Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Од Владата на Република Македонија ги отфрлаат како лажни тврдењата на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало во Сплит, Хрватска со владиниот авион. Според Владата, службениот авион, стар околу 20 години, бил користен исклучиво од премиерот и тоа без семејна придружба, само за службени потреби. Во изминатите две години, како што наведуваат, летал вкупно четири пати и тоа за патувања во соседството. Оттаму го ...
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што донесе неколку метри нов снег во последните денови. Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Во текот на изминатите десет години, од лавини во САД гинеле просечно 27 луѓе годишно. ...
Најмалку 37 лица загинаа, а уште 25 се хоспитализирани по труење со јаглерод моноксид во рудник во нигериската сојузна држава Плато. Нигерискиот министер за развој на цврсти минерали, изјави дека станува збор за напуштено наоѓалиште на олово, каде складираните минерали испуштале отровни гасови. Според неговите зборови, локални жители, несвесни за опасноста, влегле во тунелот за да ископуваат руда и при тоа вдишале смртоносен гас. Сите жртвите ...
Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешниот состанок со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља во Кремљ, изјави дека односите меѓу двете земји генерално се развиваат во позитивна насока, како и дека новите американски санкции се неприфатливи. Кубанскиот министер истакна дека Куба е благодарна на руските власти за солидарноста во услови на заострување на енергетската блокада на островот од страна на САД. ...
Главниот преговарач на Русија синоќа во Женева се состанал зад затворени врати со украински официјални претставници по завршувањето на формалните разговори меѓу двете страни кои се одржаа со посредување на САД. Според информациите од руски медиуми состанокот, без присуство на американските посредници, траел околиу два часа. Претходно, официјалните преговори и украинските и руските преговарачи ги опишаа тие разговори како тешки. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...
Политичката криза во Бугарија никако да заврши. Во период од 5 години на 19 април ќе се одржат нови осми по ред предвремени парламентарни избори. Претседателката Илијана Јотова веќе го нзаначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Националната банка, за претседател на привремената влада, задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините ...
Поради улични дефекти на водоводната мрежа, од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците на дел од улицата „Македонско-косовска бригада“, како и објектот на касарната Илинден, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до целосна санација на дефектите. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Поради улични дефекти на водоводната мрежа, од 09:00 часот без вода ќе ...
Околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија во Романија по обилните снежни врнежи и дожд што ја зафатија земјата. Невремето предизвика сериозни проблеми и во сообраќајот – бројни патишта беа блокирани, а десетици возови доцнеа, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесува Ројтерс. Јавниот превоз беше значително отежнат во главниот град Букурешт, кој беше покриен со околу 40 сантиметри снег. Паднати дрвја го прекинаа ...
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го започнаа Рамазанскиот пост, кој трае 29 дена и завршува на 20 март. Во текот на постот, од изгрејсонце до зајдисонце, верниците се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламското учење, Рамазан е месецот во кој првите стихови од Куранот му биле објавени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот е еден од петте столба на исламот и претставува верска обврска за физичко и ...
Во Кисела Вода сообраќајниот хаос е секојдневие, тротоарите најчесто не служат за пешаци, туку за паркирани автомобили. Возилата се оставаат половина на тротоар, половина на улица, со што се блокира и движењето на граѓаните и нормалниот проток на сообраќајот. Мајки со колички, повозрасни лица и ученици се принудени да се симнуваат на коловозот за да поминат. И тоа не е се – таму каде што има слободни тротоари, често не се уредени и со месеци ...
Лизгалиштето „Кале” во Скопје, некогаш храм на зимските спортови, одамна е симбол на институционална негрижа. Таму, каде што се играа натпревари од поранешната југословенска лига, се организираа меѓународни турнири, па дури и Светско првенство, а хокејот беше гордост на градот, со години нема мраз ниту спортски живот. „На натпреварите на Вардар и на Скопје имаше по 7–8 илјади гледачи”, сведочат поранешните хокејари. Во осумдесеттите, Скопје ...
Главниот преговарач на Русија денеска во Женева се состана зад затворени врати со украински официјални претставници по завршувањето на формалните разговори меѓу двете страни кои се одржаа со посредување на САД, пишуваат руските државни медиуми, а пренесува Си-Ен-Ен, кому информацијата му ја потврдила и украинската страна. Според наводите на руската агенција РИА Новости, Медински два часа разговарал зад затворени врати со Украинците во хотелот ...
Јаболката се меѓу најконсумираните и најдостапни овошја, а познатата изрека дека „едно јаболко на ден го држи докторот подалеку“ често се споменува кога станува збор за здравјето. Сепак, секојдневната консумација може да има поизразени ефекти во споредба со повременото јадење. Ова овошје е богато со растителни влакна, антиоксиданти и јаглехидрати кои придонесуваат за општата благосостојба. Посебно значајни се растворливите влакна, како ...
Сообраќајот на автопатот А1 на делницата Скопје – Велес, на околу два километри пред наплатната станица Сопот, од 21 часот се одвива само по десната коловозна лента. Според информациите од АМСМ, причина за изменетиот режим е поголем одрон во должина од околу 80 метри. Надлежните апелираат до возачите да се движат со зголемена внимателност и да ја прилагодат брзината на условите на патот. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Сообраќајот ...
