По шест години од периодот пред короната, повторно е воспоставен директен лет на релација Милано-Охрид, што претставува значаен момент за пациентите од Италија кои доаѓаат на стоматолошки третмани во центарот „Д-р Баткоски“. Пациентите од Италија и во годините кога немаше директна авиолинија континуирано доаѓаа во Охрид и го избираа центарот „Д-р Баткоски“, а со повторното воведување на летот нивното доаѓање сега станува уште поедноставно и ...

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 1 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,29% и заврши на 9.937,33 поени, додека ОМБ остана непроменет на 129,78 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 36.998.284 денари, при што тргувањето беше најконцентрирано кај Алкалоид и Комерцијална банка. Топ добитници ● Макстил АД Скопје (MAST): +8,41% ● ...

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај нас се политизира и партизира на ниво на пресконференции во партиите на дневно препукување на партиите“, рече Илија Димовски, запрашан за влијанието на изборите во Унгарија на земјите од Вишеградската група ...

Утрово скопјани одејќи по Кејот на Вардар со чудење виделе широко развеано црно знаме со череп на изгорената Галија која со години го нагрдува центарот на Скопје. Чудењето станало поголемо кога виделе дека пирати се вселиле во неа и почнале со чекани, даски и јажиња да ја крпат палубата. Еден скопјанец ги прашал од каде пак гусари да дојдат во Скопје, а одговорот бил нависина логичен – слушнале дека во Македонија живее некој кој бил премиер и ...

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта за следната учебна година. Предвидени се над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот ...

Си го прославија вчера судиите и обвинителите својот ден. Имаше свечени обраќања и пораки, се разменија честитки, а некои сигурно и мезнаа на разни коктели и ручеци. Едноставно, вчера се празнуваше за правдата. Но, што е она за што вчера најмалку се кажа, а што граѓаните го очекуваат? Прво, дека луѓето од правосудството треба искрено да се погледнат меѓу себе и да се запрашаат работат ли како што треба и зошто довербата на граѓаните во нив е ...

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, побара Европската комисија да ја принуди Украина да го овозможи протокот на руска нафта преку нафтоводот Дружба. Според него, обновувањето на протокот е единственото решение по кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток. Тој ги критикуваше Брисел и украинскиот претседател Зеленски за, како што рече, политички игри, нагласувајќи дека Словачка и Унгарија имаат легално право да увезуваат руска нафта и ...

Во израелски воздушни напади врз Либан, утрово загинале седум лица, соопшти либанското Министерство за здравство. Израел соопшти дека извршила два одделни напада насочени кон висок командант и уште еден член на Хезболах. Овие напади се дел од пошироката ескалација на израелската офанзива во Либан, во која досега загинале најмалку 1.200 луѓе, а околу 1,2 милиони се раселени. Либан беше вовлечен во конфликтот откако Хезболах испали ракети кон ...

Франција и Италија и се придружија на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелски воени операции, изјавија извори за Ројтерс. Одлуката на Франција и Италија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и европските престолнини. Трамп претходно ги нарече НАТО сојузниците „кукавици”, а во нова објава порача: „Франција не дозволи прелет на авиони со воени залихи кон Израел… САД ќе го запаметат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од Иран за „две или три недели”. Тој предвидува дека цените „нагло ќе паднат” по повлекувањето на американските сили. Иако спомена дека пред повлекувањето е можен „договор” меѓу Вашингтон и Техеран, Трамп ја намали важноста на преговорите. „Не е важно дури ни дали ќе седнат на преговарачка маса. Ги вративме 15 до 20 години назад,” рече тој. Синоќа и иранскиот претседател ...

Српската полиција, синоќа, употреби сила на протестот во центарот на Белград, организиран од студентите. Демонстранти фрлаа разни предмети кон кордонот полиција, едно лице е приведено, а неколку се повредени. Причина за протестот беше влегувањето на полицијата во просториите на Ректоратот на Универзитетот по наредба на Јавното обвинителство, а како дел од истрагата за смртта на 25-годишна студентка на Филозофскиот факултет. Полицијата го ...

Бугарија го тргна ветото и призна дека има во својата земја македонско мацинство, Брисел конечно ја отвори вратата за нас, а Македонија денес официјално ги започна, заврши и архивира преговорите за членство во ЕУ. Се ова е постигнато во еден ден, со рекордна ефикасност. Веќе во понеделник Македонија станува 28-ма членка на Унијата. Но ова не е се! – Еврото станува официјална валута, и тоа по курс 1 евро за 1 денар, „за да не се мачат ...

Државниот архив на Република Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели. -Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се ...

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под ...

Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим. Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово. Според извештаите, се верува дека технички дефект ја предизвикал несреќата и оти немало надворешно влијание врз авионот. ...

