Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Демократската унија за интеграција (ДУИ) помина низ сериозно внатрешно реструктурирање на првата седница на Претседателството по одржаниот конгрес. На состанокот беа именувани нови претседатели на клучните локални ограноци, а партијата доби и нов портпарол. Арта Биљали Зендели, која е назначена за нов гласноговорник на партијата, ги соопшти имињата на новите претседатели на ограноците: Чаир: д-р Бујар Османи Тетово: Бајрам Реџепи Куманово: ...
Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“. На сцената во Центарот за култура, малите уметници ги оживеаја „Новогодишните желби на Анабел“ – приказна за мало теле што стана ирвас и момче кое повторно го најде својот глас, емотивна порака за добрината, надежта и љубовта. Преку ...
Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна транзиција. На состанокот беше усогласуван Планот за имплементација за 2026 година, кој претставува клучен оперативен документ со конкретно дефинирани активности, надлежни институции, рокови, потребни ...
По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во јакнењето на меѓународните односи, како и значењето на подлабоката меѓуинституционална соработка во насока на заедничките интереси. Според Меџити, посетата на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи информираше дека се спроведени засилени инспекциски надзори на терен по пробивањето на дозволениот праг на загаденост на воздухот. Тој истакна дека Инспекторатот за животна средина веќе изрекол казни за правни лица кои биле идентификувани како загадувачи. Ѓорѓиевски порача дека борбата за почист воздух продолжува уште поинтензивно и дека законот ќе важи подеднакво за сите. ...
Високите дози на витамин Ц би можеле да обезбедат значителна заштита на белите дробови од штетните ефекти на ситните честички во воздухот познати како PM2.5, покажува ново истражување. Овие загадувачи, именувани според нивната микроскопска големина, се поврзуваат со сериозни здравствени проблеми, меѓу кои астма и рак на белите дробови, а резултатите од студијата нудат надеж за едноставно и достапно превентивно решение, пренесува ScienceAlert. ...
Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. -Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, активностите поврзани со ...
Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
На патниот превој Пресека многу автомобилски амортизери пострадаа во минатото. Ептен беше во лоша состојба. Но, сега тој дел од патот Скопје – Охрид целосно и забрзано се реконструира. – Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој претставува главна артерија, не само за поврзување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со ...
Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето. Кандидати за градоначалник на Гостивар ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. ...
Многу загадениот воздух поклопи повеќе делови од Македонија. Алармот вришти со повик за брза и соодветна реакција. Да, сега за многу мерки е доцна, ама сепак можат некои итни дејствија да се преземат. Ќе ги видиме ли тие сет на мерки во реалноста? Засега највидливи се препукувањата меѓу власта и опозицијата за тоа кој е виновен што Скопје, а и други наши градови се меѓу најзагадените во Европа. СДСМ цело време критикува, како последно ја ...
Секојдневниот кардио тренинг може да донесе бројни здравствени придобивки, но експертите предупредуваат дека ефектите се позитивни само доколку се комбинираат со соодветен одмор, правилна исхрана и доволен опоравок, пренесува Health. Кардио-вежбите како трчање, возење велосипед или брзо одење го забрзуваат пулсот и дишењето, а со текот на времето предизвикуваат длабоки промени во организмот. Редовната физичка активност може да го зголеми ...
Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти кои значително ќе ја променат енергетската слика на државата. Министерството за финансии овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“, преку издавање државна гаранција. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од ...
Регионот мора итно да се интегрира во Европската Унија, заклучија денеска претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета. Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес и нагласи дека напредокот на секоја земја позитивно влијае врз регионалната евроинтеграциска динамика. Таа потсети дека, по 20 години ...
Македонија и Турција ја унапредуваат соработката во областа на образованието преку нов договор потпишан од министрите за образование и наука на двете земји, Весна Јаневска и Јусуф Текин. Со договорот е предвидена соработка и размена на информации и научни публикации во сферата на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на размена на академици, образовни експерти, наставници и ученици од средно образование. Посебен акцент е ...
На петтата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), одржана денеска, 22 декември, се дискутираше за состојбите на пазарот на труд, животниот стандард и унапредувањето на социјалниот дијалог, соопштија од Министерство за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, пред членовите на ЕСС го презентираше напредокот во подготовката на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, кој ...
Засилено се работи на автопатот Охрид – Кичево. За тоа посведочи и министерот за транспорт Александар Николовски додавајќи дека се прават посебни огромни т.н. галерии за стабилизација на земјиштето на најтешкиот дел од автопатот каде има многу свлечишта. Тој напиша дека за прв пат во регионот на автопатот се изведуваат сложени инженерски и градежни зафати, со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. „Се работи ...
Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира откако вчера и денеска беа забележани откажувања и пренасочувања на летови поради намалена видливост предизвикана од магла, информира операторот ТАВ Македонија. Во периодот од 20 часот вчера до 12 часот денеска, реализирани се 27 лета, додека вкупно осум лета се откажани – три во пристигнување (Белград, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен) и пет во заминување (Цирих, ...
Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра. -Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на ...
Македонски железници ќе го обновуваат возниот парк. Европската банка за обнова и развој дала зелено светло за одобрување на кредит од 20,9 милиони евра, а предлогот за задолжување веќе е доставен во Собранието. Ќе се набавуваат пет нови електрични локомитиви, а рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од 4 години. Од претпријатието информираа и дека ќе бидат потребни и вагони, затоа што од вкупниот број на товарните ...
ЕУ ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата. Ова го тврдат од опозицискиот СДСМ од каде додаваат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт. Според опозиционерите, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата ...
И покрај тоа што јавноста е крајно огорчена од високата корупција и криминал на носителите на јавни функции, и покрај тоа што постојат бројни и континуирани рецидиви, казнената политика за високата корупција упорно не се заострува – напротив, систематски се разлабавува, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално. По скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 година, со кои над 80 предмети ззастареа, меѓу кои ...
Избрана е Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски. Изборот денеска го направи Советот на јавни обвинители на седница на која Топалова-Исајловска беше единствениот предлог за оваа важна позиција во правосудниот систем на Македонија. Таа ќе биде вршител на должноста се додека не се избере нов државен јавен обвинител, на јавен конкурс, но не подолго од 6 месеци. Анита ...
Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер е меѓу амбасадорите кои ќе бидат отповикани. Освен во Северна Македонија, од Европа отповикани ќе бидат и амбасадорите во Црна Гора, Словачка и Ерменија. Американскиот претседател Доналд Трамп, како што пишува Асошиејтед прес, менува 30 дипломати од амбасадорски и други позиции во амбасадите. Шефовите на мисиите во најмалку 29 држави минатата недела биле известени дека нивните мандати ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во ...
Влажно, повремено врнежливо и студено време ја очекува Македонија во последните денови од 2025 година. Утрниските температури ќе бидат нешто под 0, а дневните нема да го поминат 10-тиот степен. И во Скопје и околината од утревечер, па во наредните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува и ветер од југоисточен правец. При крајот на оваа седмица ќе почне да продира студен бран од Сибир и од Арктикот, а дневните температурите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, додека максималните ќе достигнат од 4 до 12 степени, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе ...
Совет на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе определи вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски. Коцевски поднесе неотповиклива оставка на 17 декември, а Собрание на Република Северна Македонија истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Првично закажаната седница на Советот на 19 декември беше одложена поради отсуство на еден од членовите, со образложение дека ...