Грозоморен инцидент се случил вчера околу 21 часот во ромската населба Ситнице во Меѓимурје во Хрватска – маж (40) пукал во својата невенчана сопруга и нејзината сестра, а потоа избегал. Една од застреланите жени (28) и покрај напорите на лекарите, починала во болницата во градот Чаковец, додека другата (29) уште се бори за живот. Убиецот е во бегство и по него се трага. Трагичниот настан е дополнително вџашувачки, оти се случил во време додека ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри е забележана на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, информира ЈП „Македонија пат“. Од претпријатието додаваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, кои редовно се отстрануваат. ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги собра челниците на Демократска Република Конго и на Руанда во Вашингтон во четвртокот за да потпишат мировен договор, додека продолжуваат борбите во регионото разорен од војната. Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, и претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди, ја потврдија својата посветеност на договорот за економска интеграција постигнат минатиот месец и мировниот договор постигнат ...

Собранието вчеравечер беше осветлено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која се одбележува на глобално ниво и претставува повик за акција и солидарност со жртвите. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук истакна дека овој потег не е само визуелен симбол, туку „јасна и моќна порака“ дека највисоката претставничка институција цврсто стои на страната на ...

Американскиот апелационен суд во четвртокот му додели правна победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги задржи силите на Националната гарда во Вашингтон, запирајќи ја наредбата на понискиот суд со која ќе се прекинеше распоредувањето во наредните денови. Во писмен налог, Апелациониот суд на САД за округот Колумбија го укина судскиот налог силите на Националната гарда да го напуштат главниот град до 11-ти декември. Наредбата на ...

ОВЕН Без разлика дали го сфаќате тоа или не, со вашите мисли и однесување станувате лидери за многу луѓе. Напнатоста што е присутна во вашиот секојдневен живот нема да влијае на односите во вашето семејство и меѓу вашата околина, ќе бидете силни и ќе се справите. Избегнувајте расправии и конфликти за да не ви ја одземат енергијата. БИК Денеска некои од вас ќе си ја пробаат среќата во област во која немаае доволно искуство, но имаат доволно желба ...

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од 3 до 10, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу 5 и 12 Целзиусови степени. И во Скопје и целата Скопска котлина денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Во последниот натпревар од 14-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед и Вест Хем одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ пред 73.938 гледачи. Манчестер Јунајтед имаше можност со победа да скокне на петтото место во Премиер лигата, но „Црвените ѓаволи“ не успеаја да дојдат до трите бода. Јунајтед победи само на еден од последните шест натпревари во Премиер лигата против Вест Хем. Домашниот тим поведе во 58. минута со погодокот на Диого ...

Кошаркарите на белградски Партизан вечерва го пречекаа Баерн од Минхен во 14-то коло од Евролигата, а домашниот тим славеше со резултат од 92:85 (16:22, 20:21, 28:15, 28:27). Од почетокот на дуелот, сѐ беше во знакот на навивачите на домашниот тим, популарните „гробари“, кои повторно му искажуваа поддршка на тренерот Жељко Обрадовиќ, кој поднесе оставка минатата седмица. Свирежите упатени кон партизановите играчи, како и навредите кон клупското ...

Фудбалерите на Лацио и Болоња обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Италија. Лацио го победи Милан со 1:0, додека Болоња ја победи Парма со 2:1. Решавачкиот гол на натпреварот одигран на римски „Олимпико“ го постигна Матија Закањи, кој со глава погоди во 80. минута по корнер. Лацио ќе игра во четвртфиналето против Болоња, која ја победи Парма со 2:1. Гостите поведоа во 13. минута со голот на Адриан Бенедичак, а во 38. минута израмни ...

На Израел во четвртокот му беше отворен пат за настап на изборот на песната на Евровозијата следната година откако организаторот на настанот одлучија да не се гласа за неговото учество и покрај заканите за бојкот од неколку земји што следеа кратко по објавувањето. Холандија, Ирска, Шпанија и Словенија објавија дека нема да учествуваат на музичкиот натпревар што привлекува стотици милиони гледачи секоја година. Исланд минатата седмица соопшти ...

Германското магазин Der Spiegel објави исечоци од транскрипт од телефонски разговор за кој јавноста не беше известена меѓу челниците на Европската унија и украинскиот претседател Володомир Зеленски во врска со можен мировен договор меѓу Киев и Москва. Извадоците од транскриптот од телеконференцијата, според оценката на Der Spiegel, укажуваат дека европските челници ги критикувале САД и американската делегација во преговорите за Украина. ...

Пожарот што беснееше вечерва во објект во Старата чаршија во Скопје, близу црквата Свети Спас, е локализиран, соопштија од скопската ТППЕ. По повикот во 19.43 часот, биле испратени три пожарникарски возила со екипи, а откако било увидено дека состојбата е тешка, на помош биле пратени уште две возила. Во гаснењето на пожарот што го опфатил покривот на објектот учествувале 20 пожарникари. „Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е ...

„Согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупната сезона најрано може да почне на 15 ноември, а крајниот датум за почеток на откуп е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок за да започне откупот на тутунот. Според последните информации што ги добивам од Сојузот, од теренот и од самите земјоделци, најголем дел од компаниите веќе имаат започнато со откуп на тутун од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе се обиде до крајот на годината да го сoбори клупскиот рекорд на Кристијано Роналдо по бројот голови во една календарска година. Брилијантниот француски напаѓач постигна 55 гола во дресот на „Кралскиот клуб“ оваа година, четири помалку од клупскиот рекорд од 59 гола поставен од Роналдо во 2013 година. Со уште пет натпревари до крајот на оваа година, Мбапе би можел да го надмине португалскиот фудбалски ...

