Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски донесе одлука да ја заврши својата репрезентативна кариера, ставајќи точка на едно значајно поглавје во националниот тим. Трајковски беше дел од генерацијата која испиша историја со пласманот на Европското првенство, а ќе остане запаметен и по голот против Италија во баражот за Светското првенство, со кој Македонија направи сензација. Во дресот на репрезентацијата настапуваше повеќе од една ...

Кавадарчанец е приведен откако бил пријавен за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга. Како што информираат од СВР Велес, синоќа околу 20 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал на 28-годишната поранешна сопруга. Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По ...

Основното јавно обвинителство во Кочани извршило увид на локација во близина на Виница, каде било пронајдено безживотно тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Според првичните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група ангажирана за комерцијален лов. Од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни истражни активности, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдените траги, со цел целосно ...

Независен синдикат на полицијата остро реагира по инцидентот што се случил синоќа пред дискотека во Скопје, при кој, според нив, биле нападнати двајца полициски службеници од ПС ОН Карпош. Од Синдикатот информираат дека полицајците биле нападнати од алкохолизирани лица и притоа се здобиле со тешки телесни повреди. Во реакцијата изразуваат незадоволство од одлуката на обвинителството осомничените да бидат ослободени и да не бидат изведени пред ...

Како дел од засилените активности за сузбивање на сивата економија, Управа за јавни приходи најави широка контрола на деловни субјекти кои работат надвор од фискалниот систем. Според официјалните податоци, дури 6.451 даночен обврзник кој е активен и има вработени, воопшто не поседува регистриран фискален уред. Станува збор главно за фирми од секторите трговија на големо и мало, угостителство, туристички услуги, како и правни и сметководствени ...

Младиот италијански возач Кими Антонели продолжува да импресионира на стартот од новата сезона во Формула 1, бележејќи уште една голема победа. По триумфот во Кина, каде стана еден од најмладите победници во историјата, Антонели утрово славеше и на патеката Сузука, освојувајќи ја Големата награда на Јапонија. Возачот на Мерцедес доминираше од самиот старт, тргнувајќи од пол-позицијата и задржувајќи ја предноста до крајот на трката. Тој заврши ...

Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава. Акцијата била спроведена на граничниот премин Табановце, каде по детална контрола биле откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 ...

– Иран се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормуската Теснина, изјави синоќа министерот за надворешни работи на Пакистан Исхак Дар. Тој во објава на X напиша дека „владата на Иран се согласила да дозволи уште 20 бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормуската Теснина“. Министерот Дар ја поздрави одлуката како „гласник на мирот“ што „ќе помогне да се воведе стабилност во регионот“. – Дијалогот, ...

„Владата прави се што е во нејзина моќ да испорача резултати, и покрај катастрофалната состојба наследена од претходната влада“, вака ја искоментира премиерот Христијан Мицкоски вчера објавената анкета, на која неговата партија ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии. „Состојбата која што ја наследивме од претходната влада е ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што ...

Украински разузнавачки служби регрутирале унгарски државјанин, кој дејствувал во интерес на опозициската партија Тиса, пред парламентарните избори закажани за 12 април, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го емитувањето на снимката од испрашувањето на ИТ експерт приведен од унгарската безбедносна служба. – Нема повеќе прашања. ИТ експертот призна дека бил регрутиран од Украинците. Неговото сведочење е јавно и секој ...

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната ќе достигне до 18 степен. Преодно стабилизирање на времето ќе има само во понеделник, а веќе од вторник до крајот на работната недела под влијание на циклонска активност ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од ...

Започнува денеска реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт. Станува збор за прва поголема реконструкција на аеродромот откако е изграден во 1952 година, додека последните помали интервенции беа направени со модернизацијата во 2011 година. Според надлежните, реконструкцијата треба да овозможи ...

Во Скопје утре од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка. Од Министерство за внатрешни работи на Македонија информираат дека трката на 10 километри ќе започне во 10:00 часот, а трасата ќе се одвива од Средно Водно по регионалниот пат Р2138 до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон и назад. За време на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на ...

Лошо започна мандатот на Гоце Седлоски како селектор на Фудбалска репрезентација на Македонија. По убедливиот пораз во Копенхаген (4:0) и елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство, селекторот се соочува и со незадоволство во репрезентативниот камп. Александар Трајковски и Бојан Миовски го напуштија кампот пред натпреварот против Фудбалска репрезентација на Република Ирска, кој треба да се одигра на 31 март. Трајковски не ...

