На 6 јуни 2026 година во 02:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром избувнал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, кое претходно било управувано од А.И. (28) од Скопје. Од пожарот било зафатено уште едно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита ...

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе откри дека има голема желба на претстојното Светско првенство да се соочи со Кристијано Роналдо и Нејмар, двајца од играчите кои оставија силен белег во светскиот фудбал. Во изјава за медиумите, Мбапе посочи дека би сакал Франција да игра против Португалија и Бразил на Мундијалот, нагласувајќи дека ова најверојатно ќе биде последното Светско првенство за Роналдо и Нејмар. „Сонувам да играм против ...

Во текот на изминатите 24 часа, полициски службеници низ државата привеле 21 лице поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи. Според податоците на МВР, 13 од приведените возачи управувале возило без возачка дозвола, седуммина биле под дејство на алкохол, додека едно лице возело и покрај важечка забрана за управување. Од возачите затекнати без возачка дозвола, петмина се од Скопје, двајца од ...

Емоциите го совладаа српскиот спортски коментатор Ненад Костиќ Коле за време на преносот на кошаркарското дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос, кога се присети на својот долгогодишен колега и пријател Един Авдиќ. Видно потресен, Коле со солзи во очите зборуваше за човекот со кого со години делеше коментаторска кабина и професионални предизвици. Низ неколку емотивни реченици се обиде да ја опише празнината што ја остави смртта на Авдиќ, но во ...

Во Македонија денеска официјално започна со работа првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков тип, кое ќе функционира во рамки на Институтот за јавно здравје. Советувалиштето ќе биде достапно за деца, тинејџери, родители и наставници и ќе нуди стручна поддршка за надминување на различни психолошки и емоционални предизвици. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, истакна дека станува збор за ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговиот оптимизам по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват се темели на разговорите што ги имал со европските лидери, нагласувајќи дека бил единствениот лидер од регионот кој остварил билатерални средби со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој посочи дека Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан претставува значајна можност за напредок на ...

Њујорк Никс стигнаа до нов брејк во драматична завршница и се враќаат во „Медисон Сквер Гарден“ со водство од 2-0 во НБА финалето. Во Сан Антонио славеа со 105-104 по натпревар исполнет со пресврти и неизвесност до последната секунда. Домашниот тим на Мајк Браун влезе во последната четвртина со предност од 12 поени, по силната игра во втората и третата четвртина, но Никс направија голем пресврт во финишот. Сан Антонио накратко поведе со ...

Демократска унија за интеграција вчера во Градскиот парк во Скопје одбележа 24 години од своето основање. На свеченоста присуствуваа голем број членови, симпатизери и поддржувачи на партијата, како и партиски функционери и поранешни носители на високи државни функции. Меѓу присутните беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поранешниот премиер Талат Џафери, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, како и поранешниот министер за ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека во периодот на нивното владеење институциите биле злоупотребувани за лични и партиски интереси. Од владејачката партија посочуваат дека најновите сомнежи се поврзани со поранешниот директор на Царинска управа, Стефан Богоев, за кого тврдат дека примил мито поврзано со тендер за одржување на хигиената на граничните премини и терминали. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводната исплата од ...

Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска во Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, платформа за соработка меѓу прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Од СДСМ информираат дека иницијативата ја покренал претседателот на партијата Венко Филипче, со цел заедничко делување против авторитарни тенденции, зајакнување на борбата против корупцијата и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 3 јуни 2026 година учествуваше на настан на високо ниво организиран од Центарот за европски политички студии – CEPS во Брисел под наслов „Од отпад до ресурс – искористување на суровини од рударски јаловишта во Западен Балкан“, кој беше посветен на можностите за искористување на рударската јаловина како извор на критични минерални суровини во Западен Балкан. Во фокусот на ...

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со цел да се разговара за можен крај на војната меѓу Русија и Украина. Говорејќи на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин упати критики кон Зеленски и порача дека не е најважна возраста на лидерите, туку нивната способност успешно да ја извршуваат својата работа. Претходно, Зеленски испрати отворено писмо до ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на конференцијата со што официјално започна проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е да се зголеми отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија во услови на климатски промени, енергетски кризи и иселување на населението. Поздравни обраќања имаа заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска и амбасадорот на ...

Викендов, на 6 и 7 јуни, во Македонија ќе преовладува променливо облачно и топло време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, при што поизразена нестабилност се најавува за сабота. Во делови од земјата, особено во сабота попладне, атмосферските процеси може да бидат ...

Матурантите денеска го започнуваат полагањето на државната матура, со што официјално стартува завршниот испитен процес за учениците од средните училишта во земјава. Учениците кои завршиле гимназиско образование денеска ќе полагаат еден од избраните екстерни предмети – странски јазик, математика или историја. Вториот екстерен испит, по мајчин јазик и литература, е закажан за 11 јуни. За матурантите од средните стручни училишта денешниот избор ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.696,87 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,67 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни ...

Фудбалска федерација на Македонија денес реагираше на соопштението на Шкендија, по најавите дека клубскиот спонзор може да се повлече доколку не се ревидира казната по инцидентите во финалето на Купот на Македонија. Од ФФМ порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека правилата важат еднакво за сите. „Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ФФМ во намерата да стави крај на дивеењето на трибините. Почитувањето на ...

