Илјадници граѓани, меѓу кои и голем број ученици и студенти, се собраа во центарот на Сараево, два дена по тешката трамвајска несреќа во која животот го загуби 23-годишен маж. По собирот, демонстрантите го блокираа главниот пат во градот и се упатија кон зградата на Владата на Кантонот Сараево, барајќи одговорност од институциите и итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. Протестот започна како спонтано собирање во центарот ...

Повременото уживање во солени или крцкави закуски е сосема вообичаено. Парче десерт, пециво или грицки додека гледаме филм не претставуваат проблем кога се консумираат умерено. Сепак, предизвикот настанува кога ваквите навики стануваат дел од секојдневието и кога одредени производи незабележливо почнуваат да заземаат значајно место во исхраната. Нутриционистите предупредуваат дека чипсот спаѓа меѓу најнеповолните избори кога станува збор за ...

Ракометарите на РК Охрид одиграа одличен натпревар и направија голем чекор кон пласман во следната фаза од ЕХФ Европски куп, совладувајќи го чешкиот тим Дукла Прага со убедливи 30-21 во првиот осминафинален дуел. Охриджани фуриозно го започнаа натпреварот, отворајќи со серија од 6-0 и рано воспоставувајќи контрола врз играта. До крајот на првото полувреме ја задржаа сигурната предност и на паузата заминаа со водство од 16-9. Во вториот дел ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром продолжуваат со успешните настапи во националниот куп, обезбедувајќи пласман во финалето шести пат по ред и вкупно 19-ти во клупската историја. „Сино-белите“ во полуфиналниот натпревар одигран во Куманово убедливо ја совладаа екипата на Кожув со 76:58. И покрај отсуството на капитенот Бојчев, гевгелискиот состав во почетните минути беше рамноправен противник. По првата четвртина МЗТ имаше минимална предност ...

Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Минхен со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии. Мицкоски истакнува дека со Гренел имал плодна средба и одлична дискусија. – САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од ...

И покрај постојаните апели и засилените контроли, на македонските патишта и натаму се среќаваат возачи кои свесно ги прекршуваат правилата. Последните полициски акции повторно покажаа дека неодговорноста зад воланот останува сериозен безбедносен, но и социјален проблем. Вчера полицијата уапсила 15 возачи, од кои две малолетни лица, поради управување без возачка дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол. Најмладите прекршители ...

Околу 200.000 луѓе се собраа денеска во Минхен за да протестираат против иранските власти, соопшти полицијата на баварската престолнина, каде што се одржува Минхенската безбедносна конференција. Демонстрантите се собраа мирно на плоштад во западниот дел на градот за да побараат пад на Исламската Република по крвавото задушување на широкиот бран протести што започна кон крајот на декември. Некои мавтаа со знамиња со зелени, бели и црвени ленти ...

Малолетник од Битола е лишен од слобода по сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак, информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила на 13 февруари околу 18:35 часот на улицата „Козјак“, кога 17-годишник управувал патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. Притоа удрил во 42-годишен пешак од Битола. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде ...

Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници соопшти дека делумно ги прекинува своите активности во болницата „Насер“, една од најголемите здравствени установи што сè уште функционираат во Појасот Газа, поради сериозни безбедносни закани. Од организацијата информираат дека пациентите и медицинскиот персонал пријавиле присуство на вооружени и маскирани лица во болницата, што создало чувство на несигурност и страв. Здравствената ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во силна конкуренција во Б-дивизијата од Лига на нации на УЕФА, каде што за ривали ќе ги има селекциите на Шкотска фудбалска репрезентација, Словенија фудбалска репрезентација и Швајцарија фудбалска репрезентација. Селекторот на швајцарската репрезентација, Мурат Јакин, очекува неизвесна борба за врвот во групата. Тој посочи дека неговиот тим веќе има свежо искуство со Шкотска од Европското ...

Основно јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство, информираа од Обвинителството. Според наводите, инцидентот се случил во дом на улицата „Рајко Жинзифов“, каде што осомничениот физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста. За време на расправија, тој ја удирал со тупаници и шлаканици, при што ѝ ...

Во село Драгоманце, во Општина Старо Нагоричане, синоќа се случи тежок кривичен настан. Полицијата го уапси 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, поради сомнение дека ја лишил од живот 78-годишната М.С. од Челопек. Според првичните информации од истрагата, на 12 февруари осомничениот влегол во домот на жената, по што настанал физички напад. Жртвата починала на местото на настанот. Надлежните органи информираат дека осомничениот се поврзува и ...

Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево го напуштија центарот на Атина, откако ноќта ја поминаа паркирани на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера продефилираа низ централните улици на грчката метропола, каде што беа поздравени од граѓани и минувачи. Протестот заврши мирно, а земјоделци од различни делови на земјата ги изнесоа своите ставови и барања поврзани ...

„Венко Филипче во друштво на Тони Котев сопственикот на илегалната дрога, нема скандал ниту криминал а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејчката партија понатаму соопштија: „Откако со денови СДС растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви вистината излезе на виделина. Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата ...

„Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара“, се вели во соопштението од СДСМ. Од опозициската партија понатаму напишаа: „Сите молчат. Мицкоски, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски… Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски. Дополнително, со медиумската кампања за дефокус ...

Поради верскиот празник Задушница, од раните утрински часови денеска во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и само во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, ќе се свртат лево по „Александар Урдаревски“, лево по „Боца Иванова“ и потоа ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, од Минхен, изјави дека државата обезбедила најголем буџет за одбрана во изминатите триесет години. Според него, повеќе од 32 проценти од средствата наменети за одбраната ќе бидат инвестирани директно во модернизација на Армијата. Тоа вклучува реализација на нови проекти, сервисирање на претходно преземените обврски и започнување преговори со повеќе држави уште во текот на оваа година. Мисајловски ...

Од 21 до 29 октомври, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет – еден од најреномираните танцови настани на континентот. Првенството ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе обедини повеќе од 3.500 танчери од над 30 европски држави. Организаторот, студиото „Брејк А Лег“, најавува девет дена интензивна програма со натпревари во различни танцови дисциплини, како и дополнителни културни и ...

Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани во текот на вчерашниот ден и синоќа во Скопје. Од МВР информираа дека утрово во 4 часот 35-годишна жена пријавила дека во Чаир била физички нападната од нејзиниот 24-годишен партнер. Синоќа, пак во 22 часот Центар, полицијата уапсила 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка. Претходно пак, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до ...

Коски налик на човечки и облека пронајдени во скопско село. Од полицијата соопштуваат дека вчера околу 17 часот било пријавено дека во месноста „Сулејманови ливади“ во селото Горно Количани биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Коски налик на човечки и облека пронајдени ...

Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој простор, вклучително и депониите под тврдината, а особено во врска со лошата состојбата на скривниците, кои се нефункционални и комплетно запуштени. Ѓорѓиевски посочи дека поголемиот дел од просторот е веќе исчистен, а дека сите останати работни активности ќе следат штом ...

Денеска верниците го празнуваат Свети Трифун, заштитникот на лозарите, градинарите и винарите. Празникот, кој традиционално се слави на 14 февруари, има силно духовно и народно значење, особено во лозарските региони низ земјата. Според преданието, Свети Трифун бил христијански маченик од 3 век, роден во Мала Азија, познат по својата вера и исцелителски дарби. Се верува дека уште како млад имал моќ да лекува болести и да истерува зли духови, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор. „Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз. Се очекува американските, украинските и ...

Последните статистички податоци покажуваат дека бројот на странски туристи во Македонија пораснал. Во 2025 година се зголемил за околу 10 отсто во однос на претходната година. Лани Македонија ја посетиле над 900.000 странски туристи. Добро е тоа, но дали треба да е повод за славење или пак фалење? Македонија се уште многу заостанува зад своите соседи во туризмот. Голем е просторот каде треба да има подобрување на туристичките понуди. Од ...

Македонската фудбалска репрезентација доби тешка група во новото издание на Лигата на нации, откако ждрепката одлучи во сегментот Б да игра против Шкотска, Швајцарија и Словенија. По извлекувањето во Брисел, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оцени дека станува збор за сериозен предизвик, но и можност за докажување на националниот тим. Тој истакна дека сите селекции во оваа дивизија се квалитетни и дека ...

Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, утре од 06:00 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кон градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива по кружен тек и во една насока. Возилата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе свртат лево на „Александар Урдаревски“, повторно лево на „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата. При излез од гробиштата, ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, учествува на 62-тата Минхенска безбедносна конференција и на првиот ден оствари низа важни средби со странски лидери и претставници на глобални корпорации. Во видео-обраќање од Минхен, Мицкоски истакна дека денот го започнал со состанок со високи претставници на германската компанија „Шварц“, една од најголемите меѓународни корпорации со приходи од над 180 милијарди евра ...

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против П.И. (35) од Тетово поради основано сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „лажно пријавување на кривично дело“. Според информациите од полицијата, на 9 јануари 2026 година, пријавениот лажно пријавил дека на паркинг-простор пред зграда во Тетово бил физички нападнат од машко лице, а дека од женско лице бил удрен со тврд предмет. По преземени оперативни мерки и ...

Продолжи судењето за случајот „Онкологија” кој ја вознемири јавноста, оти на површина излегоа податоци дека на Клиниката за радиотерапија и онкологија имало злоупотреби и несовесно лекување на пациенти што довело до сериозно влошување на нивната состојба. И денеска во скопскиот кривичен суд сведочеа вештаци, доктори од Словенија, ангажирани од Обвинителството, кои во претходните денови изнесоа шокантни сознанија за неправилности при ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
74%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.45
67%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
91%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
2.24
70%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
61%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
4.47
73%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
0.0
76%
1017
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Платина

67516.57

Сребро

2840.84

Рутениум

55395.74

Цинк

3.44

Калај

49.91

Родиум

324722.54

Паладиум

49815.70

Алуминиум

3.60

Бакар

12.22

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52