
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија ...
По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за повеќе од 30 точки од дневниот ред, од 62 предложени, за збир закони од областа на образованието, даночниот систем, како и за меѓународни договори, закони за економија и кредитни аранжмани на државата. Вчерашната седница беше прв собир на пратеници од ноември минатата година, а во центарот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот во кој ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, оценувајќи дека првиот месец од неговиот мандат бил најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи дека втор најуспешен е Џорџ Вашингтон. Тој рече дека пред шест недели, неговата ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини. – во периодот од 05.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.Крсте Асенов, дел од бул.Христијан Тодоровски Карпош. (Oпштина Чаир) – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улица Востаничка во близина и од страната на маркетот Рептил.(Oпштина Кисела Вода) – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улица 3 во ...
Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во наредните денови ќе продолжи периодот на ...
Две жени, на возраст од 74 и 83 години од Скопје дале по повеќе од 5.000 евра за нивните ќерки да не одат затвор, откако наводно прегазиле деца мигранти. Во понеделникот, во 13 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа ...
Заедно да поттикнеме и да поддржиме Европа да заземе поинтензивна улога во процесот на постигнување траен и одржлив мир во Украина преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е и во полза на украинските пријатели и на самата Европа. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. За војната во Украина зборуваше и Орбан, кој рече дека Унгарија останува на ставот дека војната ...
Папата Франциско продолжи да прима респираторна терапија и физиотерапија без маска земајќи кислород преку канила откога вчера претрпе две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти денеска Ватикан. Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и продолжува да мирува и денеска. Лекарите извадиле големо количество слуз, што се насобрало во неговите бели ...
Рускиот политичар Николај Онишченко, началник на областа Завјаловски во регионот Алтај во централен Сибир, е убиен додека излегувал од кафуле. Истражниот комитет поведе кривична постапка, изјавија за новинарите руските истражни органи. Од одделението додаваат дека во селото Завјалово е уапсен локален жител поради сомнение дека сторил кривично дело. „Обвинителот на територијата, Алтај Антон Херман, гио стави под своја контрола расветлувањето на ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” и против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” во врска со „измама”. Пријавениот, во текот на ноември 2024 година, додека бил на издржување затворска казна, измамил 46 – годишна жена од струмичко село за сума од 600 евра. Имено, пријавениот ѝ се јавил и ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени ...
Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, учествуваше на Втората меѓувладина седница меѓу владите на Македонија и Унгарија, која се одржа во Будимпешта. Божиновска, имаше обраќање на заедничкиот состанок на владите на Македонија и Унгарија, нагласувајќи ја важноста на енергетската соработка како клучен фактор за економски развој и енергетска безбедност. Во своето излагање, министерката ги истакна реформите ...
Пејачката Рита Ора блесна во виолетова кадифена тоалета на забавата по Оскарите организирана од магазинот Vanity Fair. Рита Ора изгледаше неверојатно додека уживаше во афтер-журката на Оскарите, забавувајќи се со Орландо Блум и неговата свршеница Кејти Пери, како и неговата поранешна Миранда Кер. Познатата пејачка оваа година не разочара со својот моден избор, а слободно можеме да кажеме дека беше една од најгламурозните личности кои ...
Убавината може да се манифестира на многу начини, но некои луѓе поседуваат харизма и топлина што веднаш плени. Додека многумина веруваат дека вистинската убавина доаѓа однатре, астрологијата тврди дека еден хороскопски знак особено зрачи со ненаметлива привлечност – а тоа е Ракот. Раковите поседуваат убавина, која не е светкава, туку суптилна и нежна, како благ летен ветер или чувство на сигурност во прегратките на саканата личност. Нивното ...