На 03.06.2026 година околу 10:00 часот во семејна куќа во Скопје, 69-годишна жена при чистење пронашла предмет што наликувал на рачна бомба, по што случајот бил пријавен во полиција. Според информациите од СВР Скопје, жената В.Н. вчера околу 13:30 часот пријавила дека додека средувала шкаф со алат, забележала експлозивна направа, за која подоцна било утврдено дека се работи за рачна бомба со натпис „СРБ“ и „БР“, модел М75 школска. Полицијата ...

Тринаесетгодишно момче од Кичево се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Рудничка“. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Кичево околу 11:15 часот. Според информациите, малолетникот управувал електричен тротинет и удрил во паркиран патнички автомобил „Опел Астра“, сопственост на 47-годишен жител на Кичево. Во несреќата момчето се здобило со ...

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека општината продолжува со инвестиции во нови паркови, зеленило и уредени јавни простори во сите населби на Чаир. Според него, дел од оваа трансформација е и паркот „Ринија“ во населбата Топана, кој доби нов изглед и содржини за граѓаните. „За секоја населба во Чаир создаваме нови паркови, повеќе зеленило и простори со убав изглед. И паркот ‘Ринија’ во Топана ...

Најпознатата светска криптовалута, Bitcoin, денеска забележа значителен пад на вредноста и во еден момент се спушти под границата од 60.000 американски долари. По почетниот пад, цената делумно се стабилизираше и се движеше околу 62.000 долари, што претставува значително намалување во споредба со нејзиниот историски максимум. Ваквиот развој предизвика нова загриженост кај инвеститорите и ја зголеми нестабилноста на криптопазарот. Според ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводни незаконитости и корупција во Царинската управа во периодот кога со институцијата раководел Стефан Богоев. Според Петрушевски, партијата добила информации од свиркачи кои, како што тврди, укажуваат дека поранешниот директор на Царината директно комуницирал со претставник на фирма што добила тендер, при што била договарана сума ...

Како главен град и најголем урбан центар во државата, Скопје секојдневно се соочува со предизвици поврзани со сообраќајниот метеж, зголемениот број возила, потребата од поефикасен јавен превоз и подобра пешачка и велосипедска инфраструктура. Поради тоа, Планот за одржлива урбана мобилност претставува важен чекор кон долгорочно и системско планирање на развојот на градот. Ова го истакна Орце Ѓорѓиевски на работилницата посветена на обука и ...

Општина Општина Бутел започна со поставување систем за видеонадзор на јавните површини на својата територија. Од општината информираат дека оваа мерка се воведува поради зачестеното оштетување на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во изминатиот период. Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа досега повеќепати ги санирала штетите и ги обновувала јавните површини, но уништувањето на урбаната опрема и понатаму ...

Лондонскиот Тотенхем Хотспур официјално го потврди ангажманот на шкотскиот репрезентативец Енди Робертсон, кој пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул. Со тоа завршува деветгодишната ера на левиот бек на „Енфилд“, каде што се етаблираше како еден од најдобрите играчи на својата позиција и освои бројни трофеи. Робертсон е првото засилување за Тотенхем ова лето под водство на новиот менаџер Роберто Де Зерби. Триесет ...

Очигледно продолжува преписката меѓу инволвираните страни по одлуката за казната на ФК Шкендија, која вклучува суспензија од настап во Купот на Македонија за следната сезона и изречена рекордна парична глоба од Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија. По реакциите од клубот и од ФФМ, сега со соопштение се огласија и навивачите на Шкендија. Популарните „Балисти“ упатија јавен повик до главниот спонзор на клубот, ...

Иранските фудбалски репрезентативци сè уште чекаат издавање на американски визи за настап на претстојното Светско првенство 2026, при што нивните пасоши се предадени во Амбасадата на САД во Анкара, Турција. Претседателот на Фудбалска федерација на Иран соопшти дека процесот се одвива во координација со ФИФА, а документите се доставени во американската амбасада во Анкара каде што моментално се наоѓа иранскиот тим. Иран треба да настапи на ...

Денеска во македонската спортска јавност се појавија информации дека еден од најдобрите кошаркари Ненад Димитријевиќ би можел да се пресели во грчкиот Арис, а дел од медиумите пренесуваат дека тој е на чекор до потпис со клубот. Според објави кои се повикуваат на грчки извори на социјалната мрежа X (Твитер), новиот тренер на Арис, Василис Спанулис, наводно го гледа Димитријевиќ како едно од клучните засилувања во проектот за враќање на клубот ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговорите меѓу Русија и САД за изнаоѓање решение за војната во Украина се наоѓаат во ќорсокак и дека во моментов нема напредок во процесот. Во интервју за весникот „Известија“, Лавров оцени дека западните земји со години спроведуваат политика насочена кон ограничување на влијанието на Русија, со цел нејзино ослабување и изолирање на меѓународната сцена. Според него, Западот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека Обединети нации ја избрале Северна Македонија за членка на ЕКОСОК за мандатниот период 2027–2029 година, оценувајќи го тоа како значаен успех за македонската дипломатија и прво вакво членство на државата во едно од главните тела на системот на ОН. Сепак, од опозицискиот СДСМ реагираат дека станува збор за рутинска процедура, а не за историски дипломатски пробив. Од ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75