Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На територијата на украинската Херсонска област во тек е изградба на дополнителни 12 подземни болници, изјави началникот на обласната воена администрација, Олександар Прокудин. – Продолжуваме со работата во оваа насока. Во моментов се градат уште 12 подземни болници за граѓаните да имаат пристап до медицинска помош дури и за време на гранатирањ“, истакна Прокудин. Тој нагласи дека сложената безбедносна состојба и постојаните руски напади ...
Советот на честа при ЗНМ информира дека во изминатите неколку недели до Советот се доставени повеќе претставки од политичката партија СДСМ, кои се однесуваат на содржини објавени во форма на колумни и јавно изразени ставови на онлајн медиумот Плусинфо. Во согласност со правилникот за работа, Советот на честа ја спроведе постапката во рамки на новинарската саморегулација и врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија одлучи да побара ...
Македонскиот ракометар Филип Талески во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Татабања. Унгарскиот тим Талески го претстави како засилување. Играчот доаѓа како слободен агент. Левиот бек по заминувањето од Вардар тренираше индивидуално, а сега ќе има неколку недели заеднички подготовки со играчите од новиот клуб до продолжението на унгарското првенство односно по завршувањето на Европскиот шампионат. Во редовите на ...
Глобална акција против трговијата со мигранти, координирана од Интерпол, резултираше со апсење на повеќе од 3.700 осомничени и обезбедување помош и заштита за над 4.400 потенцијални жртви низ светот, соопшти меѓународната полициска организација. Како што наведува Интерпол, во операцијата „Либертера III“, која се спроведуваше од 10 до 21 ноември, учествувале околу 14.000 полициски службеници од 119 држави. Во рамки на акцијата биле извршени ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе го испрати својот специјален претставник за контрола на имиграцијата, Том Хоман, во Минесота. Хоман ќе пристигне во државата во услови на тензии по вториот смртен случај во Минеаполис, откако американски државјанин беше застрелан од агенти за имиграција во текот на викендот. „Том е строг, но фер и ќе ми поднесува извештаи директно мене“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи. ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) даде зелено светло за судење на поранешниот филипински претседател 80-гоидшниот Родриго Дутерте по обвинение за злосторства против човештвото. Дутерте е прогласен за способен да се соочи со судење, објави судот во Хаг во понеделник. Прелиминарната постапка треба да започне на 23-те февруари. Дутерте беше уапсен во март 2025 година под сомнение за сторени злосторства против човештвото, врз основа на ...
Израелската армија ги доби посмртните останки на последниот преостанат израелски заложник што Хамас го држел во Појасот Газа, со што е исполнет клучен услов за почеток на втората фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во таа палестинска енклава. Посмртните останки на заложникот Ран Гвили се идентификувани и вратени за погреб, соопшти израелската војска. Израел вчера се согласи на ограничено отворање ...
Групата членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нивните сојузници големи независни производитело предводени од Русија имаат намера да ја потврдат одлуката за суспендирање на нормализацијата на снабдувањето во март, изјавиле за Reutersја три извора од OPEC+, и покрај проблемите со испораките од Казахстан. Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман одлучија во ...
Град Скопје соопшти дека „Со оглед на тоа што значителен број обврзници и понатаму не ги имаат подмирено своите долгови, од 26 јануари 2026 година започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година“. Како што појаснува градската управа, на 9 декември 2025 година е упатен јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека енергетската ситуација во Киев е сè уште исклучително тешка, особено на левиот брег на Дњепар, и дека повеќе од 1.200 станбени згради се без греење. – Одржан е посебен состанок и поднесени се извештаи за состојбата во регионите каде што енергетската ситуација е најтешка. Тоа се, пред сè, Киев и Киевската област, Харков и целата Харковска област, Черниговската област, Сумската ...
Албанскиот премиер Еди Рама во рамки на неговата официјална посета на Израел се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кого како одлични ги оценија билатералните односи и соработката. По средбата Нетанјаху на заедничката прес-конференција ја пофали големата улога што ја одиграла Албанија и гостопримството за Евреите за време на Холокаустот. Тој нагласи дека светот треба да знае дека Албанија била единствената европска земја што направила ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска потсети на прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. ️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) 15 € 50 € 300 € забрана за управување 3–12 месеци ️ Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта) 20 € 50 € 300 € ...
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „премногу доцна“ да се запре изградбата на огромната балска сала во Белата куќа, по тужбата поднесена од група за зачувување на културното наследство. „Меѓу другото, градам една од најголемите и најубавите балски сали во светот“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth во неделата. „ПРЕМНОГУ Е ДОЦНА“ да се запре работата на овој „ПОДАРОК за Америка“, напиша ...
Неколку стотици камиони го блокираа транспортот на стока на неколку гранични премини од Босна и Херцеговина во Република Хрватска во знак на протест затоа што возачите од таа земја не можат да останат во Европската Унија повеќе од 90 дена во период од шест месеци. Протестите се дел од заедничката, регионална протестна акција во која се вклучени и возачита на камиони од Србија, Црна Гора и од земјава. Како што објавија организаторите на ...