Изложбата насловена „Во спокој“ е деветта самостојна изложба на Анита Огњановска, чие отворање ќе се одржи на 5 март 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во двата изложбени салони, Империјал 1 и Империјал 2, во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Огњановска повторно се претставува пред македонската публика со нов циклус дела кои истражуваат теми како личните емоции, секојдневните моменти и симболиката на деталите кои носат длабока ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минералите и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп. Иако призна дека неговата средба со претседателот Доналд Трамп не поминала според планираното, Зеленски ја повтори посветеноста на Украина за мир и го пофали Трамп што и дал ракети „Јавелин“ на украинската војска. Во изјавата објавена на „Икс“, тој рече: ...
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, и заменик-шефот на Мисијата во Скопје, Енрика Вида. На состанокот беше дискутирано за приоритетите на Стратешкиот план на кабинетот на заменик-претседателот Фетаи за 2025 година, со посебен фокус на борбата против корупцијата, конфискацијата на нечегално стекнатиот имот, зголемувањето на транспарентноста на институциите и за ...
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир. Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната ...
„Самоволието на ДУИ и натаму продолжува. Минатата недела, градоначалниот на општина Чаир, Висар Ганиу, помпезно промовираше уништување на заштитено културно наследство во Старата скопска чаршија, односно „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир. Во таа прилика Ганиу за медиумите арогантно изјави дека за оваа порта има одлука од Советот на Општина Чаир и не е потребна дозвола од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието, истакнуваат од СДСМ. Според нив, наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека „не е лошо човек понекогаш и да се извини“. Оваа ...
Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји при Стопанската комора на Северна Македонија денеска избра ново раководство и ја усвои програмата за работа за 2025 година. За претседател на Клубот едногласно беше изгласан Гоце Марков од „Тиквеш“, а членовите се согласија на активности насочени кон јакнење на деловните врски со француските партнери. На седницата присуствуваа компаниите членки на Клубот, како и претседателот на ...
Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и ...
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги ...
Музичарите Мајли Сајрус и Макс Морандо дебитираа како пар на Оскарите во 2025 година. Иако претходно заедно се појавуваа во јавност, парот никогаш не позирал заедно на црвениот тепих. Морандо не се појавува често на доделувањето на наградите. Мајли и Макс се заедно четири години, пишува Вог, иако не се појавуваат заедно во јавност и не ги споделуваат своите приватни моменти на социјалните мрежи. Тие се запознале на состанок на слепо во 2021 ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамките на посетата на Будимпешта, каде што се одржа Втората меѓувладина седница меѓу владите на Северна Македонија и Унгарија, оствари билатерална средба со унгарскиот министер за енергетика, Чаба Лантос. На состанокот присуствуваа и Карој Матраи (Károly Mátrai), извршен директор на MVM Group, како и Петер Холича (Péter Holicza), заменик државен секретар, кои ги ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната. Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни. „Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која е во дводневна официјална посета на Будимпешта, Република Унгарија. Во рамките на посетата, денеска се одржа втората заедничка седница на двете влади, на која беа разменети идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во повеќе области, вклучително и во културата и туризмот. На средбата меѓу ...
Постојат хороскопски знаци на кои е речиси невозможно да им се каже „не“. Нивниот шарм, упорност и убедливост секогаш ги водат до нивната цел. Овие хороскопски знаци се едноставно неодоливи, толку многу што и да сакате, не би можеле да ги одбиете, што и да бараат од вас. Едноставно ќе ве вовлечат во нивната „мрежа“ и се ќе биде по нивно. Лав Харизматични и самоуверени Лавовите знаат да ве убедат дека нивната идеја е најдобра. Нивниот неодолив ...
Малолетно дете е повредено предмалку во Карпош откако се откорнала голема гранка од дрво. „За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај е повреден еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар“, посочуваат од Општина Карпош. ...
Актерката Деми Мур, ѕвезда на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но наградата сепак и избега. Златната статуетка ја доби 25-годишната Мајки Медисон за улогата во филмот „Анора“. По гламурозната вечер, Мур ја избриша шминката, се облече во бањарка и опуштено уживаше во голема порција помфрит. Моментот го снимила нејзината ќерка Талула Вилис, која на Инстаграм сподели фотографија од ...