
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба, вели проф. д-р Аспасија Софијанова во Утринска на Телма, одговарајќи на прашањето што се случило со бебето кое почина на Детската клиника од сепса, а беше донесено од прилепската болница пред 1 недела, објави Телма. Софијанова објаснува дека кога се раѓа бебето, и има жолта боја, докторите секогаш претпоставуваат дека станува збор за бебешка жолтица, но кожата на ...
Благодарност до општествено – одговорната компанија БРАКО, која излезе во пресрет на МВР и на граѓаните и за да се забрза процесот на подготовка на салата од страна на БРАКО беа изработени и донирани 20 паравани за фотографирање за лични документи. Деновиве системот ќе биде тестиран, а јавноста навремено ќе биде известена за отпочнување на процесот со кој овозможуваме на граѓаните во определениот законски рок, 12 февруари 2024, да ја поминат ...
Дали пациентот некогаш ќе може да гледа со донираното око, се уште е нејасно, како што објави медицинскиот центар NYU Langone Health. Директниот проток на крв во мрежницата, преку која се прима светлина и на тој начин се испраќа слики до мозокот, е добар знак. Окото, по операцијата во мај во 2023 година, генерално добро се развило. 46-годишниот пациент Арон Џејмс поради струен удар на високонапонска линија додека работел го изгубил левото око и ...
Бебето се радува поради шарените слики и гласно се жали доколку веднаш не му го дадат мобилниот телефон. Тоа е практична, но многу лоша идеја. Паметните телефони не се бебиситерки. Малите деца никогаш не треба да си играат со мобилен телефон или таблет, бидејќи тоа може да има многу негативно влијание врз нивниот развој. Во раните години, физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој е од големо значење, премногу време на екранот може да го ...
Во Исланд од вчера е прогласена вонредна состојба. Ова стана неопходно по серијата земјотреси и стравувањата од ерупција на вулкан кој се наоѓа во близина на градот Гриндавик. Локалните власти веќе наредија негова евакуација. Според исландската метеоролошка служба, ризикот од ерупција е значителен. Според научниците, тоа би можело да се случи во секое време во наредните денови. Во последните недели тлото околу вулканот Фаг-радал-Свјал ...
Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време. Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови. Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на ...
На ден 12.11.2023 по претходна покана на планинарското друштво „I love hiking“, а во чест на 13 ноември – Денот на ослобдувањето на Скопје, Единицата за брзо распоредување со вкупно 14 припадници учествуваше во искачување на врвот на Љуботен, на Шар Планина. Припадниците на единицата беа опремени со алпинистичка опрема специјално наменета за вакви активности, со цел да даде поддршка на планинарското друштво. „I love hiking“ веќе шеста година по ...
Млад маж од кумановското село Черкези повредил сограѓанин, вчера, при пукање со пиштол на семејна веселба. МВР информира дека вчера попладне во 17.15 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба истиот ден во с. Черкези, Кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово. За ...
„Слободна Палестина“ и „Слободна Газа“, Ова се паролите под кои се одржува протест денеска во Белград за слобода на Палестина. Протестое започна во 16 часот, а истиот е во организација на Иницијативата за поддршка на народот на Палестина. Милена Рапајиќ, пред Иницијативата, за Данас изјави дека последниот митинг за поддршка, на крајот на октомври, го организирала истата организација. „Се надеваме на голема посетеност, бидејќи ова е најважното ...
Првиот човек на фондацијата Отворено општество на објавата на социјалните мрежи по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски напиша дека тој како премиер ја има една од најкотрпните во Европа. Во објавата на социјалните мрежи Александар Сорос напиша дека е добро да се види Ковачевски расположен и насмеан. „Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во ...
Доколку следната недела се одржат избори, убедлива победа ќе однесе партијата предводена од политичарот со најголем рејтинг, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, покажува телефонската анекта спроведена меѓу 5 и 9 ноември 2023 година за потребите на Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје. Во истражувањето во кое граѓаните ги изразуваат ставови за својата поддршка за политичките партии и политичари, поддршка на опозициската ...
Мостар, главниот град на Херцеговина, е град на крајности. Кога едно јулско утро во 2005 година одев на работа во регионалната канцеларија на Високиот претставник, во седум часот наутро термометарот покажуваше 31 степени во сенка. Во попладневните часови беа измерени 46 степени. Мостар е познат како најтоплиот град во поранешна Југославија. Но и политички, верски, па дури и фудбалски, како за време на војната, така и по неа во градот владееја ...
На 12.11.2023 околу 00.15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Околу 00.15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден ...
Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска ја искоментира вчерашната одлука на Судски совет, за претседател на Граѓанскиот суд да го избере Бесник Авдија, во јавноста познат по секс-скандал, за кој се пишуваше дека се одвивал во судски канцеларии. Таа цитираше извадоци од снимката, каде соговорничката укажува дека тој е член на партија, објави република . „Судски совет не виде апсолутно никаков проблем во видеото за судија за чие напредување ...