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни. Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во ...

Скопје многу сака да се преставува како убав и среден град. Но, дали е така, особено дали е среден? Еве туристи ако отидат да ја видат Триумфалната порта што ќе видат? Се чини помалку ќе гледаат кон портата, а повеќе кон двете згради без фасади, што се од левата и десната нејзина страна. Да, да… полуразрушената надворешност на зградите на ЕСМ и на „Пелагонија” ептен паѓаат во очи. И ова трае со години. Со години трае и ветувањето на ...

Иран има намера да стави крај на војната со Израел и САД, но бара гаранции за спречување на идни напади, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан – Имаме волја да го завршиме конфликтот, кој трае веќе пет недели, под услов да се исполнат основните услови, особено обезбедување гаранции за да се спречи повторување на агресијата – изјави Пезешкијан во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Поврзани вести: ...

Довербата е една од највредните работи во секој однос – без разлика дали станува збор за љубов, пријателство или деловна соработка. Таа не се создава преку ноќ, туку се гради постепено, преку искреност, доследност и почит кон кажаниот збор. Но, доволна е една грешка, едно изневерено ветување или една лага за сè да почне да се руши. Кога еднаш ќе се наруши довербата, работите ретко остануваат исти. Сомнежот полека се вовлекува, а сигурноста ...

Стомачните вежби се сè почесто тема на дебата – дел од експертите ги сметаат за клучни за зајакнување на торзото, додека други предупредуваат дека можат да предизвикаат повреди доколку се изведуваат неправилно, особено поради оптоварувањето на ’рбетот. Ризикот најчесто произлегува од лоша техника. Затоа, стручњаците советуваат вежбите да се изведуваат на рамна и цврста подлога, без извиткување на ’рбетот и без прекумерно напрегање на вратот. ...

Доколку често се соочувате со настинки и инфекции, причините најчесто се поврзани со фактори што го ослабуваат имунолошкиот систем. Хроничниот стрес, прекумерната телесна тежина, недоволниот сон, генетиката и животните навики како консумирање алкохол, можат значително да ја намалат отпорноста на организмот. Со возраста, имунитетот природно слабее, но добрата вест е дека одредени промени во начинот на живот можат значително да помогнат – како ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено без голови против Република Ирска во Даблин, во дуел на двете селекции кои не успеаја да обезбедат пласман по полуфиналниот бараж за Светското првенство 2026. Македонскиот тим прикажа сигурна игра во одбраната, но натпреварот не донесе многу возбудувања и имаше понизок интензитет во споредба со претходниот дуел против Данска во Копенхаген. Првата посериозна закана дојде во 26. минута, ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје постигнаа голем успех пласирајќи се во полуфиналето од плеј-офот во АБА 2 лига. Во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето, тимот предводен од тренерот Боро Смилковски славеше на гостувањето кај Златибор Моцарт со 90:80. Со оваа победа, скопскиот состав ја доби серијата со 2-1 и обезбеди полуфинален дуел против Сутјеска. ТФТ одлично го отвори натпреварот и уште по првата четвртина стекна двоцифрена предност ...

Едно лице е уапсено, а по останатите се трага откако американската новинарка Шели Китлсон денеска беше киднапирана во Багдад. Ирачкото Министерство за внатрешни работи на Ирак ја потврди информацијата, наведувајќи дека еден осомничен веќе е приведен и дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на другите сторители и за нејзино ослободување. Видео објавено од Ал Арабија, кое го прикажува моментот на киднапирањето, брзо се прошири на ...

Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка од парламентарното мнозинство, поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка. Со предложените измени се предвидува возачите со дозвола од Б-категорија да добијат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 kW, при што односот меѓу силата и масата на возилото ...

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во градот. Еден од нив беше и урбаната опрема ( се мисли на просторот пред кафе баровите), дали да ја има и во која форма. Да, ќе ја има и натаму но, сега на пример пиењето кафе ќе бида како во западноевропските градови. ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион. На средбата беше истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа Паркот, преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 31 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,09% и заврши на 9.908,68 поени, додека ОМБ остана непроменет на 129,78 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 21.314.830 денари, при што најголем дел од ликвидноста беше концентриран кај Комерцијална банка, Макпетрол и НЛБ Банка. Топ добитници ● ...

На 29 март во 17:43 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, 51 – годишен скопјанец бил физички нападнат од едно лице. Како последица од нападот, тој се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата веднаш презема мерки за расчистување на случајот, при што се собираат докази, се прибираат изјави од сведоци и се преземаат активности за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.23
46%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.68
57%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.66
67%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
64%
1022
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.84
48%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.32
82%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.53
52%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.95
51%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.66
54%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
55%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
45%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
5.29
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Калај

50.56

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29