Ирски воен брод наводно забележал до пет дронови како летаат во близина на воздушната траекторија на авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна во државна посета на Ирска во понеделникот, објавија локалните медиуми во четврток. Инцидентот предизвика голема безбедносна тревога поради стравувања дека може да биде обид за нарушување на патеката на летот, објави Irish Times. Неименувани извори рекле дека авионот, кој ...

Легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси не потврди дека ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но рече дека се надева дека ќе биде таму. „Се надевам дека ќе бидам таму. Веќе реков и претходно дека би сакал“, рече 38-годишниот Меси во интервју за американската спортска мрежа ESPN, додавајќи дека ќе игра доколку неговото тело може да го издржи тоа. „Во најлош случај, ќе бидам таму и ќе ги гледам натпреварите во живо, но ќе биде ...

Руската економија мора да се свикне на силна рубља и покрај негативните последици за некои извозници, изјави министерот за економски развој Максим Решетников. Во првата половина од годината, рубљата порасна за повеќе од 40 отсто, забележува Reuters, поддржана од високите клучни каматни стапки и надворешната трговија. „Треба да разговараме за неколку предизвици, а еден од нив е силната рубља“, рече министерот Решетников во вторник на ...

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Фејсбук го обвини неговиот наследник на првото министерско место, Зоран Заев, дека е дволичник што тргува со руско железо и челик по дампинг-цени поради санкциите од Западот кон Русија, додека истовремено партијата што ја „остави“ ја поддржува Украина. Во продолжение го пренесуваме постот на Никола Груевски во целост: ДВОЛИЧНИ ДОМА, ДВОЛИЧНИ И НАДВОР Заев и Филипче едно зборуваат дома, друго ...

Во синоќешниот натпревар од 19-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид лесно на гости го победија Атлетик Билбао со 3:0, но повторно останаа без Трент Александер-Арнолд. Александер-Арнолд му асистираше на Мбапе при постигнувањето на првиот гол на натпреварот, но мораше да го напушти теренот на почетокот од второто полувреме поради повреда на мускулот. Официјално, Реал сè уште не соопшти колку долго се очекува да паузира, но ...

Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше во четвртокот, на почетокот од дводневната посета на Индија, притисокот од Вашингтон врз азискиото џин да престане да купува руска нафта додека самите Соединетит држави купуваат нуклеарно гориво од Русија. Путин разговараше со индискиот телевизиски канал India Today, а разговорот беше објавен неколку часа откако слета во Њу Делхи, пристигнувајќи во посета за која двете земји се надеваат дека ќе ...

Американското Биро за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи лиценцата што ѝ овозможува на руската нафтна компанија Лукоил да продолжи со делумни меѓународни активности до 29 април 2026 година. Лиценцата дозволува трансакции со подружниците на компанијата надвор од Русија, вклучително и оние во САД, но само за набавка на стоки и услуги, техничко одржување и работење или затворање на бензински станици. Средствата од блокираните сметки ...

Словенија, Шпанија и други земји се откажаа во знак на протест, откако Израел доби дозвола да остане на Евровизија Израел денеска доби дозвола да учествува во натпреварот Песна на Евровизија (Евросонг) во 2026 година, што ги поттикна Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија да ги исполнат своите закани за повлекување од натпреварот поради израелските дејствија во текот на војната во Газа. По состанокот во Женева, организаторот на натпреварот, ...

Цените на бакарот го затворија тргувањето во средата на чекор од 11.500 долари за тон, достигнувајќи ново највисоко ниво откако црвениот метал почна да се тргува на лондонската берза за метали, под влијание на слабиот американски долар, стравот на трговците од проблеми со снабдувањето и намалените залихи во магацините на LME. Цената на бакарот во референтниот тримесечен термински (фјучерсен договор на Лондонската берза за метали (LME) изнесуваше ...

Жолто ниво за предупредување од поплави издаде попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според управата, поради обилни врнежи од дожд постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на утрешниот ден. УХМР предупредува за крајно внимание покрај реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на утрешниот ден, поради ...

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје, соопшти дека денеска потпишал одлука за субвенционирање набавка на климатизери-инвертери за загревање на домовите. Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, ...

Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Оттаму поочуваат декас ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по на места влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...

Интернет-просторот во Бугарија се вжешти од снимката на еден возач на автомобил што непрописно возел во лентата за велосипеди, а по реакцијата на велосипедистот, се однесува насилнички кон него, грабајќи му го велосипедот и отстранувајќи го. Сцената бргу предизвикува внимание, а авторката на профилот што го објави видеото јасно му ги посочува грешките на автомобилистот. Одличен пример на граѓанска интервенција. Just everyday life in Sofia, ...

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент донесе декларација со која се осудуваат актите на, како што стои во текстот, насилство од омраза во Македонија против Владимир Перев, новинар и заштитник на правата на Бугарите. На предлог на претседателката на Комисијата за надворешна политика Јорданка Фандкова, декларацијата беше вклучена во дневниот ред на седницата, а потоа беше едногласно усвоена. Според бугарските медиуми, ...

Секој трети граѓанин во Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши некоја работа. Ова го покажуваат податоците на најновниот извештај за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, чиј дел изнесе денеска директорот на МЦМС, Александар Кржаловски на настанот посветен на Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 декември. За разлика од изминатите години, кога корупцијата била прифатена како главен ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
91%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.07
66%
1021
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.95
94%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.79
95%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
88%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
96%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Бакар

11.02

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Сребро

2159.30

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Платина

64478.87