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен предизвик во државата, со преваленца од 30 до 35 проценти од населението, информираат од Министерство за здравство на Македонија. Овој загрижувачки тренд, кој особено ги засега децата и адолесцентите, беше во фокусот на стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност „ОБЕМ“. На настанот беше истакната потребата од итно подигнување на јавната свест, како и од ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, согласно член 123 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, на 25 март 2026 година околу 18:30 часот, во домот на 76-годишен жител на Охрид, осомничениот најпрво влегол во вербална расправија со жртвата. По расправијата, тој физички го нападнал и, како што наведуваат од СВР Охрид, со ...

Против две лица од Крива Паланка е поднесена кривична пријава поради сомнение дека спречувале службени лица во извршување на службени дејствија. Како што информира полицијата, станува збор за 58-годишно лице и малолетник, кои се товарат за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Инцидентите се случиле на 4 март 2026 година на две локации – во населбата Баглак и во селото Кошари. Според пријавата, осомничените во ...

Млад жител на Скопје бил повреден во инцидент што се случил на паркинг простор во населбата Кисела Вода, по расправија околу паркирање. Според информациите од полицијата, на 27 март 2026 година во 16:05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 26-годишниот В.Т. од скопското село Волково бил физички нападнат од друго лице. Инцидентот се случил по претходно недоразбирање околу користење на паркинг место, при што напаѓачот употребил остар ...

Скопјанец станал жртва на измама откако непознато лице, лажно претставувајќи се како полициски службеник, му одзело 3.500 евра со ветување дека ќе му помогне да врати претходно изгубени средства. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 24 март во СВР Скопје. Според пријавата, 45-годишен жител на Скопје добил телефонски повик од лице кое се претставило како вработен во полиција и му понудило помош за ...

„Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт,“ изјави на денешната прес – конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме,“ додаде Манасиевски и ...

СДСМ со саркастична реакција ја коментираше најновата анкета на Маркет вижн, која покажува висок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и голема популарност на Христијан Мицкоски. Во соопштението, од опозициската партија тврдат дека дошле до „вистинските резултати“ од анкетата, според кои, како што наведуваат, граѓаните изразуваат огромно задоволство. „Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај ...

Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ одржа прес конференција пред Јавното обвинителство. Тој обвини дека скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сеиозен аларм за она што се случува и дека јавниот обвинител требало да биде независен и гарант на правдата. „Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме ...

Турскиот прволигаш Коњаспор испратил официјално барање до Фудбалска федерација на Македонија со цел да му се овозможи на капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, предвремено да го напушти националниот тим и да не настапи на претстојниот натпревар против Република Ирска во Даблин. Причината за ваквото барање е потребата Барди што побрзо да се врати во Турција и да им се приклучи на клупските обврски, односно подготовките за ...

Во Општина Чаир беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело. Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи го институционалниот ангажман за создавање постабилни услови во секторот на образованието. „Образованието останува континуиран приоритет за ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и впечатлива порака. Проданоски истакна дека му претставува особено задоволство што Прилеп продолжува да биде сцена на храбри и модерни уметнички проекти. „Ваквите настани ја потврдуваат живоста на ...

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој. Кокурсот ги има следните специфичи цели: -Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и ...

Еден од најпознатите македонски гитаристи Влатко Стефановски во Сплит ја прими наградата за животно дело „Порин“ која се доделува за исклучителен придонес во музиката. Со признанието организаторите му оддадоа чест за неговата богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и соработки што го обликуваа звукот на регионот. Стефановски наградата ја примил во рамки на неговиот концерт „Акустик најт“ (Acoustic Night) во Хрватскиот дом во ...

Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути. Гостите од Гостивар беа рамноправен ривал во најголемиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и двоцифрена предност (72:61) на седум минути пред крајот. Домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на ривалот и на крајот забележа нова ...

Граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, покажува најновот истражување на јавното мислење на мкд.мк и на агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и на нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март. Владејачката партија е веќе безмалку 2 години на власт, а нејзиниот рејтинг и натаму е висок во споредба со опозицијата. На прашањето во кој лидер на политичка партија ...

Ноќва започнува летното сметање на времето, стрелките на часовникот во 02:00 часот се поместуваат еден час нанапред. Тоа значи дека денот ќе трае 23 часа, а граѓаните ќе „изгубат“ еден час сон. Практиката на менување на времето датира од 1916 година, кога за време на Првата светска војна Германија и Австро-Унгарија први ја вовеле со цел заштеда на енергија. Подоцна, оваа мерка ја прифатиле и други европски земји, а со текот на времето станала ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.38
51%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 23ᴼ
2.68
59%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.85
59%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.49
66%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.58
49%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.28
84%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.79
48%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.02
48%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
65%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
45%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
4.89
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29