ги триев очите, таму беше Спајдермен – раскажува низ насмевка за РИНУ Јован од Чачак, кој случајно се нашол на оваа делница од патот. Сепак, иако овој Чачан првпат се гледа со него, на човекот облечен како Спајдермен не му е ...
Италијански нуркач забележал нешто метално на брегот на Сардинија и тоа довело до откривање на десетици илјади римски бронзени монети, соопшти италијанското Министерство за култура. Откако мажот ги алармирал властите, нуркачи од Одредот за заштита на уметноста и од Одделот за подводна археологија на министерството биле испратени да истражат. Монетите, кои потекнуваат од првата половина на четвртиот век, се пронајдени меѓу морската трева недалеку ...
По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од утре и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атланиток, кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели и проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од ...
Педагошкиот факултет од Корча, во соработка со Македонското друштво Сонце, во просториите на Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, општина Пустец, одржа трибина на тема „Свет меѓу две култури – Стерјо Спасе и важноста на неговото книжевно дело“. Во своето излагање, деканката на Филолошкиот факултет Јонела Спахо ја истакна важноста на проектот фокусирајќи се на спецификите на творечкиот опус на писателот Стерјо Спасе, Македонец од Глобочани, ...
Благослов е да се живее во слобода. Тој благослов пред 79 години ни го подарија најхрабрите и најдобрите македонски синови, учесници во големата Народно ослободителна борба и дозволете ми во оваа прилика во името на Општина Охрид и во свое лично име, да искажам неизмерна благодарност кон сите учесници во Народно ослободителната војна, а посебно кон оние херои кои пред 79 години, на Охрид конечно му ја подарија слободата. Денес 79 години потоа, ...
Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото. Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од новинарите за неговото некоректно и несоодветно однесување на заедничкиот прес со министерот за економија Крешник Бектеши. Додека Бектеши одговараше на новинарските прашања околу изворите со кои Македонија ќе се снабдува Македонија со гас по поскапувањето на рускиот гас, Ковачевски не престана да се смее зад неговиот грб. Потоа со потсмев праша дали уште некој има прашање за гас или „немате ...
Русите во Белград најчесто се занимаваат со платежна индустрија, но отвораат и ресторани. Од почетокот на војната во Украина, низ Белград малку претпазливо се слуша дека одредени тимови ги прошируваат своите капацитети и носат работници од Русија. Сега, се шпекулира дека ги има повеќе поради конфликтот во Израел, објави 4news.mk. Нов бран Руси доаѓа во Србија, објави една од групите на социјалните мрежи. Наводно, некои нови Руси се распрашуваат ...