Ватикан нема да се приклучи на иницијативата „Комитет за мир“, основана од претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави кардиналот Пјетро Паролин, највисок дипломатски претставник на Светата столица. Паролин нагласи дека решавањето на глобалните кризни ситуации, што е цел на Комитетот за мир, треба да се одвива под водство на Обединетите нации, пренесува Ројтерс. Според него, Светата столица нема да учествува во Комитетот поради својата ...
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во случајот со запленетата марихуана има приведени лица, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека на две лица им е одреден краткотраен притвор од 48 часа. Станува збор за лица кои претходно биле сослушани во својство на осомничени, а мерката им ја определил судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје. Според прибраните докази, ...
Центарот на Прилеп наскоро ќе добие нов изглед, со почетокот на реконструкцијата на последниот неуреден дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. Проектот кој е вреден 16.356.730 денари е обезбеден преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија, соопштија од Општина Прилеп. Со оваа инвестиција се затвора последното отворено прашање во централното градско јадро и се заокружува изгледот на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата. Во фокусот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, како еден од најзначајните стратешки енергетски проекти во земјата. На средбата беше направен пресек на ...
Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“, постави физички пречки – столпчиња – со цел да се означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“, која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина. Со новите мерки, паркирањето на автомобили што го попречуваа движењето на пешаците е забрането, а улицата е организирана како еднонасочна. Вертикалната и хоризонталната ...
Во Кисела Вода сообраќајниот хаос е секојдневие, тротоарите најчесто не служат за пешаци, туку за паркирани автомобили. Возилата се оставаат половина на тротоар, половина на улица, со што се блокира и движењето на граѓаните и нормалниот проток на сообраќајот. Мајки со колички, повозрасни лица и ученици се принудени да се симнуваат на коловозот за да поминат. И тоа не е се – таму каде што има слободни тротоари, често не се уредени и со месеци ...
Во првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Дејан Митески, Општина Аеродром реализирала низа конкретни проекти и мерки, со посебен фокус на образованието, инфраструктурата, екологијата и поддршката за семејствата. Општинското раководство како свои успеси во отчетот ги споменаа: новата училишна зграда на училиштето „Блаже Конески” во Мичурин, воведувањето системска селекција на пластичен отпад во домаќинствата, активности за ...
Има нешто опасно романтично во враќањето кај бившиот. Познато тело. Познат мирис. Познати реченици, но прашањето не е зошто ни недостигаат. Прашањето е – зошто ни недостига нешто што веќе еднаш нè повредило? Психолозите велат дека мозокот не копнее по личноста. Копнее по познатото чувство. По навиката. По хемијата. По адреналинот на нестабилната динамика. Кога сме со некој долго време, телото создава зависност – буквално. Окситоцин, допамин, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобрил финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. Висината се утврдува според индивидуалните потреби, а износите се движат од 3.000 до 25.000 денари. Мерката ќе продолжи и оваа година, со цел да се помогне на ...
Со месеци се множат објавите за исфрлање – истоварање на кучиња од други градови во Скопје. На ова предупредуваат и од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Активистите бараат веднаш да се активира системот на МВР „Безбеден град” во функција на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје. Тие инсистираат на ригорозно и неселективно казнување на сите што ќе бидат фатени како го преплавуваат главниот град со бездомни кучиња. За ...
ЕУ започна истрага против кинеската онлајн платформа Шиин, која опфаќа потенцијална продажба на нелегални производи, вклучувајќи секс кукли со лик на деца, но и за транспарентноста на алгоритмите што ги употребуваат за привлекување на купувачи. Случајот Шеин се вклопува во пошироката стратегија на Европската Унија за поставување глобални стандарди во регулирањето на дигиталниот пазар. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ЕУ започна ...
Мажот обвинет за убиство поради неговата наводна улога во пукањето во кое во 1996 година беше убиена хип-хоп легендата Тупак Шакур, не успеа да го поништи клучниот доказ во постапката. Двејн „Кефе Ди“ Дејвис тврдеше дека доказите биле набавени преку незаконски ноќен претрес, но судијата го одби барањето на рочиштето во вторникот, пренесува „Ролинг Стоун“. Неговите адвокати во поднесоците наведуваат дека Дејвис е пензиониран дедо и преживеан ...
Британската полицијата секој месец приведува околу 1.000 осомничени педофили, а заканата од сексуална злоупотреба на деца е сè поголема, предупреди Националната агенција за криминал. Според нејзините податоци, пред неколку години биле приведувани од 500 до 800 осомничени педофили месечно. Упатен е апел до родителите, старателите и наставниците да ги научат децата да ги препознаваат знаците на злоупотреба. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
По дождот – сега силниот ветер му се наврте на Скопје. Силните воздушни струи синоќа соборија повеќе дрва во Скопскиот регион и предизвика штети. „На 6 локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили. За состојбата сеизвестени СВР Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности”, информира ЦУК. Од „Паркови и зеленило” ги ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се надева оти САД нема да им поверуваат на гласините дека Иран има нуклеарна бомба, како и дека е отворен за „проверка” за да го докаже тоа. По вчерашните преговори во Женева, иранскиот министер за надворешни работи изјави дека е постигнат напредок и додаде дека Техеран и Вашингтон ќе работат на нацрти кои би можеле да бидат основа за можен договор. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го повтори ...