Здружението на транспортери на Црна Гора започна со блокада на товарниот сообраќај во близина на девет гранични премини во понеделник, од кои два се со членката на Европската унија, Хрватска Црногорските транспортери паркираа камиони на проширувањата во близина на неколку гранични премини, Дебели Бријег (Карасовиќи) и Илино брдо (Витаљина) и го блокираат преминувањето на сите видови товарни возила, освен на оние што превезуваат лекови, ...
На плоштадот Крал Петар Крешимир IV во хрватското гратче Велика Горица, веднаш до загрепскиот аеродром, синоќа околу 22 часот уапсиле маж додека провалувал во дипломатско возило. Во полициска станица е утврдено дека станува збор за 46-годишен Австриец, кој легално престојувал во Хрватска. Повеќе детали не се откриваат, а криминалистичката истрага е во тек, соопшти Полициската управа на Загреб. На плоштадот Крал Петар Крешимир IV во ...
Како општествено одговорна компанија, Џенерал Хералдинг стои на располагање на Јон Фрчковски да му донира средства за лекување од зависности, на какво никогаш не отиде иако беше експлицитно фатен во конзумсција на кокаин. Психотропните супстанции очигледно и понатаму влијаат негативно на неговото расудувањето, па токму затоа изнесува вакви целосни лаги за нашиот медиум, реагираат од медиумот „Лидер“ на денешната прес-конференција на Јон ...
Македонија2025 со задоволство информира дека е објавен Отворен повик за доделување на 20 стипендии за шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 05 до 11 јули 2026 година во Охрид. Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската ...
Музејот Лувр во Париз беше затворен во понеделникот, четврти пат откако започна мобилизирањето на дел од неговите вработени во средината на декември, барајќи подобри услови за работа, објави институцијата. Со речиси урнато реноме на најпосетуваниот музеј во светот по грабежот на 19-т октомври минатата година, Лувр има тешкотии да го заврши овој социјален спор, еден од најдолгите во неговата историја, и покрај неколкуте рунди преговори со ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада. Николоски искажа поддршка за протестот на превозниците. „Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува составен дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од ...
До денеска вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија. Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите. Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша ...
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари. ...
На граничниот премин „Табановце“, на излез од земјава, бил уапсен П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која била барана преку Интерпол. Полицијата утврдила дека Камерунецот бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1.000 евра. Тој е предаден на СВР Куманово за ...
Цените на гасот во Европа остро пораснаа во понеделникот, во услови на поларни температури и знаци на прекини во снабдувањето од Соединетите држави поради арктичка бура. На холандската референтна дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во февруари се тргуваше по 41,11 евра претпладнево, што е за 2,52 отсто поскапо отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица. Цената со тоа се стабилизира на највисоко ниво ...
Талентираниот играч за врска на Барселона, 18-годишниот Педро „Дро“ Фернандез Сармиенто, ќе ја продолжи кариерата во актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, објавија шпанските медиуми. Фернандез, кој има филипинско потекло, произлезе од академијата на Барса, Ла Масија, и оваа сезона се проби во првиот тим на „блауграна“. Сепак, одигра само пет натпревари и беше само еднаш во почетниот состав. Незадоволен од минутажата, поднесе барање за ...
Армијата на Соединетите Американски Држави е сè уште најголемата воена сила на планетата, по неа следува Русија, додека Македонија е 114-то место, според рангирањето на порталот „Глобал Фајерпауер“, кој се занимава со компаративна анализа на воената моќ на сите земји во светот. Порталот ја одредува воената моќ на една земја врз основа на копнените, водните и воздушните капацитети, бројот на војници, опремата, природните ресурси, финансиите и ...
Неговите агресивни методи на терен, јавните настапи и внимателно конструираниот имиџ предизвикуваат силни реакции низ САД, претворајќи го во симбол на политиката што ги продлабочува општествените поделби и предизвикува сè погласни обвинувања за авторитаризам. Еве кој е Грегори Бовино. Само пред една година, името на Грегори Бовино беше познато само на тесен круг луѓе. Денес тој е едно од највидливите лица на имиграциската репресија на ...
Без индустријализација нема Македонија, пишува во својата последна колумна, Виктор Грозданов, рударски инженер и колумнист велејќи дека Македонија не смее да биде заложник на утопии кои се стратешки создадени врз стравот на граѓаните. Нашата држава не смее да биде увозно зависна од други држави кои не ги почитуваат правилата на ЕУ за заштита на животната средина. Според Грозданов, нашата држава мора сама да создава и произведува материјални ...
Опожарен бил паркиран автобус вчеравечер, во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Истрагата на полицијата за причините за пожарот довела до двајца малолетници од Радовиш. При службените разговори во присуство на родители, децата го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен ...