Најмалку 80 лица кои водечката венецуелска група за заштита на човековите права ги смета за политички затвореници се ослободени денеска во рамки на процесот на пуштање затвореници кој е во тек, според лидерот на групата. – Луѓе се пуштени од затвори низ целата земја и треба да има повеќе ослободувања од затвор, објави на Икс, Алфредо Ромеро, директор на венецуелската група за заштита на човековите права Форо Пенал. Привремената претседателка ...

Во дербито на 23-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед го победи водечкиот Арсенал со 3:2 како гостин и скокна на четвртото место. Домашниот тим поведе со автогол на Мартинез (29), кој беше погоден од топка испратена кон голот од Одегард, но на полувремето се отиде со резутлатот 1:1 бидејќи Мбеумо (37) го искористи подарокот од Зубименди, кој непровоцирано му ја додаде топката директно во неговите нозе. На почетокот од ...

Превозниците со камиони утре напладне почнуваат со блокади на граничните премини за товарен сообраќај на сите гранични премини за излез од Македонија, а од полноќ ќе ги блокираат и терминалите за влез во земјава. Причината за ваквиот потег на превозниците, организирани преку Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ се новите правила на Европската Унија (ЕУ) влез и излез во Шенген-зоната, според кои превозниците со камиони од земјите од ...

Во воведниот натпревар од Групата 2 во главната фаза на Европското првенство во ракомет, Словенија попладнево во Малме ја совлада УНгарија со 35-32 (15-17). По израмнетиот почеток во кој се играше гол за гол, Унгарија прва дојде до +2, поведувајќи со 8-6. Во 28.минута, Унгарците имаа предност од четири голови (16-12), но до полувремето, Словенија ја намали негативата на два гола (15-17). Словенија влезе во второто полувреме со серија од 3-0, ...

Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска, објавија денеска британските медиуми. Првото предупредување на метеоролозите се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што невремето би можело да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска предупреди дека во тековните руски напади врз Украина, цивилите остануваат без електрична енергија и греење на многу ниски температури и повика на прекин на конфликтот. „Долготрајните непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, истакна папата по денешната миса. Тој ги повика сите страни да ги интензивираат напорите за прекин на војната во Украина. „Дури и во последните денови, Украина е ...

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на почетокот на февруари на традиционалниот молитвен појадок организиран во Вашингтон годинава од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, само три месеца откако беа укинати санкциите под кои беше со години поради неговите наводни сепаратистички потези во Босна и Херцеговина. Во интервју за белградскиот весник Политика, Додик потврди дека добил покана да присуствува на ...

Малолетник зад волан предизвикал тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, при што бил повреден пешак кој се бори за живот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот, кога патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетно лице, удрило во паркиран автомобил, а потоа и во пешакот И.Ф. Повредениот пешак со Итна медицинска помош бил ...

Љубовни пораки, сцени од гладијаторски борби, низа навреди и секојдневни признанија се појавија на ѕид во Помпеја благодарение на новата технологија за снимање која откри речиси 80 досега невидени натписи. Некогаш просперитетниот римски град Помпеја, во близина на Неапол, затрупан е во ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера, оставајќи згради, артефакти и графити зачувани под метрите вулканска пепел. Откриен повторно во XVIII век, сега ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уништиле тунел на Хамас долг четири километри во Газа, во кои имало оружје и оперативни простории. „Тунелот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа неодамна беше урнат од борбени инженери. Тунелот беше долг четири километри, содржеше оружје и имаше неколку простории каде што престојуваа оперативците“, соопшти ИДФ. Како што велат, работата за уривање на тунелот започнала пред една година ...

Американскиот алпинист Алекс Хонолд се искачи на облакодерот „Тајпеј 101“ без јажиња или безбедносна мрежа во неделата, а илјадници обожаватели го гледаа како се искачува на една од највисоките згради во светот. Хонолд стигна до врвот на највисоката зграда во Тајван по искачување кое траеше 91 минута, а беше организирано и емитувано во живо од Netflix. „Каков прекрасен начин да се види Тајпеј“, им рече тој на новинарите по неговиот подвиг, ...

Нуклеарниот бункер кој висеше на врвот на карпа се урна во морето во близина на Танстал, Источен Јоркшир, на еден од најбрзо еродираните брегови во Велика Британија. Речиси 70 години, брановите ја удираа оваа градба од црвена тула, која сега и подлегна на ерозијата, објави Телеграф . Според групата за историски истражувања „Subterranea Britannica“, бункерот првично бил една од бројните нуклеарни опсерватории распослани низ целата земја. Се ...

