Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави во саботата дека САД остануваат најголем сојузник на Европа, откако администрацијата на Трамп во голем стратешки документ изјави дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“ и дека еден ден би можела да го изгуби статусот на сигурен сојузник. Новата Национална безбедносна стратегија на САД, објавена на веб-страницата на Белата куќа доцна во петокот, ја критикуваше ...

Штетите од бурата Бајрон во Грција е огромна. Дождот продолжува и денеска, многу патишта се поплавени, а многу реки се излеаја. Во регионот Тесалија жителите на едно село беа евакуирани, а уште пет села во областа се во состојба на готовност и се чека да се прогласи евакуација. На Халкидики, пожарникарите спасија странско семејство од караван што беше однесен од надојдената река. Имаше случаи на поплавени приземја низ целата земја. Реката Пиниос ...

Граничниот премин Евзони – Богородица кај Гевгелија денеска повторно ќе биде затворен за сите видови на возила поради штрајкот на грчките земјоделци. Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот. Во овој период нема да биде можен ниту влез ниту излез кон Грција преку овој премин. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување во наведените интервали и да ...

На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок. Има голем дел компании што се откажаа од затезната камата, а нема компании што се откажале од главниот долг, рече на денешната прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање. „Во однос на солидарниoт данок, на последната владина седница, на зaтворена седница требаше да носиме одлука за повеќе информации, за износите, ...

Универзитети и приватни училишта во Велика Британијасе под истрага за перење пари. Владиниот кабинет подготвува план за проширување на проверките на донаторите. Универзитетите и приватните училишта ќе бидат инструирани да ги засилат проверките за корупција на донаторите поради загриженоста дека високото образование се користи за перење стотици милиони фунти криминални приходи. Проверките за перење пари што моментално се применуваат на банките и ...

Над 100.000 луѓе во еден јужен романски округ се без вода за пиење веќе неколку дена. Причината е неправилното празнење на две брани. Поради кризата, владата свика итен состанок, а премиерот Илие Боложан вети дека прво ќе го врати водоснабдувањето за домашни потреби. Стотици луѓе чекаат во ред со лименки и шишиња во раце пред цистерни за вода од пожарните служба. Оваа глетка стана вообичаена за жителите на јужниот романски округ Прахова. Таму, ...

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse. Во анкетата учествувале 400 компании, а анкетата е спроведена пред и откако Швајцарија постигна договор со САД во ноември според кој американските царини за швајцарска стока ќе бидат намалени од 39 на 15 отсто. Четвртина од компаниите што ...

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон. „Мароко беше многу добар на последното Светско првенство, во Катар во 2022 година, каде што стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето“, изјави тренерот на петкратниот светски шампион за бразилскиот канал Sportv. „Шкотска ...

Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ. Тој обвини за местенки во полза на семејна фирма на Ивица Томовски од Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата. Во новата „бомба“ од СДСМ, најавена вчера од ...

Горан Ангелов – Ќосето по цели 8 години минати зад решетки за 27 април, доби слобода. Тој за МКД.мк ја потврди информацијата и вели дека добил условен отпус, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години. Поради низа здравствени проблеми тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки. Тој е првиот што доби условен отпус од оваа постапка за која сите обвинети тврдеа ...

Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома. Тандер беа предводени од Шаи Гилџеус-Александер, кој постигна 33 поени во три четвртини со шест асистенции и пет скока. Тандер победија во 22 од првите 23 натпревари на почетокот на сезоната. Серијата од три победи на Маверикс синоќа, пак, заврши. Џејден Харди го предводеше Далас со 23 поени од клупата, вклучувајќи 12 во третата ...

Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да биде реизбран за претседател Христијан Мицкоски – единствениот кандидат за функцијата. На Конгресот под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2.600 лица, од кои 850-860 делегати и 1.700-1.800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“. Според партискиот лидер, премиерот Христијан ...

Советниците за вакцини во САД во петокот ја укинаа долгогодишната препорака сите деца во САД да ја примат вакцината против хепатитис Б при раѓање, што претставува голема победа за министерот за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор, но експертите за болести стравуваат дека тоа ќе ги поткопа децениите напредок во јавното здравство. Комисијата гласаше да се задржи вакцинацијата при раѓање само на новороденчиња родени од помалку од 1 ...

Канада ја отстрани Сирија од својата листа на држави „спонзори на тероризмот“ и ја отстрани исламистичката групација Хајат Тахир ал-Шам, лидерот на бунтовничкиот сојуз што го собори претседателот Башар ал-Асад, од својата листа на терористички организации, објави канадската влада во петокот. „Мерките се во согласност со неодамнешните потези на нашите сојузници, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, и ги следат ...

ОВЕН Одличното расположение од утрото ветува пријатен и добар ден. Добрите емоции ќе ви го разубават лицето долго време, доколку бидете повоздржани. Не дозволувајте другите да го одредуваат вашето однесување. Очекуваните парични приходи ќе го надополнат вашиот буџет и ќе ви овозможат да бидете малку растрошни. Во вашето семејство ќе настапат промени. БИК Сè може да биде многу пријатно доколку не се оптоварувате со непотребни проблеми, туку се ...

