Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила. – Заедно влеговме во ера која повторно е многу отворено обележана од моќта и политиката на големите сили. Пред сè, го гледаме насилниот ревизионизам на Русија, нејзината брутална војна против Украина, против нашиот политички поредок со секојдневни сурови воени злосторства. Значи, ...

Во општина Пробиштип заврши изградбата на ново кошаркарско игралиште во Злетово, со што учениците од ПОУ „Кирил и Методиј“ и локалното население добија современ простор за спорт и рекреација. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека станува збор за мултифункционален терен со современа подлога, кој ќе овозможи подобри услови за физичка активност, особено кај младите. „Овој проект е дел од нашата стратегија за унапредување на спортската ...

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. – Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ...

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Според објавата, повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско учество и младински политики. Локалното собрание на млади ќе биде составено од по еден делегат и еден ...

Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција. Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“. Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од ...

Градоначалниците на Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, денеска најавија реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата „Лазар Трповски”, во вкупна должина од еден километар. Според Меџити, предвидена е целосна реконструкција на улицата, со велосипедски патеки од двете страни, нови тротоари и паркинг-места за околу 200 возила. Проектот опфаќа и реконструкција на постојниот кружен тек, како и изградба на уште ...

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со интензивна акција за расчистување на два напуштени објекти во Ново Маало и кај ТЦ Буњаковец, информираше денеска градоначалникот Горан Герасимовски. Интервенцијата е извршена по барање на жителите од околните згради поради страв од пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На првата локација, со асистенција полицијана МВР, се иселени затекнатите лица и започнало расчистување на сметот, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека кејот на Вардар ќе добие нова градска плажа, како дел од пошироко уредување на јавниот простор покрај реката. Според него, Kејот е еден од клучните приоритети на новата градска администрација и уште од преземањето на функцијата започнало темелно чистење на речното корито. Во рамки на проектот ќе се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, а ќе се поставува и ...

Македонскиот народен театар – институција што симболично ја носи тежината на националната сцена – одлучува својата 80-годишнина да ја заокружи со претстава од Црногорско народно позориште. Да појасниме: не е проблемот во црногорските актери. Не е проблемот во соработката. Балканската културна размена е вредност. Но прашањето е – како може националниот театар да го слави сопствениот јубилеј со туѓа продукција? Осумдесет години од првата ...

Дали Холивуд намерно ги „разводнува“ класиците? Новиот Wuthering Heights е пример за естетски и интелектуален пад. Има нешто особено болно кога класично дело што со децении се смета за едно од најмоќните во светската литература ќе биде адаптирано со површност што остава впечаток дека никој од екипата навистина не ја прочитал книгата. Wuthering Heights не е љубовна приказна. Не е мелодрама. Не е еротски трилер. Тоа е роман за траума, класна ...

Во најновите руски напади врз Украина загинале најмалку седум лица, вклучувајќи и деца, соопштија денеска официјални украински претставници. Во источниот регион Доњецк тројца браќа на возраст меѓу 8 и 19 години биле убиени синоќа во гранатирање во градот Краматорск, а нивната мајка и баба биле повредени кога граната погодила станбена зграда. Во нападот загинал уште еден маж. Гувернерот на Одеса, изјави дека едно лице загинало, а шест други се ...

Во Швајцарија има загриженост од растот на населението со доселеници. Поради тоа во јуни ќе одржи референдум за ограничување на населението на најмногу 10 милиони жители. Иницијативата „Не за Швајцарија со 10 милиони жители” ја поднесе десно ориентираната Швајцарска народна партија која собра над 100.000 потписи за да се одржи референдумот. Иницијативата предвидува уставни измени според кои, доколку бројот на жители — вклучувајќи ги и ...

По минатогодишната спектакуларна кражба, деновиве нов скандал во музејот Лувр во Париз. Француските власти соопштија дека уапсиле девет лица во рамки на истрага за масовна измама поврзана со продажба и злоупотреба на билети. Обвинителството се сомнева дека во текот на изминатата деценија музејот претрпел штета од повеќе од 10 милиони евра. Меѓу уапсените има двајца вработени во музејот, неколку туристички водичи и лице кое се смета за ...

Генерацијата од 25 до 35 години е можеби најобразованата и најработливата досега, но истовремено и најфинансиски анксиозна. Повеќето имаат работа, некои имаат и две, а сепак чувството на стабилност речиси и да не постои. Стравот не доаѓа од апсолутна сиромаштија, туку од хронична несигурност. Постојано чувство дека нешто може да се распадне. Цените на становите растат побрзо од платите. Кириите стануваат товар. Купувањето сопствен дом изгледа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран на сериозни последици доколку не постигне договор со САД. Тој изјави дека Иран требало да се согласи на договор уште минатата година, кога Вашингтон и Техеран преговараа за спорната иранска нуклеарна програма. По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп завчера истакна дека претпочита договор со Иран пред воена акција и објасни дека тој самиот ќе одлучи како ќе ...

Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, отворија повеќе болни теми од времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. Една од нив е и за модуларната болница во Тетово и трагичниот пожар што во 2021 година одзеде 14 животи. Кадриу обвини дека реалните трошоци за изградба на модуларните болници биле околу 300.000 евра, додека за нив биле потрошени дури 30 милиони евра. Ова отвори сомнежи за вградување несоодветни материјали, кои биле ...

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, вчера истакна дека Европа останува стратешки важна за САД. „Соединетите Држави се длабоко поврзани со Европа и нашите иднини отсекогаш биле поврзани и ќе продолжат да бидат“, нагласи тој, додавајќи дека сега е време да се разговара за тоа како ќе изгледа таа заедничка иднина. Рубио посочи дека „стариот свет го нема“ и дека светот влегува во нова ера на геополитика, пренесе ...

Екипата на Атлетико Мадрид направи голем чекор кон финалето на Кралски куп на Шпанија, откако на домашен терен убедливо ја совлада Барселона со 4:0 во првиот полуфинален натпревар. Натпреварот практично беше решен уште во првото полувреме, кога домаќините постигнаа четири гола и целосно ја презедоа контролата на теренот. Резултатот беше отворен во 6. минута со автогол на Ерик Гарсија, а само осум минути подоцна Антоан Гризман зголеми на 2:0. ...

По шест натпреварувачки дена на Зимските олимписки игри, домаќинот Италија се наоѓа на врвот според вкупниот број освоени медали — 17 (6 златни, 3 сребрени и 8 бронзени). Најмногу златни одличја досега има Норвешка — седум, со вкупно 14 медали, колку што имаат и натпреварувачите од Соединети Американски Држави. Досега се комплетирани 44 од вкупно 116 дисциплини, што значи дека борбата за медали влегува во својата поинтензивна фаза. Седмиот ...

Традиционално, во хотелот „Бајеришер Хоф“ денеска почнува 62. Минхенска безбедносна конференција (MСЦ), на која ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и влади, 100 министри за надворешни работи и претставници на големи меѓународни организации, меѓу кои се шефовите на ЕУ, НАТО, АСЕАН, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска организација и бројни агенции на ОН. На собирот, меѓу другите, се ...

Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат. Протестот е закажан за 16 часот по локално време, а земјоделците добија поддршка од Синдикатот на вработените во приватниот сектор, од опозициските СИРИЗА, Нова левица и ...

Петок 13-ти со децении се смета за симбол на несреќа и мистерија. Овој датум е опкружен со бројни верувања, легенди и приказни, а неговата репутација дополнително ја зацврстиле и популарната култура и филмската индустрија, особено хорор-серијалот Friday the 13th. И покрај модерното време, суеверието поврзано со овој ден и натаму опстојува во многу делови од светот. Бројот 13 уште од античките времиња се смета за „нескладен“ број, бидејќи ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го поздрави постигнувањето на рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија, оценувајќи го како значаен чекор во унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји. Во објава на Фејсбук, Муцунски истакна дека договорот има особено значење за македонската економија и дека ќе обезбеди конкретни ...

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места во југоисточниот дел од земјата ќе бидат поинтензивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 13 степени. Во ...

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за воспоставување реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа. Во заедничката изјава се наведува дека договорената рамка има за цел продлабочување на билатералната економска соработка и обезбедување поширок пристап за извозниците од двете земји на нивните пазари. Според договорените услови, Македонија ќе ги укине царинските давачки за ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава и како Ден на бакалите. Литургијата ја чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент и Епископот ...

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период април / мај и ќе добиваат надоместок по учинок 20 денари за решение и 5 денари за покана. Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта). Заинтересираните кандидати да се јават во ...

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистината е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, истакна Кадриу. Таа потенцира дека секогаш се водела од принципите на ...

Млад возач со камион прегазил пешак на скопскиот булевар „Борис Трајковски“. Како што информираа од полицијата, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21 годишен скопјанец удрило во 56 годишен пешакот исто така од Скопје. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Млад возач со ...

„Економијата на Европската Унија е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми. Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори што ги свика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на блокот, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
74%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.45
67%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
91%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
2.24
70%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
61%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
4.47
73%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
0.0
76%
1017
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Бакар

12.22

Сребро

2840.84

Калај

49.91

Рутениум

55395.74

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

3.44

Паладиум

49815.70

Платина

67516.57

Алуминиум

3.60

Родиум

324722.54