Сириското Министерство за одбрана објави дека го продолжи рокот за прекин на огнот во сите сектори на операциите на Сириската арапска армија за период од 15 дена, почнувајќи од синоќа во 23 часот по локално време. „Продолжувањето на примирјето доаѓа во поддршка на американската операција за евакуација на затвореници на ИСИС од затворите на Сириските демократски сили во Ирак“, се наведува во соопштението, пренесено од Сана. Кабинетот на ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија, додека Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи настојуваат да го финализираат договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на речиси две децении преговори меѓу двете големи економии. Кошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи утре, во ...

30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом. Инцидентот се случил рано наутро, околу 6:30 часот, кога по вербална расправија меѓу сопружниците, жената наводно му нанела повреди на 43-годишниот сопруг. Полициски службеници од ОВР Кавадарци веднаш реагирале и ја лишиле од слобода осомничената. Од СВР Велес информираат дека остриот предмет со кој бил ...

Сегашното оскудно образовани поколение на европските политичари не е способно да се спротивстави на упорноста на американскиот претседател Доналд Трамп, додека светот драматично се менува, изјави во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во истиот разговор објавен во неделата, Песков посочува дека светот „драматично се променил“. „Во свет кој драматично се промени и ја продолжува својата траекторија на промени“, вели портпаролот на ...

Синоќа околу 23:50 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, патнички автомобил удрил во 49-годишниот Б.С., кој бил пешак. Возачот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде лекарите му констатирале телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Полицијата е во потрага по возачот, а се очекува да следуваат соодветни пријави откако ќе биде ...

Најмалку 20 американски држави прогласија вонредна состојба поради бури и снежни бури. Повеќе од 180 милиони луѓе се во состојба на готовност за масивна бура што се протега од Ново Мексико до Мејн и се очекува да го парализира јужниот дел на САД со мраз и снег, објавува Еј-Би-Си Њуз (ABC News). Вонредна состојба прогласија Алабама, Арканзас, Делавер, Џорџија, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њујорк, ...

Британската влада денеска објави дека наскоро ќе претстави план за создавање нова полициска единица, слична на американското ФБИ, која би работела на сложени истраги, како што се борбата против тероризмот, измамите, злоупотребата на деца на интернет и разбивањето на криминални банди. Полицијата ќе ја обедини работата на постојните агенции кои се занимаваат со тероризам и криминал, како и регионалните единици за организиран криминал во Англија ...

Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што ...

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна девојка од главниот град. Според информациите од полицијата, А.А.(25) ја забележал девојката на улицата Маршал Тито и извесно време ја следел. Во погоден момент, тој насилно ја внел во патничко возило, а во акцијата му помогнале и другите тројца пријавени – Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21). Полицијата брзо ...

МВР информир за тепачка на гробишта. -На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60). По целосно документирање на ...

Десетици фудбалски навивачи белградска Црвена Звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во тепачка што се случи синоќа во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец. Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи. Полицијата уапсила 93 лица, кои биле ...

One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју за ТВ Алфа, Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на One Macedonia и директор за мобилна стратегија во 4iG, истакна дека во првите пет години од работењето се планирани инвестиции повисоки ...

Мнозинството Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, според анкета која за неделното издание на весникот Bild ја спровел институтот INSA, чии резултати се објавени во неделата. Додека 24 отсто од испитаниците рекле дека го сметаат Трамп за сојузник, 61 отсто го означиле американскиот претседател како закана за Германија. Во анкетата на околу 1.000 испитаници, од кои 15 отсто не дале одговор. ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (ATP-4) се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен без борба откако чешкиот тенисер Јакуб Меншик се повлече поради повреда. „Тоа е несреќна одлука. По последните два натпревара, чувствувам сè поголема болка а проблемот е во левата страна на моите стомачни мускули“, ја објасни својата одлука да се повлече 17-от играч во светот. Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето в среда против победникот од осминафиналето ...

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи, рече Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Али и Венко додека биле на власт си другарувале во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности. „А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и ...

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција. „Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи. Филипче со однесувањето во овој случај ...

Родителите на 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети,кој вчера беше убиен од федерален агент во американскиот град Минеаполис, денеска ја обвинија администрацијата на Трамп за „одвратни лаги“ откако уште една смрт во рациите за имиграција доведе до зголемување на тензиите во Минесота. Во изјава што одекна во американските медиуми, неговите родители рекоа дека Прети „несомнено не држел пиштол кога бил нападнат од насилниците, џелатите и ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена, реагирајќи на неговите изјави дадени на Светскиот економски форум во Давос. „Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, лични навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина, Зеленски, треба да го запомни тоа“, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
6.17
82%
1005
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
71%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.27
93%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1001
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
83%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
97%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
82%
1003
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
72%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54688.42

Калај

48.33

Родиум

334367.76

Кобалт

64.04

Платина

67130.76

Злато

161412.82

Иридиум

213919.04

Бакар

11.89

Цинк

3.32

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.13

Сребро

2586.53