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст, објави весникот The New York Times. Според весникот, Гери починал во својот дом во Санта Моника, во сојузната американска држава Калифорнија. Причина за смртта била краткотрајна респираторна болест. Гери е еден од најголемите современи ...

Индија и Русија склучија договор за сеопфатна програма за економска соработка со цел да се достигне билатерална трговија од 100 милијарди долари до 2030 година, изјави индискиот премиер Нарендра Моди по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во петокот. Иницијативата, објавена за време на посетата на Путин на Индија има цел значително да ги прошири трговските односи надвор од договорите за нафта и оружје. Рускиот претседател пристигна ...

Амбасадата на Соединетите држави во Сараево во петокот ја критикуваше изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој претходно оваа седмица ги навреди хрватската европратеничка Жељана Зовко и претставникот на Фондацијата за наследство на САД, Макс Приморац, нарекувајќи ги „усташки гадови“, што тие остро го осудија како говор на омраза. „Коментари како овие не се добредојдени и го одвлекуваат вниманието од она на што ...

Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде зборуваше за подготовките, значењето и очекувањата од претстојниот 18-ти Конгрес на партијата, кој ќе се одржи утре. Таа истакна дека Конгресот има особено важна улога, како највисоко партиско тело, и дека ќе биде посветен на зацврстување на политичката победа и идната Стратегија Македонија 2030 на ВМРО-ДПМНЕ. ...

Откако беше извршена жрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за светската круна. Според обложувалниците, „Фуријата“ е водечки фаворит за титулата светски шампион со коефициент од 4,5, па за едно инвестирано евро добивката е 4,5 евра. На второто место се Англија и Франција со коефициент од 6,5, по што следат Аргентина и Бразил (8,5), Германија (14), ...

Во словенечкиот град Велење, ноќта од четврток кон петокoт, била отстранета главата од споменикот на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито на истоимениот плоштад. Општина Велење објави подоцна во теко тна денот дека полицијата веќе го пронашла сторителот, објави словенечката новинска агенција STA. „Го осудуваме вандализмот што беше извршен ноќе на плоштадот Тито во Велење, каде што непознат сторител го оштетил споменикот на Тито и му ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави документ со кој ја редефинира нејзината стратегија за национална безбедност во согласност со политиката на Трамп „Америка на прво место“. Во продолжение главните точки во документот, поделени по континенти: Европа Стратегијата содржи најостри критики за Европа, повторувајќи ги тврдењата на крајната десница дека Стариот континент е загрозен од „цивилизациска ерозија“ ...

Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот, реагираше вечерва владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по објавата на опозицската СДСМ за наводни преговори нелегалните мигранти од Велика Британија да бидат префрелни во Македонија. „Кога немаат аргументи, кога фактите се против нив, СДС бега во фантазии и хорор-сценарија. Но колку и да шират страв, вистината ...

Независно дали се оние 300 милиони евра во криптовалути кои Заев ги побара и Грција најде начин да ги обезбеди, како компензација дека ќе му се намалел угледот меѓу народот со потпишување на дефакто капитулацијата која ја именуваше како договор, бидејќи претходно ветуваше јавно дека нема да го направи тоа. Со прифаќање на сѐ што побараа, и што претходно не им беше паднало на памет да побараат. Кој потоа не може да стане успешен бизнисмен во ...

Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А. На помалку од 200 дена до почетокот на Светското првенство, сите очи беа насочени кон Вашингтон, каде што се одржа жрепката ...

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на Македониja Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија, Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски. „Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во завршните градежни активности во култната кошаркарска сала „Работнички”, која добива современ изглед и целосно ги исполнува ФИБА стандардите за одржување натпревари од највисоко ниво. Во моментов се поставува нов паркет на теренот со површина од 700 квадратни метри, кој одговара на ФИБА стандардите за натпревари од ниво 1, а неговото целосно завршување се очекува во текот на ...

Група граѓани поднесоа претставка до Уставниот суд, барајќи оценување на уставноста и законитоста на системот „Safe City“, којшто го применува Министерството за внатрешни работи. Истовремено, поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и засега непознати службени лица. Според подносителите, новиот систем за ...

Царинската управа денеска информира дека во текот на седмицава заплениле девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, лекови и други предмети при различни обиди за криумчарење. На Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон, царинарниците заплениле 27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките „Марлборо“ и „Ротманс“. Царинарниците пронашле употребуван мотор ...

Горан Агелов Ќосето по цели осум години минати зад решетки за 27 април, доби слобода. Тој за МКД.мк ја потврдил информацијата и вели дека добил условен отпус, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години. Поради низа здравствени проблеми тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки. Тој е првиот што доби условен отпус од оваа постапка за која сите обвинети тврдеа ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
88%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.35
66%
1019
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.59
94%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.24
81%
1016
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95

Платина

64478.87

Сребро

2159.30

Калај

43.93

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Бакар

11.02