„Нашата Влада ниту има капацитет, ниту има знаење, а ниту пак визија за економијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за „Република“. „Нема да биде сериозно ако сега кажам видете што сакате вие – нема проблем, само гласајте за мене, вие што сакате – нема проблем гласајте за нас. Многу внимателно приоѓаме бидејќи информациите што до нас се достапни, состојбата во Буџетот е алармантна, би рекол ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Македонија прв пат во историјата доби извештај, во кој ЕУ заклучува, дека нема напредок на државата во скоро сите полиња, а најлоша е состојбата во судството, владеењето на правото и распространетата корупција, во сите сфери на општеството, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Коруптивните Ковачевски, Ахмети, Груби и останатите функционери на ДУИ и СДС, место да спроведуваат реформи, во меѓувреме си тераа ...
Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште еднаш истакна дека владините мерки даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата. – Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. ...
Јас сум убеден дека очекувам следните избори ДУИ да биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе и даде шанса на така наречената албанска опозиција. – Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани ...
Партизанските единици во поранешна Југославија кои во текот на Втората светска војна се бореле за слобода против фашистичките окупатори често биле и со мешан национален состав на борците. Едноставно, тие биле одраз на националната структура на населението на подрачјата кадешто се формирале, но и потврда дека идејата за слобода и за самостојна држава е всадена кај граѓани од различна националност и различна вера. Таков пример беше и Првата ...
Ова е грозоморен настан, ова е навистина преседан на кој што мора да му се стави крај и се согласувам, потребни се имиња, мораме да го впериме прстот кон вистинските виновници, не можеме да ги генерализираме работите. Јас познавам стотици и илјадници здравствени работници кои што навистина си ја почитуваат професијата, се грижат за здравјето на пациентите и не можеме сите тие да ги генерализираме на сметка на неколкумина кои што се сојузници на ...
Не смее да има етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми како во минатото бидејќи таквите процеси не доведоа до демократски развој, реагира претседателот Стево Пендаровски по пресудата на Граѓанскиот суд во која судијката оценува дека новинарите на ИРЛ не се новинари и можат да се соочат со забрана, одлучувајќи во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пендаровски истакнува дека слободата на медиумите е директно поврзана ...
Власта продолжува со самоволието. Без срам и перде повторно се злоупотребува европското знаменце за на брза лента да се задолжи државата за нови 190 милиони евра. Ни забелешките од Европската унија не се доволни за власта да прекине со злоупотреби и изигрување на собранискиот деловник. Имено, во изминатава недела до пратениците се доставија два закони за задолжување со европско знаменце. Талат Џафери како претседател на Собранието одлучува како ...
Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Истите можат да придонесат до конечно утврдување на прекршување на правните норми како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, минатата недела беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија. Од истите може да се заклучи дека станува ...
„За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна“, вели тетовскиот градоначалник и лидер на Движењето Беса за ТВ Сител и додава дека ако од граѓаните се бара да ги почитуваат националните симболи, тогаш и државата треба да ги почитува своите граѓани и да ја рефлектира мултиетничката реалност Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, смета дека треба да се донесе законско решение со кое ...
Парите не растат на дрвјата, според англиската поговорка, но можеби одвреме-навреме „паѓаат од небо“ бидејќи метеоритот што паднал во една градина на дом во Германија може да му донесе околу 250.000 евра на среќното семејство, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. На 25 април метеоритот паднал во градината на Махмут Шахин во Елмсхорн, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. Според дневниот весник „Хамбургер Абендблат“, метеоритот ...
Канцер мафијата хара низ Онкологија, народот страда, а Фатмир Меџити како министер за здравство се однесува како експерт, од кого не зависи ништо, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Меџити да не се прави наивен и чесен, да каже колку пари дал за ексклузивен италијански мебел за куќата која ја зема по багателна цена од Пуцко Петрол. Наместо да си ја работи работата како министер тој очигледно раскомотен во ...
Машинскиот и извршен персонал при Железници на РМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие. Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во ...
Бившите градоначалници кои уште додека беа на власт заспаа и се преспаа , почнаа да се будат од сона полека најпрво од како Заев се повчеле , а сега и позабрзано. Продолжува трендот на „евоцирање спомени“ од страна на бивши градоначалници од времето на успеси кои го правеше машинеријата на партијата ВМРО ДПМНЕ Така се повеќе од нив почнаа да се појавуваат по социјалните мрежи и се враќаат од „мртвите“ од како Заев поднесе оставка. Трендот на ...
Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи пред 15 часот помеѓу патничко и товарно комбе на регионалниот пат Велес – село Извор. По укажаната прва помош, лицата се пренесени во Општата болница во Велес. Според првичните информации, како што пренесува МИА, лицата се здобиле со повреди на главата, но се надвор од животна опасност. Портпаролката на Општата болница Велес, Елена Левкова-Ќулумова, за МИА информира дека во ...